- Кралското семејство донесе конечна одлука: Принцот Џорџ ќе го напушти домот во септември
- Кампусот на „Мајка Тереза“ добива конечен изглед
- ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме со народот, а СДСМ бега од него
- Бугарија против ЕУ – не сака санкции против Русите
- Мицкоски со порака: „Една татковина, една иднина”
- Верниците го слават Свети Доротеј – Празник на добрината
- Летна опасност што многумина ја игнорираат: Дехидратацијата почнува пред да почувствувате жед
- Опозицијата со прашања до Владата- Пратенички прашања во Собранието
Author: Author 04
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 12 возеле без возачка дозвола, од кои четири во Тетово, меѓу кои и еден малолетник и двајца во Гостивар. Исто така, по едно лице во Скопје, Велес, Штип, Свети Николе, Делчево и Битола возеле без дозвола. По еден возач во Кочани и Струга управувале возило под дејство на алкохол, а по еден возач во Куманово и Охрид управувале возило со активна забрана за управување патничко возило. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.…
Вчера во 20:55 часот во СВР Скопје, В.П.(50) од Скопје пријави дека на 30.03.2026 околу 12:30 часот во паркот во Ѓорче Петров, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички кои ги познавала, а подоцна едната малолетничка објавила слика од настанот на социјална мрежа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 17:30 часот во СВР Скопје, И.С.(37) од Скопје пријави дека на 03.03.2026 во с.Маркова Сушица пронашла пет угинати кучиња и една угината лисица. Според пријавеното, таа самоиницијативно едно од угинатите кучиња го однела на обдукциска анализа на Факултетот за ветеринарна медицина Скопје, при што на 25.03.2026 добила обдукциски протокол според кој кучето било угинато како последица на труење од отров. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера околу 12:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Чаир бил пронајден починат Љ.С.(64) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.
Основното јавно обвинителство Куманово интензивно работи на расчистување на случајот со 25-годишниот жител на селото Малотино, осомничен за две свирепи убиства. Обвинителот Љубомир Лапе денеска информираше дека се чекаат клучните резултати од извршените ексхумации и обдукции, како и наодот од психијатриското вештачење на осомничениот. За да се утврди точната траекторија на движење и контактите на убиецот, издадени се наредби за лоцирање преку базни станици на мобилните телефони. „Кога ќе ги прибавиме сите докази, ќе имаме појасна слика дали има потреба да се расчистуваат и други евентуални настани поврзани со ова лице“, изјави обвинителот Лапе.
Ниту еден пациент на Клиниката за онкологија не е без терапија. Пациентите се третираат со заменска терапија позади чија комбинација стојат доктори, експерти во областа, истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу, отфрлајќи ги информациите за недостиг и на терапија за пациентите со ретки болести. Во одговор на новинарски прашања на прес-конференција во Министерството за здравство посочи дека во разговор во претставници на Клиниката за онкологија информациите дека нема терапија за пациентите се поврзува со пристапот кон пациентите и со терапиите и со законот. – На почетокот јас реков дека мора да се смени нешто во Законот, за да може…
„Вие ме прашавте пред некое време зошто ние не гласавме во парламентот, некој од вашите колеги еве зошто не гласавме и не му дадовме поддршка. Затоа што работи по диктат на Христијан Мицкоски. Има ли поголем доказ од ова да се спасат предметите предметите во коишто ВМРО-ДПМНЕ е предмет на истражување и судски процеси. Па има ли поголем доказ? Ова е само дел од востановената пракса уште од почеток од на владата кога се инсталираа и членови од судски совет судии и обвинители итн. Тогаш укажувавме дека се партизира судството, укажувавме дека не се спроведува реформската агенда со законите од правосудството. Ова не не изненадува, обивинителот…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска го потврди предавството на македонските национални интереси, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинари. Филипче посочи дека политиките на власта јасно укажуваат на тоа дека владата на ВМРО-ДПМНЕ не сака Македонија да биде членка на Европската Унија. „Мицкоски денеска го потврди предавството на македонските национални интереси. Денеска потврди дека не сака земјата да влезе во Европската Унија и дека ќе ја држи во изолација далеку од Европа“, рече Филипче. Тој додаде дека ваквите политики значат дека нема да се спроведат потребните реформи и дека нема да има контрола на грабежот што власта…
Во просториите на Владата на Северна Македонија, првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, оствари средба со претседателот на Исламската верска заедница на Република Турција, проф. д-р Сали Арпагуш, Реис-ул-улема Шаќир еф. Фетаху, како и амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој. За време на средбата се одржа плодна дискусија, со посебен акцент на зајакнувањето на братските односи меѓу двете земји, како и на унапредувањето на меѓурелигиската и институционалната соработка. Соговорниците ја истакнаа важноста на дијалогот и меѓусебното разбирање во промовирањето на мирот, стабилноста и заедничките вредности. Во овој контекст беше нагласено дека традиционалните пријателски односи меѓу Северна Македонија и Турција претставуваат…
Априлијада 2026 – забава за сите генерации! Денот на шегата е потсетник дека радоста, смеата и детската безгрижност се најубавиот украс на секојдневието, напиша градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.. На 1 април, кога насмевките се најискрени а фантазијата нема граници, им даваме простор на децата да бидат токму тоа што се, креативни, разиграни и среќни. „Денес се одржа манифестацијата „Априлијада“, која по неколку години застој повторно ја вративме таму каде што припаѓа, кај нашите дечиња. ГТЦ беше исполнет со смеа, бои и енергија, создавајќи атмосфера што долго ќе се памети. Во рамки на програмата се одржа ревија на маскирани…
