Author: Author 04

Француските власти донесоа одлука за забрана на 40-тиот годишен собир на муслиманите во Париз, кој требаше да започне денеска и да трае до 6 април. Како што соопшти шефот на париската полиција, Патрис Фор, причината за ваквиот потег е енормно зголемениот безбедносен ризик и опасноста од нарушување на јавниот ред и мир. Одлуката е донесена по директно барање на министерот за внатрешни работи, Лоран Нуњез. Според пишувањата на „Ле Фигаро“, Франција во моментов се соочува со висок степен на терористичка закана, дополнително подгреана од меѓународните тензии. Настанот требаше да се одржи во изложбениот центар „Париз Ле Бурже“ и на него…

Повеќе

Германската полиција уапси маж кој се заканувал со напад во брз воз во западниот дел на земјата, при што неколку лица се полесно повредени. Според информациите на агенцијата ДПА, инцидентот се случил во возот кој сообраќал на линијата Келн – Франкфурт. Портпаролката на полицијата потврди дека во возот експлодирале пиротехнички средства. Осомничениот по нападот се заклучил во еден од тоалетите во возот, но набрзо бил совладан и уапсен во Зигбург, во близина на Бон. Германскиот таблоид „Билд“ пренесува дека напаѓачот го фрлил огнометот директно во ходникот на возот, предизвикувајќи паника кај патниците. Веднаш по инцидентот, возот бил евакуиран. Засега нема…

Повеќе

Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати директни и остри критики до властите во Техеран, квалификувајќи го Иран како соучесник на Русија во војната против Украина. Според Зеленски, Иран веќе не зазема само политички став, туку дава практична помош за агресијата. Тој потсети на трауматичниот настан од јануари 2020 година, кога беше соборен украинскиот патнички авион над Техеран, при што загинаа 176 лица. „Ние не им направивме ништо“, истакна Зеленски, обвинувајќи го Иран дека тогаш не ја презел целосната одговорност и не овозможил соодветна истрага за убиството на патниците и екипажот. Дополнително влошување на односите, според него, се случило со испораката на…

Повеќе

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп повлече радикален потег во обид да ги намали цените на лековите, најавувајќи воведување царини до 100% за увезените медикаменти. Оваа мерка ќе ги погоди сите производители кои нема да постигнат договор со владата за цените или нема да го пренесат своето производство на американско тло. Големите фармацевтски компании имаат рок од 120 дена да ги презентираат своите планови за прилагодување, додека за помалите фирми овој рок изнесува 180 дена. Целта на Вашингтон е двојна: поттикнување на домашното производство и драстично намалување на трошоците за рецептните лекови, кои во САД често се и до три…

Повеќе

Христијанскиот свет влегува во една од најзначајните седмици пред Велигден, која започнува со Лазарова сабота. Свети Григориј Палама во своите записи нагласува дека чудото над Лазар било јасен знак за божествената моќ на Христос над животот и смртта. Иако Лазар веќе го чувствувал мирисот на распаѓањето, тој застанал жив пред присутните по заповед на Божјиот Син. Народните верувања на овој ден се поврзани со природата и заштитата на домот. Традицијата вели дека на овој ден се оди на река со пораката: „Колку далеку го фрлив овој камен, толку подалеку да биде змијата од мене!“. Цвеќето набрано на Лазарица се внесува…

Повеќе

Од последниот квартал на 2026 година, сите патници од земјите со безвизен режим кои планираат краткорочен престој во Европската Унија ќе мора да поседуваат ETIAS овластување. Новиот систем, покрај безбедносните проверки, воведува и автоматски здравствени контроли како дел од процесот на аплицирање. Аплицирањето ќе се врши онлајн и ќе биде достапно 24/7, почнувајќи од 10 април кога системот EES ќе започне со полн капацитет. Патниците ќе треба да внесат лични податоци, биометрија и историја на патувања, кои потоа автоматски се споредуваат со индикаторите за епидемиски ризик. „ETIAS не собира детални медицински картони, туку само индикатори за потенцијален ризик за јавно…

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп упати сериозна порака до иранското раководство преку својата социјална мрежа „Truth Social“, нагласувајќи дека американската војска сè уште не започнала со напади врз клучната инфраструктура на земјата. Трамп во својата објава децидно најави можни удари врз цивилни објекти. „Нашата војска, најголемата и најмоќната (убедливо!) насекаде во светот, дури и не почнала да го уништува она што останало од Иран. Следни се мостовите, па електраните!“, напиша тој, додавајќи дека иранското раководство мора брзо да преземе соодветни чекори. Ваквата реторика доаѓа во период на зголемена загриженост кај меѓународната јавност. Повеќе од 100 експерти за меѓународно право од престижните…

Повеќе

И покрај обидите на германската влада да го ограничи поскапувањето, цената на дизелот во земјата достигна историски рекорд од 2,327 евра за литар. Како што пренесува „Tageschau“, податоците на германскиот автоклуб ADAC потврдуваат дека е надминат претходниот рекорд од март 2022 година за 0,6 центи. Истовремено, забележан е и сериозен скок кај бензинот, кој достигна цена од 2,129 евра за литар, што претставува највисоко ниво во текот на оваа година. Од ADAC реагираат дека ваквите поскапувања се несоодветни, особено што цената на суровата нафта на светските берзи бележеше пад во периодот меѓу 31 март и 1 април. Ваквите состојби доаѓаат…

Повеќе

Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека соборила американски борбен авион од типот Ф-35 во централниот дел на земјата. Информацијата беше првично објавена на каналот Телеграм на новинската агенција „Фарс“. Според официјалното соопштение, леталото е „тотално уништен и урнат“, а поради сериозноста на оштетувањата, засега нема достапни информации за судбината на пилотот. Иранската агенција „Мехр“ дополнително објави дека е малку веројатно пилотот да успеал да се катапултира поради „силната експлозија“ која се случила за време на инцидентот. Од друга страна, Централната команда на САД (CENTCOM) сè уште не излезе со официјален одговор на овие конкретни наводи. Американските власти претходно веќе ги…

Повеќе

Овен: Имате зголемена енергија, но внимавајте на прегорување и нервоза. На работа се можни нови иницијативи и лидерски позиции, додека во љубовта страстите се засилени – избегнувајте кавги за ситници. Бик: Стабилни сте, но ви треба одмор и полесна храна. Финансиите се во фокус, па донесувајте практични одлуки. Во љубовта се јавува потреба за блискост, а можен е и контакт со стара симпатија. Близнаци: Висока психичка енергија придружена со стрес. Ова е одличен ден за состаноци и нови информации. Слободните ќе уживаат во флерт, додека зафатените ќе ги решат недоразбирањата преку разговор. Рак: Емоциите влијаат на вашето здравје, затоа одмарајте…

Повеќе