- Мицкоски: Од утре почнува реконструкцијата на владата
- Бугарија е против некои санкции на ЕУ кон Русија, вели шефицата на бугарската дипломатија
- Мицкоски за спорот со Бугарија: Нема пазарење со нашиот македонски идентитет
- Мицкоски: Почнавме од нула, денес градиме модерна Македонија
- Руте: Се намалува бројот на војници на КФОР
- Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ беше под жесток политички прогон, но денес е посилна од кога било
- Мицкоски: Секогаш кога сакаа да ја уништат, ВМРО се враќаше посилна
- Дански баталјон ќе биде распореден во Летонија за одвраќање на Русија
Author: Author 04
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, се обрати на Конференцијата за отпочнување на процесот на ко-креирање на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028 (НАП7). Настанот го означи почетокот на новиот циклус на ко-креација на националниот акциски план во рамки на глобалната иницијатива Партнерство за отворена власт, со цел зајакнување на транспарентноста, отчетноста и учеството на јавноста во процесите на креирање политики. Во своето обраќање, министерот Минчев истакна дека Партнерството за отворена власт претставува значаен механизам за унапредување на демократското управување и за градење доверба меѓу институциите и граѓаните. „Партнерството за отворена власт претставува важен инструмент за унапредување…
„Алкалоид“ АД Скопје од 1996 година е дел од Македонската берза, најпрвин преку Третиот неофицијален пазар, а од ноември 2002 година како котирано друштво на Првиот официјален пазар, на кој се етаблира како една од најликвидните и најтранспарентни компании. По повод одбележувањето на јубилејот 30 години од почетокот на организираното тргување со хартии од вредност во Македонија, Македонската берза организираше свечен настан на кој присуствуваа претставници на институциите, финансискиот сектор, деловната заедница и долгогодишни партнери. На јубилејната церемонија им беа врачени пригодни признанија на неколку субјекти поврзани со работењето на Берзата, меѓу кои и „Алкалоид“. Плакетата за најдолго котирано акционерско…
Вчера во 13:00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 12:40 часот за време на редовната прошетка, осудениците Е.А.(32) и Ш.И.(35), од една страна и С.М.(26) од друга страна, со тврди предмети си размениле удари, а потоа Е.А. со остар предмет му нанел повреда на С.М., на кој му била укажана помош во амбулантното одделение, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 14:10 часот во СВР Велес, 60-годишен велешанец пријави дека бил измамен за сума од 12.400 денари од едно лице кое го запознал во декември 2025 година во Велес и кој се претставил како полициски инспектор во Скопје. Според пријавеното, лицето побарало од него на договорено место во Велес да преземе пакет со брендирана облека од друго лице, за кое кажал дека е негов колега инспектор од Неготино, и за пакетот да даде 200 евра, кои подоцна ќе му ги врати. Како што е пријавено, на местото наместо со лицето од Неготино, тој се сретнал со лицето од Скопје,…
Изминатиот ден помина во знакот на серија тешки сообраќајни несреќи во кои настрадаа пешаци во Скопје и Тетово. Полициските билтени бележат три одделни инциденти каде возачи на патнички возила удриле во граѓани, при што сите три жртви се здобиле со тешки телесни повреди и се итно пренесени во болничките установи.На 01.04.2026 околу 12:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Иван Хаџиниколов“ и ул.„Јанко Митиќ“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ш.(37) од с.Студеничани, скопско, удрило во пешакот Б.А.(93) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани…
Не постои повистински начин да се одбележи Денот на свесноста за аутизмот, од тоа да се вложи во подобрување на условите, поддршката и секојдневието на овие прекрасни деца, во нивниот развој, нивната сигурност и нивната можност да го изразат својот уникатен свет, истакна градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.. Денес Ѓорѓиевски заедно со сопругата, донираа реквизити за сензорна соба во градинката ,,8 Март” во Кисела Вода, со цел да се олесни нивната комуникација, концентрација и емоционална регулација, создавајќи средина во која тие ќе се чувствуваат прифатени, смирени и разбрани. „Сакам искрено да ѝ се заблагодарам на Мартина, но и на…
Државниот јавен обвинител Ненад Савески денеска изрази жалење за одлуката на неговата колешка Ленче Ристоска да се повлече од функцијата, нагласувајќи дека за нејзината оставка дознал преку СМС порака. Савески децидно тврди дека одлуката за отповикување на нејзините овластувања не е насочена против неа лично, туку е дел од нова организациска поставеност за поголема ефикасност. Обвинителот упати апел до јавноста и политичките субјекти да не го загрозуваат угледот на институцијата. „Очекував дека Ристоска со своето драгоцено искуство ќе даде придонес кон зајакнување на капацитетите, особено како обвинител за врски со Европравда. Моите одлуки се во насока на гарантирање на независноста…
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, денеска упати низа тешки обвинувања на сметка на премиерот Христијан Мицкоски, тврдејќи дека неговата политика е заснована на невистини кои имаат за цел да ја држат земјата во долготрајна изолација. Според Жерновски, Мицкоски ги излажал граѓаните за преговарачката рамка, уставните измени и името, само за да дојде на власт. Од СДСМ порачуваат дека стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ е „грабеж одвнатре, изолација однадвор“, со цел да се избегне секаква контрола врз криминалните тендери. „Нашиот народ добро рекол: кој лаже – тој краде. Мицкоски лажеше за Брисел, лажеше за ЕУ, а сега сака на нашите…
Историски ден за Македонија: Мицкоски го постави камен-темелникот на „енергетскиот мост“ со Албанија
Премиерот Христијан Мицкоски денеска кај граничниот премин Ќафасан го означи почетокот на изградбата на 400 kV далекувод Битола–Елбасан. Со овој капитален проект, Македонија по децении чекање ја затвора последната енергетска празнина и станува целосно поврзана со сите свои соседи. Мицкоски порача дека ова не е само обична инфраструктура, туку симбол на стабилност која ќе ја движи македонската економија напред во европското енергетско семејство. „За првпат нашата држава станува целосно поврзана со сите соседни системи. Ова значи повеќе сигурност за граѓаните, повеќе стабилност за стопанството и крај на изолацијата. Македонија веќе нема да биде на периферијата на енергетските текови, туку во…
Близу 20 милиони евра досега се вратени кон 119 компании, кои во текот на 2023 година уплатија средства во Буџетот согласно Законот за данок на солидарност. Министерсвото за финансии согласно утврдениот модел, од минатата недела започна со исплата на првиот дел од уплатените средства во Буџетот и досега се вратени вкупно 1,219 милијарди денари. Компаниите во текот на 2023 година уплатија во Буџетот 3 милијарди денари согласно усвоеното законско решение во Собранието. По поништување на Законот од страна на Уставниот суд, државата имаше обврска да ги врати средствата. Во рамки на транспарентна постапка, заедно со компаниите беше утврден модел за…
