Струмица е градот во кој во последните 24 часа, до 8 часот наутро наврнало најмногу дожд – 25 литри на метар квадратен. Најниска температура регистрирана е на Попова Шапка, нула степени.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, По Струмица, најголема количина врнежи е измерена во Виница, 24 литри на квадратен метар, Демир Капија 20, Штип и Крива Паланка по 19, Гевгелија 18, Кавадарци 16, Претор 15, Битола и Крушево по 13, Велес 11, Прилеп 10, Тополчани осум и Попова Шапка седум литри на квадратен метар.
Минимална температура од два степени е измерена во Маврови Анови, четири во Крушево и Лазарополе, шест во Претор, Куманово и Прилеп, седум во Тетово, Берово, Крива Паланка, Штип, Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Виница, Битола и Велес, осум во Кавадарци и Демир Капија, девет во Струмица и 10 степени во Гевгелија.
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и ќе надминат 25 литри на квадратен метар. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Максималната температура ќе се движи од 11 до 15 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец, а максималната температура ќе достигне 14 степени.

