Close Menu
Press24
    Најново

    Раст на бројот на гласачи во Брвеница до 9 часот споредено со првиот круг

    01.11.2026 во 10:27

    Втор круг од предвремените локални избори во Брвеница

    01.11.2026 во 10:20

    Ќе врне цел ден, на места и пообилно

    01.11.2026 во 10:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Раст на бројот на гласачи во Брвеница до 9 часот споредено со првиот круг
    • Втор круг од предвремените локални избори во Брвеница
    • Ќе врне цел ден, на места и пообилно
    • Почина легендарниот Мишо Ковач
    • Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички
    • Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница
    • Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани
    • Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Раст на бројот на гласачи во Брвеница до 9 часот споредено со првиот круг

    Раст на бројот на гласачи во Брвеница до 9 часот споредено со првиот круг

    01.11.2026 во 10:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    646 гласачи односно 3,98% од граѓаните со право на глас го искористиле своето право до 9 часот во вториот круг од предвремените локални избори во Брвеница.

    Како што инфомираше Државната изборна комисија (ДИК), одзивот на гласачите е зголемен за 1,52 процентни поени во споредба со првиот круг од изборите, одржан на 18 октомври, кога до 9 часот гласале 400 граѓани, односно 2,46 проценти од запишаните избирачи.

    Најголема излезност до 9 часот е регистрирана на избирачкото место 2037, каде што гласале 8,7 проценти од избирачите, додека најмала излезност има на избирачкото место 2048, со 1,25 проценти.

    Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска-Алексовска  информираше дека гласањето започнало во 7 часот и дека сите избирачки места биле навремено отворени. Засега, како што посочи, изборниот процес се одвива во мирна атмосфера.

    На предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, граѓаните избираат меѓу двајца кандидати, а право на глас имаат вкупно 16.256 избирачи, кои гласаат на 24 избирачки места.

    Од ДИК потсетуваат дека за граѓаните и во вториот круг е достапна бесплатната телефонска линија 0800 555 44, на која можат да добијат информации за прашања поврзани со остварувањето на избирачкото право.

    За лицата со оштетен слух, пак, достапен е телефонскиот број 076 488 360, на кој преку видеоповик можат да добијат информации на знаковен јазик.

    Од Комисијата најавија дека јавноста редовно ќе биде информирана за текот на гласањето и излезноста преку прес-конференции и соопштенија. Следната прес-конференција е најавена за 11:30 часот во Брвеница, во општинската зграда каде што е сместена и Општинската изборна комисија. 

    Прочитај повеќе

    Втор круг од предвремените локални избори во Брвеница

    01.11.2026 во 10:20

    Ќе врне цел ден, на места и пообилно

    01.11.2026 во 10:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.