Author: Author 04

ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 23 до 29 март со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 103 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат од јавното претпријатие. За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа, како што велат оттаму, ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Повеќе

Компанијата осма година по ред објавува повик за доделување стипендии за постдипломски студии за академската 2026/2027 година. Во овој нов повик, зголемен е бројот на академските области за аплицирање, а дополнет е и со можноста за делумно покривање на трошоците за живот во согласност со однапред утврдени критериуми. ОКТА АД – Скопје продолжува со својата долгорочна посветеност за поддршка на образованието и развојот на млади професионалци. Во рамки на Програмата за стипендии на ОКТА АД – Скопје, членка на Групацијата HELLENiQ ENERGY, и оваа година ќе бидат доделени две стипендии за редовни постдипломски студии, со максимално времетраење од две години.…

Повеќе

Цените на нафтата на светските берзи незапирливо растат, достигнувајќи нивоа кои не се видени со децении. Фјучерсите за суровата нафта „Брент“ утрово скокнаа на вртоглави 115 долари за барел, бележејќи месечен раст од неверојатни 59% – скок кој го надмина и оној за време на Заливската војна во 1990 година. Причината за овој енергетски земјотрес е проширувањето на војната на Блискиот Исток и вклучувањето на јеменските Хути во директни напади врз Израел. „Пазарот веќе не верува во мирен крај на војната. Се подготвуваме за остра ескалација, што е јасен сигнал за натамошен раст на цените. Неизвесноста е огромна“, вели Вандана…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска престојува во важна политичко-економска посета на Унгарија, каде во центарот на вниманието е тет-а-тет средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан. На маса ќе бидат ставени клучни регионални и европски прашања, како и унапредувањето на билатералните односи меѓи двете земји. Оваа посета доаѓа во време кога Македонија и Унгарија ја интензивираат својата соработка на повеќе нивоа, а Мицкоски е придружуван од висок владин тим. „Тема на разговор ќе бидат актуелните предизвици во регионот, но и конкретната поддршка што Унгарија ја дава за европскиот пат на Македонија. Целта е продлабочување на партнерството кое е од стратешко значење за…

Повеќе

Денеска полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода И.Р.(27) од Росоман. Во СВР Велес тој сам пријавил дека утрово околу 07:30 часот во семејниот дом со употреба на остар предмет и нанел убодни рани на неговата 54-годишна мајка, која од здобиените повреди починала. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци. Увид на местото вршат јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Повеќе

Овен Со преминот на Венера во Бик, вашиот фокус се префрла на материјалната сигурност. Следните недели се идеални за ревизија на финансиите и носење одлуки кои ќе ви донесат долгорочна стабилност. Во љубовта, престанувате со игри и барате само чиста искреност и меѓусебна доверба. Бик Ова е вашиот период! Венера влегува во вашиот знак и го максимизира вашиот природен шарм. Ќе зрачите со топлина и стабилност, што ќе ги привлекува луѓето кон вас. Искористете го ова време да се разгалите, да го освежите изгледот и да си ги исполните личните желби кои долго ги одложувавте. Близнаци За вас доаѓа време…

Повеќе

Додека едни чистат, други уништуваат. Непознати сторители во текот на изминатиов викенд опожариле четири контејнери во општина Кисела Вода. Садовите за отпад лоцирани на улицата „Невена Георгиева-Дуња“ се целосно уништени и веќе не се употребливи. Од ЈП Комунална хигиена веднаш реагирале и ги замениле со нови садови за да не се наруши собирањето на сметот, но бројките за вандализмот се поразителни. Викендов 4 уништени контејнери во Кисела Вода. Од почетокот на 2026 опожарени се 11 садови. Минатата година биле запалени вкупно 27 контејнери. Ваквото неодговорно однесување на поединци не само што предизвикува директна финансиска штета на претпријатието, туку и ја…

Повеќе

Граѓаните со нетрпение ја очекуваат денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, откако премиерот Христијан Мицкоски најави дека се создадени услови за пад на цените на бензините. Според неговите пресметки, од полноќ се очекува цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98 да се намали за два денари по литар. Ова олеснување за буџетот на возачите доаѓа како директен резултат на мерката за намалување на ДДВ-то за горива од 18 на 10 отсто, која Владата ја донесе пред извесен период. „Многу внимателно ја следиме состојбата на светските берзи. Врз основа на нашите пресметки очекуваме во понеделник за околу два денари намалување на…

Повеќе

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви; велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Членот на новиот ЦО на СДС и Филипче, Стојан Коциров кој воедно е и поранешен претседател на младите во Струмица на СДС, е нов директор на струмичката фирма. Станува збор за фирма која до пред само некоја година лично Вице Заев управувал со неа. Истата фирма, била и добитник на голем број тендери во Струмица кога Заев бил градоначалник, но и низ цела Македонија, кога Заев бил премиер. Сара…

Повеќе

Крвава семејна трагедија го потресе Росоман откако според првичните информации, син ја убил својата мајка. Стравичниот настан за МИА го потврдија од Итната медицинска помош во Кавадарци, чија екипа веднаш излегла на местото на повикот, но можела само да констатира смрт. „Нашата екипа констатираше фатален убод со нож во пределот на вратот. Од тежината на повредата, жената починала на самото место“, изјави за МИА доктор Ратко Грков од Итната помош Кавадарци. Засега нема повеќе информации за случајот.

Повеќе