Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тренчевска: Власта седи во удобни фотелји, се луксузира и не презема ништо
    • Мицевски до СДСМ: Зборуваме за истиот Вучиќ, оној Вучиќ со кој во Белград заедно со чаша вино пеевте српски песни
    • Тренчевска побара оставка од Стоилковиќ: Дали ќе им се извини на пратениците и граѓаните за навредите и пцуењето во Собранието
    • Мицкоски: Доделени се ваучери за инвертер клими за повеќе од 500 социјални семејства
    • (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари
    • Еболата се шири надвор од епицентарот во Конго: Бројот на жртви надмина 3.300
    • Познат генерал пронајден мртов: Застрелан во главата
    • Хорор во камп во Неос Мармарас: Чакал нападнал дете додека било во шаторот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Падна цената на нафтата

    Падна цената на нафтата

    13.08.2026 во 10:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Европските берзански индекси денеска беа претежно во минус, додека цените на суровата нафта забележаа благ пад, што придонесе за стабилизација на енергетскиот пазар и делумно го намали притисокот врз инфлаторните очекувања.

    Суровата нафта од типот Брент се продаваше по цена од 88,027 долари за барел, односно со пад од 1,09 проценти, додека американската WTI нафта падна за 1,22 проценти и достигна 82,138 долари.

    Кај европските берзи беа забележани мешани резултати. Германскиот индекс DAX порасна за 0,31 процент, францускиот CAC 40 забележа раст од 0,12 проценти, а миланскиот FTSE MIB се зголеми за 0,4 проценти. Од друга страна, британскиот FTSE 100 забележа пад од 0,37 проценти, додека московскиот MOEX се намали за 0,99 проценти.

    Меѓу компаниите со позабележителен раст беа акциите на данскиот гигант Maersk, кои се зголемија за околу осум проценти. Ова доаѓа откако најголемата светска компанија за контејнерски превоз ги надмина очекувањата за профитот и ги корегираше нагоре своите финансиски насоки за целата година.

    Дополнителен импулс на пазарите дадоа и економските показатели од Велика Британија, каде што економијата забележа раст од 0,4 проценти во вториот квартал, со дополнително забрзување во текот на јуни.

    На берзата TTF во Амстердам, европските фјучерси за гас за септември на отворањето се тргуваа по цена од 60.260 евра за мегават-час.

    На Форекс берзата, вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,15215 долари. Вредноста на златото забележа пад на 4.374,08 долари за тројанска унца, додека цената на пченицата се искачи на 6,5383 долари за бушел.

    Тргувањето во САД заврши со пад на индексот Dow Jones за 0,04 проценти на 53.770,27 поени. Индексот S&P 500 порасна за 0,26 проценти на 7.748,50 поени, додека Nasdaq се зголеми за 0,54 проценти на 26.588,49 поени.

    Прочитај повеќе

    Евро банкнотите добиваат нов изглед

    11.09.2026 во 14:04

    Пензионерите бараат линеарно зголемување на пензиите и најавија средба во Министерството

    11.09.2026 во 13:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.