- Заврши броењето на гласовите во Косово: Самоопределување обезбеди 53 пратенички места
- Поставени нови лулашки, лизгалки и урбана опрема во Општина Илинден
- Божиновска: Македонскиот рубин е заштитен, продолжуваме со мермерот
- ВИДЕО: Со виљушкар откорнаа банкомат и избегаа за неколку минути
- Муцунски во Ирска: ЕУ проширувањето мора да биде фер и објективен процес
- Мицкоски: Како Влада почнавме од нула – Македонија денес топ-5 во Европа по раст на БДП
- Западен Балкан во фокусот на самитот за транспортни инвестиции во Солун
- Кралското семејство донесе конечна одлука: Принцот Џорџ ќе го напушти домот во септември
Author: Author 04
Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска потврди дека во здравствениот систем постојат сериозни административни пропусти кои овозможуваат злоупотреби со дополнителното работно време. Сепак, Алиу децидно одби да соопшти имиња на доктори или клиники, нагласувајќи дека целта на Министерството е да го поправи системот, а не да прави јавен спектакл кој дополнително ќе ја урне довербата кај граѓаните. Министерот најави дека на ЕНЕР веќе се поставени законски измени кои ќе ги лимитираат „лабавите“ правила кои досега се злоупотребувале. „Свесни сме дека имаме проблем и тоа е првиот чекор кон негово решавање. Законите мора да бидат прецизни и да не нудат простор…
По пауза од цела деценија, македонскиот здравствен систем конечно се усогласува со светските стандарди. Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска промовираше ажурираната листа на есенцијални лекови, која првпат вклучува современи терапии за контрацепција и никотинска заменска терапија (фластери и гуми за џвакање). Оваа листа е клучниот инструмент кој гарантира дека државата во секое време ќе ги има најкритичните лекови за јавното здравје, без оглед на нивната економска исплатливост. „Нашата цел е листата да ги одразува современите стандарди. Со новиот закон, таа ќе се ажурира на секои две години, исто како и практиката на СЗО, за граѓаните секогаш да имаат пристап…
Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска одржа несекојдневна прес-конференција посветена на 1-ви април, Денот на шегата. Во духот на празникот, Манасиевски со силен сарказам „призна“ дека СДСМ и нивните лидери Венко Филипче и Зоран Заев се „најчесните патриоти“ кои никогаш не го излажале народот. Манасиевски ги наброја сите „успеси“ на претходната власт, од навременото носење вакцини до „намалувањето“ на цените, заклучувајќи дека денешниот датум е всушност официјален празник на опозицијата. „На овој важен датум, мораме да признаеме дека СДС и Филипче беа во право и никогаш не го лажеа македонскиот народ. Честит 1-ви април – денот на…
ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Д.М.(56) од Неготино поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „проневера во службата“ и „несовесно работење во службата“ и против К.М.(33) од Неготино поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „проневера во службата“, „несовесно работење во службата“, „уцена“ и „попречување на правдата“. Имено, во периодот од 2021 до 2025 година, двајцата како вработени во ловечко друштво „ЗЛД Вардар“ Неготино, издавале дневни дозволи за лов за ловишта „Корешница“ и „Бесвица“, иако немале договор за концесија за тие ловишта, односно направиле договор „закуп под закуп“ спротивно на законските одредби.…
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изнесе тешки обвинувања на сметка на поранешниот премиер Зоран Заев. Според Петрушевски, контроверзниот проруски бизнисмен Миодраг Давидовиќ – Дака, кој е на црната листа на САД, му исплатил на Заев 300.000 евра и 2.000 квадрати земјиште како повратна услуга за бизнис влијанија. Петрушевски потсети на аудио снимките каде директно се споменува дека овие пари биле искористени за потребите на референдумот за името. „Тогашната власт на СДС била длабоко поврзана со Дака. Го рекетирале контроверзниот бизнисмен за да спроведат политички инженеринг, додека во меѓувреме ги договарале неговите бизниси во државата“, изјави Петрушевски.
Од денеска вработените во образованието ќе добијат нови, повисоки плати. Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека согласно колективниот договор, платите во овој сектор се зголемуваат за дополнителни 7,5 проценти. Со овој чекор, вкупниот раст на примањата во образованието од доаѓањето на оваа Влада до денес достигна импресивни 20 проценти. Премиерот истакна дека ова е исполнување на ветувањето за достоинствен статус на просветните работници. „Ова зголемување е дел од континуираната стратегија. За само година и половина, од ноември 2024 до денес, успеавме да ги покачиме платите за една петтина од нивната претходна вредност“, изјави Мицкоски од Гази Баба.
Во судницата денеска „прштеа“ обвинувања на сметка на Стојанче Јовановски. Сведокот Саздов откри дека обвинетиот се обидувал да го намести за закани во полиција, додека истовремено водел двоен живот со други жени и брутално ја претепувал сопругата. И покрај обидите на Ивана да се избори за својот имот и достоинство, заканите со експлицитни снимки и физичката сила на Стојанче биле посилни. Судењето продолжува со изведување на нови докази и сведоштва кои треба да расветлат како дошло до кобниот крај за мајката и малолетното девојче.
Морничавиот мозаик за животот на починатите Ивана и Катја се склопува во Кривичниот суд. Сведочењето на Мартин Саздов откри дека обвинетиот Стојанче не само што физички ги малтретирал, туку користел и најодвратни методи на уцена. Според сведокот, Стојанче се заканувал дека ќе објави експлицитни видеа за да ја посрамоти Ивана како мајка, што било главната причина поради која таа се вратила во заедничкиот стан и покрај секојдневното тепање. Сведокот тврди дека Стојанче редовно користел наркотици и се враќал дома агресивен. Обвинетиот наводно изјавувал дека „не ја сака ни Катја“ и ја навредувал со истите зборови како и сопругата. Ја принудувал…
Денешното судење за Стојанче Јовановски, обвинет за смртта на сопругата Ивана и ќерката Катја, донесе детали од кои застанува здивот. Сведокот Мартин Саздов, поранешен колега и пријател на семејството, пред судот раскажа за пеколот низ кој поминувале мајката и ќерката. Тој опиша настан од август 2025 година, кога ги нашол Ивана и Катја исплашени и модри зад банкина на патот кон Штип, откако обвинетиот насилно ги исфрлил од автомобилот. „Ивана беше расоблечена, искубана и целата во модрици. Малата Катја ми кажа дека татко ѝ ја удирал главата на мајка ѝ од седиштето. Им викал ‘курви мали’ на двете“, сведочеше низ…
Додека Европа и регионот се тресат од историски најголемата нафтена криза, премиерот Христијан Мицкоски денеска од Гази Баба порача дека македонските граѓани треба да бидат спокојни. Македонија е единствената земја во регионот која не само што не ги покачи, туку и ги намали цените на дериватите, кои се убедливо најниски во споредба со соседите и ЕУ. Мицкоски нагласи дека Владата е подготвена за сите сценарија, вклучително и активирање на акцизите и продолжување на кризната состојба доколку е потребно. „За разлика од минатите времиња на паника и неспособност, денес државата рефлектира стабилност. Имаме доволно количини гориво, а ЕСМ веќе заработува од…
