Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Во петок се празнуваат Светите маченици Макавејски

    Во петок се празнуваат Светите маченици Макавејски

    10.08.2026 во 12:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Православната црква и верниците во петок на 14 август го одбележуваат споменот на Светите седум маченици Макавејски, нивната мајка Соломонија и нивниот учител, свештеникот Елеазар. Сите тие пострадаа за зачувување на својата вера во времето на сирискиот цар Антиох.

    Во тој период, царот Антиох сакал по секоја цена да им го наметне елинското идолопоклонство на Евреите, а во тоа бил поддржан и од дел од тогашните ерусалимски старешини. Доаѓајќи во Ерусалим, царот наредил сите да јадат свинско месо, што било спротивно на Мојсеевиот закон и претставувало отворено одрекување од верата.

    Старецот Елеазар, кој бил свештеник и еден од преведувачите на Стариот Завет на грчки јазик, одбил да ја изврши наредбата, по што бил подложен на мачења и изгорен.

    По ова, царот ги одвел во Антиохија седумте браќа Макавеи: Авим, Антонин, Елеазар, Гуриј, Евсевон, Алим и Маркел, заедно со нивната мајка Соломонија. Браќата биле свирепо мачени и фрлани во оган еден по еден пред очите на нивната мајка, но ниту еден од нив не се одрекол од верата. На крајот, и нивната мајка Соломонија скокнала во огнот.

    Сите тие чесно пострадале за верата околу 180 година пред Христа.

    Црквата го прославува нивниот спомен и преку соодветните црковни химни.

    Тропар: „Господи Боже наш, Ти Кој поглед од човека не свртуваш, смилувај се на нас кои на Тебе забораваме, еве во труд срцата Ти ги принесуваме, и како што се надеваа браќата Макавејски, телата свои за Тебе положувајќи ги, од Тебе да ги добијат во Царството на славата, дозволи да ја имаме радоста на нивната мајка, која породот на срцето го принесе, и со неа озарени, Тебе вавек да Те прославуваме.“

    Кондак: „Седмочислени столбови на премудроста Божја, и седмосвешни светилници на божествената светлина, Макавеи семудри, пред мачениците преголеми маченици, заедно со нив сите на Бога молете се, да се спасат оние што ве почитуваат.“

    Прочитај повеќе

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.