Author: Author 04

Нови морничави сведоштва за пеколот низ кој поминале починатата Ивана и нејзината ќерка Катја беа изнесени денеска во Основниот кривичен суд Скопје. Мајката на Ивана, Љубица Стојановска, откри дека обвинетиот Стојанче Јовановски не престанал со насилството дури ни кога неговата сопруга била хоспитализирана на Хирургија со внатрешни крварења предизвикани од удари. Според сведочењето, Стојанче ја нападнал Ивана пред лифтовите на Клиниката, обидувајќи се да ѝ ги одземе телефоните, по што ја турнал по скалите пред очите на малата Катја. „Додека Ивана била во болница, Катја им кажала на медицинските сестри дека претходниот ден јадела само ѓевречиња, бидејќи татко ѝ ја…

Повеќе

Со Меморандумот се уредува начинот на меѓусебна соработка помеѓу институциите, со акцент на поефикасно спроведување на законските надлежности согласно Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење, како и реализација на заеднички проекти од јавен интерес. Во рамки на оваа соработка, за првпат е предвидена изградба на полициска станица во Општина Илинден, како и изградба на нов објект на полициска станица во Општина Кисела Вода, што ќе придонесе за зголемено полициско присуство, побрза реакција и повисоко ниво на безбедност за граѓаните. Соработката ќе се реализира преку заеднички проектни активности за изградба на нови објекти предвидени во урбанистичките планови, како и…

Повеќе

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) ја информира јавноста дека поради актуелните случувања на светските берзи на цени на нафта и нафтени деривати, а со цел амортизација на влијанието на домашниот пазар и заштита на потрошувачите и обезбедување на сигурност во снабдувањето со нафта и нафтени деривати во земјата донесе Одлука со која го намали износот на трошокот за работење преку склад и истиот наместо досегашните 1,70 денари/литар, сега ќе изнесува 1,20 денари/литар. Имајќи ја во предвид оваа одлука, РКЕ донесе Одлука со која се врши намалување на…

Повеќе

Пратеникот Зијадин Села денеска упати сериозни обвинувања до Владата, тврдејќи дека се подготвува опасна девијација на стратешкиот Коридор 8. Според Села, најавите дека делницата Требеништа–Ќафасан нема да се гради според првичниот план се само изговор, со кој директно се поткопуваат геостратешките интереси на НАТО и економското поврзување на Јадранското со Црното Море. Села смета дека власта свесно го саботира проектот кој е од витално значење за државата како полноправна членка на Алијансата. „Слушнавме од премиерот дека коридорот нема да се гради поради наводни проблеми со УНЕСКО. Ова не е реална пречка, туку продолжување на политиките од времето на Груевски за…

Повеќе

Во рамките на месецот посветен на водите, ЈКП „Водовод“ Битола денеска организираше несекојдневно искуство за учениците. Преку практична и едукативна презентација, младите битолчани одблиску се запознаа со долгиот и комплексен пат кој водата го поминува пред да стигне до нивните домови. Учениците имаа ретка можност да го видат целиот процес на водоснабдување – од зафатот на сировата вода, па сè до нејзината крајна дистрибуција низ градската мрежа. „Нашата цел е да создадеме генерации кои ќе знаат да го ценат секој капка вода. Со едукација за процесот на прочистување и анализите на квалитетот, децата директно учат зошто водата е непроценливо богатство…

Повеќе

Вчера во 19:30 часот на автопатот Скопје-Велес, кај наплатна станица „Сопот“, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиja од слобода Ј.Н.(40) од Гостивар, затоа што на автопатот управувал патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки во спротивна насока на автопатот. По насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Вчера во 02:20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ја пронашле М.Ј.(16) од Скопје во стан на лицето Р.Ш.(19) во Гостивар. Таа претходно беше пријавена дека се оддалечила од домот во Скопје, а по пронаоѓањето е предадена на нејзината мајка, додека Р.Ш. е лишен од слобода за понатамошна постапка, информираа од полицијата за случајот. 

Повеќе

„Народната банка и во иднина ќе биде целосно посветена на одржувањето на ценовната и финансиската стабилност, со јасна подготвеност за справување со сите предизвици што произлегуваат од надворешните ризици“, истакна гувернерот д-р Трајко Славески во интервју за емисијата „Трилинг“. Тој посочи дека институцијата внимателно ги следи економските движења, особено во услови на зголемена светска неизвесност и засилени ризици од надворешното окружување. Како главен предизвик го издвои неизвесното геополитичко опкружување и неговото потенцијално влијание врз економијата. Енергетските шокови веќе се одразуваат врз цените, особено кај нафтените деривати, со постепено прелевање и во останатите сектори, што создава ризици за инфлацијата. Во вакви…

Повеќе

Министерството за животна средина и просторно планирање и Синдикалната организација на Министерството денеска направија значаен исчекор кон унапредување на работничките права на вработените, со потпишување на првиот колективен договор од ваков вид. Со договорот се предвидува постепено зголемување на платите на работниците во министерството, по 7 отсто почнувајќи од март 2026 година, со дополнителни зголемувања во 2027 и 2028 година. Ова е јасен сигнал дека трудот и посветеноста на равотниците се препознаваат и вреднуваат. Истовремено, се обезбедува и унапредување на условите за сите вработени, преку усогласување на платите за останатите категории согласно законските прописи, но и преку воведување на низа…

Повеќе

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека, по дадена насока до директорот на ЈП „Градски паркинг“, во Реонскиот центар на општина Аеродром каде се воведува зоната D12, продолжува да важи постојното правило според кое сите резиденти, физички и правни лица ќе можат да паркираат на сите зони на територијата на општината без надоместок. Одлуката е донесена како одговор на барањата и реакциите на граѓаните. Паралелно, во тек е подготовка за воведување нова зона за паркирање во Ново Лисиче, со што ќе се обезбедат вкупно 2719 нови паркинг места. Дополнително од Град Скопје информираа дека од 1 април 2026 година ќе биде…

Повеќе