Close Menu
Press24
    Најново

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Утре се празнуваат Светите седум маченици Макавеи: Започнуваат Богородичните пости

    Утре се празнуваат Светите седум маченици Макавеи: Започнуваат Богородичните пости

    13.08.2026 во 09:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Православните христијани утре го одбележуваат празникот Светите седум маченици Макавеи, ден со кој официјално започнуваат Богородичните пости.

    Според црковното предание, празникот е посветен на седумте браќа Авим, Антонин, Гуриј, Елеазар, Евсевон, Алим и Маркел, нивната мајка Соломонија и свештеникот Елеазар, кои пострадале со маченичка смрт околу 180 години пред Христа за зачувување на својата вера под притисок на сирискиот цар Антиох.

    Во македонската народна традиција овој ден се смета за голем и тежок празник во кој не се работи, а за деновите поврзани со него се врзани низа верувања и обичаи. Според нив, се предвидува какво ќе биде времето во текот на наредните шест месеци или за целата година, каде што еден ден одговара на еден месец.

    Етнографските записи забележуваат дека од овој ден времето почнува да се завртува кон зима, а птиците преселници започнуваат да се подготвуваат за заминување во потоплите краишта.

    Во зборникот на браќата Миладиновци е забележано народното верување за овие денови:

    „Првите дванаесет дни од Августа се викает Моринки. Тие дни жените не работает, ни перат, ни деца к’пат. На тие дни гатает за доброто или лошото време за цела година; ако на пр. првиот ден од Августа чинит горештина, коложек (јанвар) ќе бидит студен, и напротив; ако на вториот правит добро време, на сечка (феврал) ке чинит лошо; и така за другите.“

    Прочитај повеќе

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.