Author: Author 04

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска се обрати на бизнис форумот во Будимпешта, на тема „Ден на деловна соработка помеѓу Унгарија и Македонија“, настан кој обедини претставници на институциите и деловните заедници од двете земји со цел продлабочување на економските односи, размена на искуства и отворање нови инвестициски перспективи. Во своето обраќање, премиерот Мицкоски истакна дека ваквите форуми не се само платформа за размена на идеи, туку конкретен механизам за воспоставување нови партнерства и зајакнување на економската соработка меѓу двете пријателски земји. Тој нагласи дека директната комуникација меѓу компаниите е клучна за создавање нови деловни модели, за отворање пазари и за…

Повеќе

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески, Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и Претседателката на Синдикалната организација при јавните обвинителства Изабела Илиева денеска го потпишаа Колективниот договор за вработените во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Ова е првпат правата на вработените во јавнообвинителската служба да се гарантираат со поединечен колективен договор, кој меѓу другото предвидува и етапно зголемување на платите на оваа категорија вработени, почнувајќи од платата за март 2026 година. Јавниот бвинител Савески го поздрави потпишувањето на Колективниот договор како значаен исчекор во однос на статусот на јавнообвинителската служба. Тој изрази задоволство што ваквиот чин…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска отпатува во Будимпешта со лет на „Визер“. Со овој потег, тој симболично ја промовираше обновената авиолинија која повторно ги поврзува двата главни града, истакнувајќи ја важноста на меѓународната соработка. Мицкоски потенцираше дека ваквите проекти се клучни за ефикасно функционирање на државата и нејзино отворање кон Европа. „Повторното воспоставување на линија Скопје – Будимпешта претставува значаен чекор кон подобрување на регионалната поврзаност, економската соработка и развојот на туризмот. Дополнително, македонските граѓани можат слободно да патуваат, што значително ќе ја олесни мобилноста, ќе поттикне културна размена. Ваквите иницијативи се важен чекор кон зајакнување на меѓународната соработка и приближување…

Повеќе

Вработените во Министерството за јавна администрација (МЈА) добиваат историско подобрување на својот материјален статус. Министерот Горан Минчев денеска го стави својот потпис на новиот колективен договор, кој предвидува вртоглаво зголемување на платите за неверојатни 40 проценти. Процесот на покачување ќе се одвива етапно, со цел да се обезбеди долгорочна стабилност на примањата. „Ова е значаен чекор кон унапредување на статусот на вработените. Зголемувањето ќе се реализира во три фази, почнувајќи од овој месец (март 2026 година), па сè до март 2028 година. Нашата цел е мотивирана и професионална администрација“, истакна министерот Минчев.

Повеќе

Денеска ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против И.Р.(27) од Росоман поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „убиство“ казниво по член 123 од Кривичниот законик. На 30.03.2026 околу 07:00 часот во семејниот дом, поради претходно нарушени семејни односи, пријавениот со употреба на остар предмет и нанел убодни рани во пределот на вратот на неговата 54-годишна мајка, која од здобиените повреди починала на местото, појаснија од СВР Велес.  По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено во Институт за судска медицина Скопје за обдукција.

Повеќе

Вчера во 04:50 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода К.С.(45) од Република Албанија. Тој бил затекнат при извршување кражба во продажен објект во Струга, од каде одзел повеќе производи. Одземеното е вратено на сопственикот, а по целосно расчистување и документирање на случајот против К.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на покана на градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, присуствуваше на Свечената академија „30 години Општина Новаци“, со која беше одбележан значајниот јубилеј на општината. Во своето обраќање, министерот упати честитки по повод 30-годишнината, нагласувајќи дека „Со својата работа, посветеност и визија, градоначалникот, Советот и општинската администрација ја создаваат иднината на општината и поставуваат темели за генерациите што доаѓаат“. Министерот посочи дека Владата и Министерството за локална самоуправа се посветени на обезбедување континуирана поддршка за сите општини, бидејќи силната локална самоуправа е основа за рамномерен развој на државата. Во рамки на посетата, министерот оствари…

Повеќе

Вчера во 12:00 часот во СВР Тетово, 35-годишник од Тетово пријави дека бил измамен од негов познаник А.Х.. Според пријавеното, тој побарал да му го позајми неговото  возило „бмв“, а откако го зел го известил дека има дефект и го оставил кај механичар. Како што е пријавено, по неколкудневни обиди да стапи во контакт и да го добие возилото назад, на 28.03.2026 се соочил со механичарот кој признал дека возилото го однел на отпад во с.Слатино. Исто така, според пријавеното, тој го пронашол возилото оштетено во отпадот и сопственикот му кажал дека го купил од механичарот. Се преземаат мерки за расчистување…

Повеќе

Вчера во 16:47 часот во СВР Скопје е пријавено дека во напуштен објект на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден починат М.К.(38) од Скопје, а до него бил пронајден пиштол. Од страна на лекар била констатирана смрт, информираа од МВР.  Имено, тој на 03.03.2026 бил пријавен дека се оддалечил од домот, додаваат од полицијата. Извршен е увид, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп ја шокираше светската јавност со својата последна објава на „Truth Social“, каде директно се закани со целосно уништување на иранската инфраструктура доколку преговорите не вродат со плод набрзо. Трамп порача дека досега намерно не биле „допрени“ клучните капацитети, но дека трпението на Вашингтон е при крај. Главниот услов е итно отворање на стратешкиот премин Ормут за светскиот бизнис. „Ако не се постигне договор наскоро, ќе го завршиме нашиот ‘престој’ во Иран со дигање во воздух и целосно уништување на сите нивни електрани, нафтени полиња и островот Харг“, напиша Трамп во својот препознатлив остар стил.

Повеќе