Author: Author 04

Еве доказ зошто ВМРО-ОКГ не сака да ги објави резултатите од анкетата што ја правеле, каде се гледа историски пад на ВМРО и веќе тотално непостоење на ЗНАМ, велат од СДСМ. „Што е заедничко за ЗНАМ и ВМРО-ОКГ: Мицко ги излажа своите гласачи за името, Максо ги излажа своите дека се независни и дека ќе бидат коректив на власта. Тие се „тендер коалиција“ – и едните и другите сакаат тендери. Ниту Максо ниту Мицкоски не работат за плата. И едниот и другиот имаат ист газда. Нема политика, само приватен бизнис. Едниот ја издаде партијата, другиот државата. И двајцата удираат врз…

Повеќе

Месната заедница Галичник упати итно предупредување до граѓаните и посетителите дека патниот правец кон селото во моментов е небезбеден за сообраќај. Поради обилните врнежи од снег во текот на изминатата ноќ, патот е тешко прооден и не се препорачува за користење. Екипите на надлежните служби веќе се излезени на терен и работат на расчистување на снежните наноси за да се овозможи нормална комуникација. „Надлежните служби се на терен и се работи на расчистување. Ве замолуваме да не се упатувате кон Галичник сè додека патот целосно не се расчисти и обезбеди за безбедно движење“, стои во официјалното известување од МЗ Галичник.…

Повеќе

Цените на суровата нафта утрово забележаа нагол раст, достигнувајќи ги највисоките нивоа неделава. Меѓународниот стандард „Брент“ се тргува по цена од 109,58 долари за барел, што е значителен скок во однос на вчерашните 103,87 долари. Пазарите реагираат со нервоза по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го продолжи рокот за Иран за отворање на Ормутскиот теснец за уште 10 дена. Иако Трамп тврди дека преговорите одат добро, трговците стравуваат дека ова одложување всушност значи долготрајна блокада на клучната нафтена рута. Дополнителен притисок врз цената извршија и информациите на „Волстрит џурнал“: „Пентагон размислува за испраќање на дополнителни 10.000 војници на…

Повеќе

Ноќта меѓу сабота и недела, Македонија преминува на летно сметање на времето. Стрелките на часовникот точно во 2 часот по полноќ ќе се поместат еден час напред, со што наместо 2, ќе се смета дека е 3 часот. Оваа промена значи дека ќе спиеме еден час помалку, но од недела деновите ќе бидат подолги и ќе имаме повеќе дневна светлина во попладневните часови. Летното сметање на времето годинава ќе трае до 25 октомври. Промената е во согласност со законските регулативи и европските директиви: „Одлуката за воведување на летното сметање на времето е во согласност со Законот за сметање на времето…

Повеќе

Силен циклон проследен со студен бран донесе екстремно лоши временски услови во регионот, каде веќе втор ден на сила е највисокото ниво на предупредување. Невремето предизвика сериозни проблеми во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора, каде обилните врнежи од дожд и снег го парализираа сообраќајот. Во внатрешноста на Хрватска, особено во Загреб, силните ветрови соборија дрвја кои предизвикаа големи материјални штети, додека во планинските подрачја наврнаа над 30 сантиметри нов снег. Ситуацијата е критична и во соседството: „Снег падна и на север од Црна Гора, а многу градови останаа без електрична енергија. Посебен проблем е што снегот е…

Повеќе

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска преку социјалните мрежи упати честитка по повод шестгодишнината од членството на Македонија во НАТО Алијансата. Тој истакна дека влезот во најмоќниот воено-политички сојуз на 27 март 2020 година претставува историски момент и исполнување на клучниот национален интерес. Според Филипче, токму одговорните политики на претходната власт предводена од СДСМ овозможиле брза пристапна постапка. „Со одговорни и државнички политики, СДСМ ја внесе Македонија во НАТО, преку една од најбрзите пристапни постапки во историјата на Алијансата. Со тоа обезбедивме трајна безбедност, стабилност и сигурност за државата и за сите наши граѓани“, истакна Филипче во својата објава. Тој…

Повеќе

ВМРО-ДПМНЕ како носител на власта останува посветена на борбата против криминалот и корупцијата и токму во тој правец прави се што треба за независност на институциите, кои со целосен кредибилитет ќе ги спроведат постапките до крај, нешто што може да се види и од изборот на новиот јавен обвинител, што претставува една од најдемократските чекори до сега во државата, посочува Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој во своето гостување на „Клик плус“ во телевизија Тв21, истакна дека на позицијата државен јавен обвинител избран е човек со чисто и професионално досие, со кредибилитет, почитуван од колегите и фелата. „Изборот на Ненад Савески…

Повеќе

По разгледување на сите пристигнати апликации и по навистина тешка одлука, Советот на Месната заедница Галичник со голема чест и задоволство ве информира дека за зет и невеста на Галичката свадба 2026 се избрани Александар Пендароски и Мартина Михајлова, информираат од Месната заедница Галичник. „Годинава интересот беше исклучително голем, со повеќе квалитетни и искрени пријави, што ја направи одлуката особено предизвикувачка. Она што особено се истакна во нивната апликација е нивната длабока и искрена поврзаност со Галичник – како место кое не го доживуваат само како традиција, туку како дом, спомен и животна припадност. Дополнителна симболика и тежина на нивниот…

Повеќе

Советот на јавните обвинители денеска ќе ја одржи својата 40-та седница, на која се очекуваат клучни кадровски одлуки во правосудниот систем. Главна точка на дневниот ред е изборот на виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство – Скопје. Покрај оваа позиција, членовите на Советот треба да донесат одлука и за пополнување на местата во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). „На дневен ред е и донесување одлука за избор на јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје“, стои во најавата за седницата. Оваа седница првично беше закажана…

Повеќе

Венко Филипче очајно се обидува да ја зачува својата фотелја во СДС, тоа е причината што целосно ја става СДС во функција на туѓи интереси и ја претвора во обична прокси структура под диригентската палка на Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Заев ја има клучната улога за селекција и поставување партиски функционири во СДС, сега преку Филипче, Заев директно го постави за шеф на ПР комуникациите Башановиќ заедно со неговиот соработник Шчекиќ. Башановиќ и Шчекиќ ја контролираат ПР стратегијата и јавните настапи на Филипче. Венко Филипче не покажа капацитет за лидерство напротив јавноста може да виде само политичка сервилност, Филипче…

Повеќе