Author: Author 04

Американската амбасада во Тирана синоќа издаде итно безбедносно предупредување до своите државјани, укажувајќи на сериозни закани од групи поврзани со Иран. Според официјалното известување, постои реален ризик од таргетирање на објекти и лица поврзани со САД, но и јавни места каде што има голема фреквенција на луѓе. Како потенцијални цели се наведени хотели, клубови, ресторани и трговски центри низ албанската престолнина. „Ги охрабруваме американските граѓани да бидат максимално внимателни и да ја зголемат будноста. Следете ги локалните медиуми и бидете свесни за својата околина во секој момент“, стои во предупредувањето од Амбасадата.

Повеќе

Овен Може да се појави напнатост во односите ако чувствувате дека давате повеќе отколку што добивате. Наместо да реагирате веднаш на прва топка, подобро е да направите чекор назад. Размислете што навистина ви пречи пред да влезете во конфликт кој не е неопходен. Бик Денот носи силна потреба да го успорите темпото. Веројатно сте презеле премногу обврски врз себе или се обидувате да завршите повеќе работи одеднаш, што само создава хаос. Фокусирајте се на една, најважна работа и одете чекор по чекор. Близнаци Денес е можно да почувствувате мала емоционална нестабилност или ненадејна промена на расположението. Наместо по секоја цена…

Повеќе

Иранските вооружени сили испратија брутална порака до Вашингтон и Тел Авив, нагласувајќи дека конфликтот нема да заврши набрзо, туку ќе трае сè до „целосно предавање на непријателот“. Преку агенцијата „Тасним“, Техеран директно ги исмеа тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека војната би можела да стивне за неколку недели. Иранската војска предупредува дека нивните следни чекори ќе бидат „поразорни и помоќни“, додека Трамп од другата страна на океанот се закани со враќање на Иран во „каменото доба“. „Војната ќе продолжи сè до трајното каење на непријателот. Подготвени сме за пошироки напади кои ќе ги почувствуваат и САД и Израел“, гласи…

Повеќе

Доцна синоќа по европско време, светот сведочеше на спектакуларно лансирање од Флорида кое го означи крајот на 50-годишната пауза на човечките летови кон Месечината. НАСА официјално ја започна мисијата „Артемис II“, испраќајќи четворица астронаути на 10-дневно патување околу нашиот природен сателит. Моќната ракета SLS со капсулата „Орион“ полета од Вселенскиот центар „Кенеди“, носејќи го екипажот составен од Рид Вајсман, Виктор Гловер, Кристина Кох и Канаѓанецот Џереми Хансен во нова ера на истражување. „Ова е првиот чекор кон воспоставување на долгорочно човечко присуство на Месечината. По последната мисија ‘Аполо 17’ во 1972 година, човештвото конечно се враќа таму каде што припаѓа…

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.Ј.(57) од с.Раштани, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 20.02.2026 во угостителски објект во Кичево, пријавениот упатил закани на градоначалникот на општина Кичево.

Повеќе

Од УХМР известуваат дека во текот на наредните денови како резултат на циклонска активност земјата ќе биде зафатена од врнежи од дожд, како и снег на планините и дел од повисоките места. Врнежите локално се очекува да бидат пообилни и интензивни и на места да предизвикаат брзи зголемувања на водостоите пред се на помалите реки и суводолиците низ земјава. На високите планини врнежите ќе бидат претежно во вид на снег, а на повисоките места од дожд и снег. Исто така, како резултат на овие врнежи во наредните денови се очекува и зголемување на водостојот и на поголемите реки низ земјава…

Повеќе

Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од 1 до 5 април 2026 година. Правото на субвенциониран студентски оброк можат да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети во државата. Како да аплицирате? Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, можат да поднесат апликација, електронски преку следниов портал. Дополнителни информации: · Условите и критериумите за остварување на…

Повеќе

Судењето на Стојанче Јовановски денеска се претвори во вистинско соочување меѓу обвинетиот и клучниот сведок Мартин Саздов. Додека Стојанче обвинуваше за местенки со дрога, уцени со експлицитни видеа и физички напади со „калашников“, Саздов ги отфрли сите наводи, тврдејќи дека Јовановски е насилникот кој го контролирал секој чекор на Ивана. Свој исказ даде и Ивана Белчева, која била сведок на напад во Ѓорче Петров во декември 2025 година. Белчева посведочи дека го видела Стојанче како ја удира Ивана по главата и телото, додека малата Катја плачела во прегратките на случајни минувачи. Саздов тврди дека мајките на сопружниците скришно носеле храна…

Повеќе

Денешното рочиште за смртта на Ивана и нејзината ќерка Катја донесе низа потресни детали и меѓусебни обвинувања во Кривичниот суд. Сведокот Мартин Саздов пред судијата откри дека кога се обидел да пријави насилство врз Ивана, бил брутално избркан од полициска станица со зборовите: „Кој си ти да пријавуваш?“. Саздов сведочеше за пеколот низ кој поминувала Ивана, тврдејќи дека обвинетиот Стојанче Јовановски ја тепал, ја газел по стомакот и ја присилувал да се дрогира. „Ја навредуваше малата Катја со погрдни зборови, велејќи дека ќе стане како мајка ѝ. Ивана беше преплашена, постојано се грижеше каде ќе живеат ако заминат од станот“,…

Повеќе

Вчера во 23:20 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.С.(24), постапувајќи по претходна пријава од неговата 24-годишна сопруга дека околу 20:30 часот во домот, додека била со нејзините родители, со остар предмет им упатувал закани, а потоа ги нападнал неа и нејзиниот татко. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

Повеќе