Close Menu
Press24
    Најново

    Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“

    28.10.2026 во 18:11

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Фрчкоски: Поднесовме кривична пријава за загрозување на здравјето на 5.000 граѓани во Гостивар

    Фрчкоски: Поднесовме кривична пријава за загрозување на здравјето на 5.000 граѓани во Гостивар

    10.08.2026 во 12:273 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Опозициската СДСМ денеска поднесе кривична пријава против функционери во здравствените институции поради, како што наведуваат, системски пропусти и непостапување во врска со загадената вода во Гостивар. Ова на прес-конференција го соопшти Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на партијата.

    Кривичната пријава е поднесена против министерот за здравство Сашко Клековски, директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Кирил Лазов и директорот на Центарот за јавно здравје Тетово, Шпенди Амети.

    Во продолжение е целосната изјава од прес-конференцијата на СДСМ:

    „Помина повеќе од еден месец, цел град Гостивар беше отруен со загадена вода. Речиси 5.000 граѓани завршија во болница. Здравствена катастрофа и тотален распад на институциите.

    Одговорност од власта, од здравствените институции досега нема. Од никого. А нема ниту чиста вода во Гостивар. Четири недели власта на Мицкоски си поигрува со најскапото нешто – здравјето на луѓето.

    Јавното обвинителство молчи, ги игнорира повиците да преземе конкретни чекори. Ние тоа нема да го дозволиме. Нема да дозволиме ова да се заташка.

    Одговорните за здравствената катастрофа, за труењето на цел еден град и загрозување на здравјето на 5.000 луѓе мора да сносат одговорност, политичка и кривична. Не може да се сведе одговорноста само на локално ниво, сите инволвирани мора да одговараат.

    СДСМ денеска поднесе Кривична пријава за сите системски пропусти, непостапувања, непреземања на законските надлежности од страна на здравствените и инспекциските институции.

    Кривичната пријавата е против: -Сашко Клековски – Министер за здравство во Владата на Мицкоски. -Марија Андоновска – Директорка на Институтот за јавно здравје. -Кирил Лазов – Директор на Државен санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). -Шпенди Амети, Директор на Центар за јавно здравје (ЦЈЗ) – Тетово.

    Основани се сомненијата дека во периодот од јуни 2026 година па се до денес, во својство на службени или одговорни лица во институциите со кои раководат, не презеле дејствија и мерки за заштита на здравјето и спречување на последиците од загадувањето на водата во Гостивар.

    Не се придржувале кон прописите за заштита на луѓето и животната средина и луѓето. Се задоцнило со реакциите, 22 дена граѓаните на Гостивар пиеле отровна вода со фекалии, дури Центарот за јавно здравје соопштил дека водата е исправна за пиење.

    Иако по 200 граѓани дневно се пријавувале со здравствени тегоби 5 дена никој не презел ништо, да ја утврди причината, да реагира. Се задоцни и со прогласување на епидемијата.

    Се криеја информации за водата од граѓаните, никогаш не беше објавена анализа или извештај. Сите овие непостапувања доведоа до сериозни и тешки последици за здравјето на граѓаните на Гостивар.

    Со ова пријавените сториле неколку кривични дела кои се гонат по службена должност. Нема поголем скандал, ниту поголема неодговорност од вакво поигрување со животот на граѓаните.

    Го повикуваме Јавното обвинителство да постапи, да ги преземе сите дејства за утврдување на фактите и доказите за наведените во оваа кривична пријава. Одговорност мора да има“, рече Фрчкоски.

    Прочитај повеќе

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.