Author: Author 04

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска ја потврди информацијата која претходно ја брануваше јавноста – во македонското јавно здравство постои случај каде еден доктор за само еден месец заработил вртоглави 700.000 денари (над 11.000 евра). Иако министерот не го откри идентитетот на лекарот ниту институцијата, тој нагласи дека се работи за системски аномалии кои мора да сопрат. Алиу најави дека е можно да има и кривична одговорност за ваквите исплати кои се коси со секоја логика. „И Министерството и Владата ги знаат институциите. Не би смеел да кажам детали на прес-конференција за да не загрозам системски процедури, но нашата работа…

Повеќе

На 26.03.2026 околу 21:40 часот во СВР Скопје, 23-годишен маж пријави дека околу 19:30 часот во дворот од семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од неговиот татко С.М., неговиот чичко Б.М. и неговите братучеди С.М. и Ф.М., кои употребиле и тврди предмети. На 26.03.2026 во 12:15 часот во тетовско село, полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане го лишиле од слобода Ш.Б.(31), постапувајќи по претходна пријава дека околу 11:45 часот физички ја нападнал неговата 54-годишна мајка и нејзиниот сопруг, кој се обидел да ја заштити, при што им се заканил и со остар предмет. На 26.03.2026 во…

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против правно лице од село во општина Македонски Брод и Б.Б.(21) од Кичево, управител на правното лице поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „кражба“, против Б.Б.(45) од с.Пласница поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „вршење јавен превоз без поседување лиценца“ и „употреба на исправа со невистините содржини“ и протв Г.П.(50) од Кичево, вработен во ЈП „Национални шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во текот на 2024 и 2025 година, првопријавениот склучил купопродажни договори за огревно дрво…

Повеќе

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска се обрати на свеченото отворање на новата 100/35 kV трафостаница „Централна“ во Скопје – инвестиција на ЕВН, на настан на кој, покрај раководството на компанијата, присуствуваа и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заменик-претседателот на Владата, Александар Николоски, како и претставници од енергетскиот сектор, институции и компании.Во своето обраќање, министерката ја истакна улогата на стратешките инвестиции во јакнењето на стабилноста и сигурноста на енергетскиот систем, потенцирајќи дека ваквите проекти се од суштинско значење за одржливиот развој на државата.„ Скопје се развива динамично, а со тоа расте и потребата од модерна, отпорна…

Повеќе

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи и со двајца се извршени службени разговори за безобѕирно управување возило. Од нив 10 управувале возило без возачка дозвола, еден управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана и еден управувал возило под дејство на алкохол. По две лица во Битола, Скопје и Свети Николе возеле без возачка дозвола, по еден во Тетово, Кичево, Дебар и еден во Крива Паланка. Возачот во Крива Паланка при лишувањето физички нападнал полициски службеник, кој извршувал службени дејствија. Едно лице од Дебар управувал возило и покрај…

Повеќе

Денеска полициски службеници од СВР Скопје извршија претреси на неколку локации во с.Арнакија, с.Буковиќ и с.Сарај, скопско. При претрес во домот на Х.А. (37) во с.Арнакија пронајдени се марихуана, дигитална вага, 18 семки од канабис и други предмети. Од слобода се лишени Х.А. и Г.С., а по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Повеќе

Мобилен царински тим при Одделението за оперативни работи откри 580 парчиња куршуми при контрола на автобус на „Дурмо Турс“ од Гостивар, која беше спроведена на влез во државата на граничен премин Табановце. Муницијата е трајно одземена, а задржан е и автобусот каде е откриена муницијата. Досега против двајца осомничени кои беа лишени од слобода, Одделението за истраги поднесе кривична пријава до ОЈО Куманово, а истрагата е проширена и кон други лица. Делото е откриено на 26ти месецов кога мобилен царински тим поради сомневање го застанал автобусот на Дурмо Турс кој сообраќал на релација Италија – Македонија на контрола. Притоа мобилните…

Повеќе

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски оствари работна средба со проектантите на БРТ (Bus Rapid Transit) системот, на која детално беа презентирани решенијата, намената и техничките аспекти на проектот. На средбата се разговараше за трасите, начинот на функционирање, како и за придобивките што овој систем ќе ги донесе за градот и граѓаните. По средбата, градоначалникот најави воведување на брз, модерен и целосно еколошки автобуски превоз, кој ќе претставува значаен исчекор кон унапредување на јавниот транспорт во Скопје. БРТ системот е замислен како „метро на тркала“, со посебни сообраќајни ленти, приоритет на раскрсници и висока фреквенција на возила, што ќе овозможи…

Повеќе

Вчера во 15:30 часот во СВР Скопје, Ф.Р.(45) од Скопје пријави дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, кај Институтот за трансфузиона медицина, каде е вработена, А.И., кој се лекувал во установата, во два наврати се обидел да ја прегази со неговото возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.    

Повеќе

Вчера во 09:45 часот во СВР Куманово е пријавено дека на пат пред средно училиште во Долно Којнаре, кумановско, автобус „ман“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(61) од с.Алгуња, општина Старо Нагоричане, со кој се превезувале ученици, движејќи се наназад удрил во 16-годишна ученичка во училиштето од с.Старо Нагоричане. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила ученичката, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.  

Повеќе