- Мицкоски: Од утре почнува реконструкцијата на владата
- Бугарија е против некои санкции на ЕУ кон Русија, вели шефицата на бугарската дипломатија
- Мицкоски за спорот со Бугарија: Нема пазарење со нашиот македонски идентитет
- Мицкоски: Почнавме од нула, денес градиме модерна Македонија
- Руте: Се намалува бројот на војници на КФОР
- Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ беше под жесток политички прогон, но денес е посилна од кога било
- Мицкоски: Секогаш кога сакаа да ја уништат, ВМРО се враќаше посилна
- Дански баталјон ќе биде распореден во Летонија за одвраќање на Русија
Author: Author 04
Министерството за одбрана денеска го објави новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници во служба на македонската Армија. Општите услови (да се македонски државјани, да се полнолетни и да имаат посебна здравствена и физичка способност), посебните услови (да имаат завршено средно образование и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници), како и сите останати детали се наведени во јавниот оглас, кој е објавен на веб-страницата на Министерството за одбрана. Јавниот оглас трае 15 дена вклучувајќи го денот на објавување. Министерството ги повикува сите млади и заинтересирани граѓани…
По години бесплатно користење, социјалната мрежа Инстаграм прави голем пресврт. Компанијата „Мета“ започна со тестирање на нова услуга наречена Instagram Plus, која на корисниците ќе им наплаќа за пристап до напредни алатки и ексклузивни функции. Иако основниот профил останува бесплатен, секој што сака „повеќе“ од апликацијата, ќе мора да одвои средства од својот буџет. Тестирањето веќе се спроведува на неколку светски пазари, а цената се движи симболично помеѓу еден и два долари месечно. „Ова е голем пресврт за компанијата која досега се потпираше исклучиво на реклами. Социјалните мрежи влегуваат во нова ера каде напредната статистика и дополнителните функции повеќе нема…
Министерството за внатрешни работи (МВР) и Републичкото јавно обвинителство (ЈОРСМ) потврдија дека Основното јавно обвинителство Скопје обезбедило наредби за претреси и во координација со полицијата презема дејствија за обезбедување докази за случај со детска порнографија. – Повеќе детали во моментов не можат да се споделат – посочуваат од ЈОРСМ. Министерството за внатрешни работи само соопшти дека по обезбедени наредби за претреси и во координација со ОЈО Скопје презема дејствија за обезбедување докази. Според првични информации од истрагата, Секторот за Компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност во координација со одделенијата за Компјутерски криминал при СВР Битола, СВР Охрид и СВР…
Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Наташа Поповиќ, денеска упати остри критики до Владата, обвинувајќи го премиерот Христијан Мицкоски за пасивност додека цените на основните продукти вртоглаво растат. Од опозициската партија алармираат дека поскапувањето на нафтата веќе го повлече бранот на поскапувања кај лебот, зејтинот, млекото и јајцата, оставајќи ги граѓаните со празни џебови. Поповиќ истакна дека најавеното покачување на платите од само 1.667 денари е „минорно“ и нема никаква вредност во сегашната скапотија. „За само три месеци, растот на цените изеде над 2.500 денари од буџетот на граѓаните. Празните фрижидери не можат да го чекаат Мицкоски. Денес 1.600 денари…
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска упати жестоки обвинувања до поранешното раководство на СДСМ, тврдејќи дека Зоран Заев и партијата со години не ги негирале аудио-снимките во кои се споменува огромен поткуп. Според Петрушевски, прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ – Дака му предал 300.000 евра и 2.000 метри квадратни земјиште на Заев преку посредникот Зоран Милески – Кичеец. Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека овие средства, според снимките од 2020 година, биле наменети за „бизнис услуги“ и политички инженеринг во критични моменти за државата. „Во снимките јасно се слуша како Дака му вели на Кичеец дека парите што му ги дал на Заев…
Наставничката на шестгодишната Катја детаљно го опиша последниот ден на првачето пред страшното самоубиство на мајката Ивана. На кобниот 2 март, девојчето дошло во училиште со нови алишта на кои уште стоеле етикетите, фалејќи се дека претходниот ден била на „шопинг со мама“. Иако по претходните пријави за насилство изгледало дека состојбата се смирила, бабата претходно предупредила дека Ивана се вратила кај насилниот сопруг, изразувајќи голем страв за нивната безбедност. Мајката Ивана прво се јавила дека бабата ќе ја земе Катја, но подоцна ненадејно се појавила на часот по физичко и ја зела ќерка си. „Денот беше убав, Катја беше…
Потресни детали беа откриени на денешното рочиште во Кривичниот суд за смртта на малата Катја и нејзината мајка Ивана. Класната наставничка посведочи дека уште во септември, на првата родителска средба, бабата на девојчето низ солзи открила дека во семејството се случува брутално насилство од страна на таткото. Најстрашниот момент бил кога првачето, за време на игра со другарчињата, паднало на подот објаснувајќи: „Вака паѓа мама кога тато ја удира“. „Веднаш го известивме училишниот психолог. Мајката Ивана беше повикана на разговор, ѝ беше укажано каде да се обрати за помош. Катја на цртежите ја црташе само мајката, велејќи ’јас сум со…
После 20 години, направивме законски измени и за прв пат овозможиме полагање на стручни испити за капетан на брод и бродски екипаж, што е чекор понапред во професионализација на внатрешната пловидба и подигнување на нивото на безбедност во пловниот сообраќај, истакна денеска од Охрид, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. “Уште кога бев избран за министер за транспорт, се соочив со овој проблем и заеднички со Капетанијата на пристаништата и со стручните служби во секторот за транспорт во рамките на министерството, разговаравме и најдовме начини. Требаше да се направат одредени законски и подзаконски измени со цел да се овозможи…
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ги посети просториите на Клиниката ТОАРИЛУЦ во Мајчин дом, каде е обезбеден нов најсовремен апарат дексаскен, наменет за навремена дијагностика и следењето на остеопороза. -Пуштањето во употреба на новиот дексаскен во Мајчин Дом претставува значаен чекор во зајакнувањето на капацитетите на јавното здравство, особено во делот на дијагностиката на остеопорозата како сериозен јавноздравствен предизвик. Остеопорозата е состојба која, доколку не се открие навреме, може да доведе до тешки последици за пациентите, и токму затоа раната и прецизна дијагностика е суштински важна. Особено е важно што станува збор за апарат со пошироки дијагностички можности, кој ќе…
Времето утре променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од дожд и снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во сабота ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (наместа над 70 km/h). Од недела до средината на новата седмица времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и значително потопло.
