- Трајков: Европската иднина на Македонија се гради преку знаење, реформи и соработка
- Герасимовски: Центар обезбеди згрижување за 116 деца од училишна возраст во градинките
- Трамп од Самитот на Г-7: Кина остана целосно неутрална, Русија не се вмеша
- НБРМ: Повеќе од 90% од плаќањата кај малите трговци се во готовина
- Горештини уште во 11 часот – УХМР ги измери температурите низ градовите
- МВР направи претрес: Најдени пиштоли, пушки и бомби
- Заврши броењето на гласовите во Косово: Самоопределување обезбеди 53 пратенички места
- Поставени нови лулашки, лизгалки и урбана опрема во Општина Илинден
Author: Author 04
Времето утре облачно со пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m²), на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието, соопшти УХМР. Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер. Во петок и сабота времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Во сабота ќе дува засилен повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 km/h. Од недела следува период на претежно стабилно и потопло време.
Новата застапничка на обвинението за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, обвинителката Спасенка Андонова, денеска упати силна порака по одложувањето на рочиштето во Кривичниот суд. Таа децидно изјави дека Обвинителството е потполно подготвено и верува во цврстината на доказите против 13-те полициски службеници обвинети за тешки дела против општата сигурност. Иако предметот го презеде од обвинителката Ивана Трајчева, Андонова тврди дека е целосно запознаена со материјалите и нема да дозволи никакво одолговлекување на процесот. „Секогаш кога поднесуваме обвинение, значи дека сме сериозно уверени во доказите со кои располагаме. Судот е тој што треба да ја донесе конечната одлука, но застај во…
Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип информира дека на 27.03.2026 во 22:25 часот во Полициската станица Свети Николе, 24-годишна жена од Свети Николе пријавила дека со компјутерска измама нејзината фирма била оштетена за сума од 44.222 евра. -Имено, на 18.03.2026 вработена во фирмата направила нарачка на репроматеријали од фирма од Италија, а на 24.03.2026 добиле известување на електронска пошта од фирмата од Италија за промена на банкарска сметка со профактура во прилог, соопштуваат од СВР-Штип. Посочуваат и дека на 27.03.2026 се извршиле девизно плаќање на новата сметка на италијанскиот добавувач, а подоцна добиле известување од банката дека плаќањето било извршено пред…
Од ЕВН Македонија известуваат дека поради планирани технички зафати во електросистемот, утре без електрична енергија ќе останат корисници во неколку скопски општини. Општина Гази Баба и Илинден Термин: 07:30 – 15:30 часот Општина Центар (Долг прекин) Термин: 09:00 – 17:00 часот Општина Карпош и Момин Поток Термин: 08:15 – 14:00 часот Драчево Термин: 09:00 – 12:00 часот
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на реконструираниот Дом на културата „11 Октомври“ во населбата Ченто. Мицкоски истакна дека овој проект е само дел од масовната офанзива од над 1.000 проекти кои во моментов се реализираат низ целата држава. Премиерот откри дека првиот квартал од годината завршува со историски висока реализација на капитални инвестиции од над 31%. „Државата денеска е едно големо градилиште. Очекувам до крајот на годината не само да ги реализираме, туку и да ги натфрлиме планираните бројки за капитални инвестиции. Ова е историско ниво за Македонија“, изјави Мицкоски.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево издаде итно соопштение во кое предупредува на сериозна опасност од излевање на реките низ државата. Според најновиот „Хидро аларм“ за периодот од 1-ви до 2-ри април 2026 година, постои голема веројатност за нагло зголемување на водостојот на речните корита, што може да доведе до локални поплави. Надлежните апелираат на максимална будност, особено кај населението кое живее во близина на критичните точки и речните сливови. „Постои потенцијална опасност од излевање на реките во текот на денешниот и утрешниот ден. Ситуацијата внимателно се следи, а граѓаните треба да бидат крајно претпазливи“, велат од УХМР.
Светот здивна по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека воените операции во Иран би можеле да завршат за само две до три недели. Оваа вест веднаш ги „собори“ цените на нафтата, па така суровата нафта утрово се тргува под психолошката граница од 100 долари, поточно за 97 долари за барел. Падот од над 4% на нафтата „Брент“ и американската сурова нафта е јасен сигнал дека трговците веруваат во брза деескалација на Блискиот Исток. „Пазарите реагираа со молскавична брзина. Веднаш штом Трамп спомна повлекување и префрлање на одговорноста за Ормут на други земји, притисокот врз енергенсите попушти“, коментираат берзанските аналитичари.
Страшно невреме ноќеска го погоди регионот Кварнер во Хрватска, оставајќи зад себе пустош и затворени патишта. На мостот Крк во утринските часови е измерен налет на ветер од неверојатни 160,2 километри на час, јачина која е идентична на ураган. Омилениот остров Крк е практично отсечен од копното, а метеоролозите предупредуваат дека врвот на бурата се очекува во текот на денешниот ден. Во Риека веќе се бележат материјални штети, каде ветерот срушил дури и наплатна рампа над поликлиниката КБЦ Риека. „Телефоните не престануваат да ѕвонат. Ветерот станува сè посилен, а нашите екипи се на терен и ги отстрануваат паднатите дрвја и…
Русија испрати децидна порака до светот – нема нафта за оние кои играат по правилата на Западот. Заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Руденко, потврди дека Москва нема да испорачува енергенси на земјите што воведоа ограничување на цените, нарекувајќи ги таквите мерки „антипазарни и провокативни“. Иако Вашингтон привремено ги олабави санкциите за да го спаси пазарот по хаосот во Персискиот Залив, Кремљ останува на својот став – одлуките за испорака ќе зависат исклучиво од политичките односи со секоја земја поединечно. „Нема да продаваме нафта на земјите што воведуваат вештачки ограничувања. Јапонија и останатите членки на Г7 кои ја поддржаа оваа мерка,…
Сведоштвата за големата почит спрема шаховската игра во Македонија отсекогаш биле добро фундирани со аргументи, меѓу кои се организацијата на Шаховската олимпијада во 1972 година, а потоа и формирањето на ШК Алкалоид во 1976 година.Клубот, кој на почетокот беше скромно ориентиран кон поттикнување и развивање на древната игра меѓу вработените кои учествуваа на натпреварувања против други компании, со текот на времето прерасна во најуспешен шаховски колектив во Македонија, кој на републичките првенства ја презеде доминацијата и во независна Македонија дури 27 пати ја освои екипната титула во 33 настапи. Дополнително, ШК Алкалоид во 2016 година ја понесе титулата европски клупски…
