- Млад Арачиновец со товарно возило удрил во возило на МВР
- Клековски најави формирање комисија за случајот со Ива Михајлова, во ревизијата ќе бидат вклучени и експерти од странство
- Нетанјаху остана без поддршката од старите сојузници: Се отвора патот на Ајзенкот до премиерскиот мандат
- Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори
- Сали во германскиот Бундестаг: Постепената интеграција треба да донесе конкретни придобивки за граѓаните и пред членството во ЕУ
- Мицкоски утре ќе го добие извештајот на ЕК за Македонија
- Ѓорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје – 6.000 до крајот на сезоната
- Си-би-ес: Доналд Трамп размислува за смена на министерот за одбрана
Author: Author 04
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81% во однос на претходната пресметка. Одлуката стапува на сила од ноќеска на полноќ (11 август 2026 година од 00:01 часот), а новите максимални цени на горивата ќе изнесуваат: Според новата одлука, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 4,00 денари по литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 8,00 денари по литар, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинува за 6,00 денари по…
Опозициската СДСМ и нејзиниот лидер Венко Филипче се обидуваат да дојдат до политички поени преку глумење жртви во врска со настаните во Ново Село, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. Според ВМРО-ДПМНЕ, лицата инволвирани во инцидентот биле испратени директно со цел да предизвикаат провокација на местото каде што присуствувал претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Од владејачката партија тврдат дека станува збор за лица со претходни кривични досиеја кои веќе имаат условни затворски казни. „Тие се искусни насилници и тепачи, а доказот е тоа што и двајцата се условно осудени на година и пол затвор, затоа што крвнички тепаа туристи…
Четириесет и еден предлог проект содржи Првата конечна приоритетна листа на предлог проекти за јавни инвестиции, што на предлог на Министерството за финансии и Комитетот за јавни инвестиции ја усвои Владата. Листата ги содржи предлог проектните идеи подготвени и проверени од страна на иницијаторот, односно институцијата којашто го има доставено, а потоа оценети од страна на Министерството за финансии и одобрени од Комитетот за јавни инвестиции. Министерството за финансии по донесување на Уредбата за управување со јавни инвестиции започна со прибирање предлог-проектни идеи со средна и голема вредност, односно над 5 милиони евра, на коишто Министерството за финансии изврши детална проверка од…
Опозициската СДСМ денеска поднесе кривична пријава против функционери во здравствените институции поради, како што наведуваат, системски пропусти и непостапување во врска со загадената вода во Гостивар. Ова на прес-конференција го соопшти Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на партијата. Кривичната пријава е поднесена против министерот за здравство Сашко Клековски, директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Кирил Лазов и директорот на Центарот за јавно здравје Тетово, Шпенди Амети. Во продолжение е целосната изјава од прес-конференцијата на СДСМ: „Помина повеќе од еден месец, цел град Гостивар беше отруен со загадена вода. Речиси 5.000…
Православната црква и верниците во петок на 14 август го одбележуваат споменот на Светите седум маченици Макавејски, нивната мајка Соломонија и нивниот учител, свештеникот Елеазар. Сите тие пострадаа за зачувување на својата вера во времето на сирискиот цар Антиох. Во тој период, царот Антиох сакал по секоја цена да им го наметне елинското идолопоклонство на Евреите, а во тоа бил поддржан и од дел од тогашните ерусалимски старешини. Доаѓајќи во Ерусалим, царот наредил сите да јадат свинско месо, што било спротивно на Мојсеевиот закон и претставувало отворено одрекување од верата. Старецот Елеазар, кој бил свештеник и еден од преведувачите на…
Вчера во 12:20 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.И.(18) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава дека со употреба на физичка сила од 70-годишна скопјанка одзел личен накит. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ЕВР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе пријава по итна постапка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка кражба на дрзок начин по член 236 став 3 од Кривичниот законик.
По претходно добиени сознанија и преземени мерки, на 08.08.2026 околу 22:00 часот на Штипски сокак, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги затекнаа лицата М.Б. и М.Џ.У.(24) од Турција, со привремен престој во Штип, при продажба на марихуана на Ф.Р.(23) од Штип. Притоа, од слобода е лишен Ф.Р. и кај него е пронајдена марихана. Додека, М.Б. и М.Џ.У. побегнале, но набргу М.Џ.У. е фатен и лишен од слобода и кај него се пронајдени марихуана и нож. За настанот биле запознаени јавен обвинител и судија на претходна постапка, по што полициски службеници отишле…
Времето утре сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Од УХМР најавуваат дека во среда ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Во четврток и петок наместа ќе има нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Повремено процесите ќе бидат во форма на невреме, а тремпературата ќе опадне за неколку степени.
На СДС сега им смета и македонското сонце и уметничката инсталација, каде знамето од повеќекрако сонце се претопува во македонското знаме со осум краци, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Талогот на општеството од СДС, партијата којашто два пати го менуваше знамето, еднаш името, еднаш банкнотите, Уставот, е последна која може да говори за понижување на државата. Партијата чии лидери ја бришат историјата за станови во Дубаи, фирми во Бугарија, јахти во Грција, нема кредибилитет да говори за понижување. Партијата која го избриша АСНОМ од Уставот, која вели дека Македонија постои од 1944 година, која вели дека сме биле Бугари пред…
На официјална државна прослава за 35 години од независноста, платена со огромни суми пари од граѓаните, власта на Мицкоски го утна македонското знаме. Срамно и понижувачки, се наведува во соопштението од СДСМ. „Милиони евра народни пари троши владата на Мицкоски а не успеа ниту македонското знаме да го направи како што треба. Тендер патриотите го покажаа своето лице. Повторно. Го погрешија македонското знаме. Тие знаат само за тендери, проценти, провизии, кога е државноста во прашањето, македонските национални симболи, тогаш појма немаат. За тендери и провизии од милионски бизниси – тие се експерти. За македонско знаме – аматери. Неспособни се македонското…
