- Мицкоски: Од утре почнува реконструкцијата на владата
- Бугарија е против некои санкции на ЕУ кон Русија, вели шефицата на бугарската дипломатија
- Мицкоски за спорот со Бугарија: Нема пазарење со нашиот македонски идентитет
- Мицкоски: Почнавме од нула, денес градиме модерна Македонија
- Руте: Се намалува бројот на војници на КФОР
- Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ беше под жесток политички прогон, но денес е посилна од кога било
- Мицкоски: Секогаш кога сакаа да ја уништат, ВМРО се враќаше посилна
- Дански баталјон ќе биде распореден во Летонија за одвраќање на Русија
Author: Author 04
„Стариот конак во Лешочкиот манастир ќе биде целосно завршен до крајот на јуни, со што овој значаен духовен комплекс добива обновен и достоен изглед“, истакна министерот Зоран Љутков при денешната работна посета на Лешочкиот манастир. За време на посетата, министерот Љутков беше придружуван од митрополитот на Тетовско-гостиварската епархија, владиката Јосиф, директорот на Националниот конзерваторски центар, Александар Јорданоски, како и стручен тим од институцијата. Министерот информираше дека проектот за конзервација, реставрација, санација и ревитализација на стариот конак е во завршна фаза, за што Министерството за култура и туризам издвои 6 милиони денари. Градежните активности, кои опфаќаат ѕидарски и столарски работи, се одвиваат…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на настанот за воспоставување соработка помеѓу Агенцијата за иновации (ИНОВА) и државните универзитети, истакнувајќи дека поврзувањето на науката со економијата е клучно за развојот на земјата. Мицкоски порача дека секој вложен денар во образованието е влог во силата на татковината. „Образованието е најмоќното оружје со кое може да се промени светот. Овој меморандум е силна порака дека преку партнерство можеме да создадеме услови за развој на претприемништвото и поддршка на стартапите“, изјави премиерот. Според него, фокусот на ова партнерство е создавање економија базирана на знаење, што ќе овозможи поефикасен трансфер на технологии и…
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска на прес-конференција упати сериозни обвинувања до претходната власт на СДСМ и ДУИ за урбанистичкиот план во Тетово поврзан со просторот на некогашниот гигант „ШИК Јелак“. Според Петрушевски, само еден ден по изборот на владата во 2020 година, биле донесени измени во ДУП со кои директно му се овозможил бизнис вреден 200 милиони евра на бизнисменот Миодраг Давидовиќ – Дака. „Станува збор за просторот откупен преку фирмата ‘Јелак Градба’. Крими-коалицијата на СДС и ДУИ донесе план со кој на ова место требаше да никне урбана џунгла со над 2.000 станбени единици“, истакна Петрушевски. Тој додаде…
Ленче Ристовска е елиминирана затоа што на власта и требаше обвинител под нејзина контрола, нагласи портпаролката и член на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска. На денешната прес-конференција пред Јавното Обвинителство, Кузеска посочи дека новиот јавен обвинител, Ненад Савески, ги исполнува делегираните задачи од Христијан Мицкоски, а една од нив е елиминирањето на Ленче Ристовска. „Ја елиминираше Ленче Ристовска, независен и признат професиналец, која соработуваше и со Еуроџаст и беше принудена да си замине. Претходно ја отрфлија претставката на Ристовска за политички притисок од страна на Мицкоски кој јавно на телевизија ја навредуваше, а потоа и ја исфрли“, рече Кузеска. Таа додаде…
На денешната промоција на новите електронски услуги за студентите од Државниот завод за статистика (ДЗС) достапни на порталот uslugi.gov.mk, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски информираше дека ќе биде потпишан договор за меѓусебно прифаќање на електронските потписи меѓу Црна Гора и Македонија. „Имавме два дена квалитетни разговори со претседателот на Црна Гора. Нешто што веќе го подготвуваме, а можам да го најавам и на Самитот за сајбер-безбедност во Париз, е потпишувањето договор за меѓусебно прифаќање на електронските потписи на Црна Гора и Македонија“, изјави Андоновски, додавајќи дека овој договор ќе значи големо олеснување за бизнис-соработката меѓу компаниите од двете земји. „Ова…
Франција се соочува со сериозен недостиг на гориво откако илјадници возачи побрзаа да ги наполнат резервоарите по воведувањето на ограничувањата на цените. Според податоците на Министерството за енергетика, околу 900 бензински пумпи веќе останале без барем еден вид гориво, додека некои медиумски проценки велат дека бројката на погодени локации достигнува и до 1.600. Ситуацијата е најкритична кај гигантот „TotalEnergy“, каде логистичките проблеми не можат да ја задоволат нагло зголемената побарувачка. Цената на дизелот во земјата достигна рекордно ниво од 2,25 евра за литар, што е директна последица на глобалниот енергетски шок предизвикан од конфликтот на Блискиот Исток и блокадата на…
Просторот пред спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода забрзано се трансформира во прекрасно и модерно урбано катче. Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска изврши увид во завршните работи од изградбата на новиот сквер, кој се протега на површина од 4.535 квадратни метри. Овој проект се реализира со средства обезбедени од Владата на Република Македонија, како дел од инвестициите за капитални проекти во општините. Со врши поплочување со травертин, се гради светлечка фонтана, ќе бидат поставени нови клупи и модерно осветлување. Наскоро следи и целосно хортикултурно уредување кое дополнително ќе го оплемени овој дел од населбата. Со овие активности финално се заокружува…
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска означи почеток на работите за новиот кружен тек на Северниот булевар, најавувајќи уште еден значаен проект во новиот градски центар. Новиот сообраќаен јазол ќе се гради на локацијата каде што наскоро ќе бидат отворени комплексот „Литл Америка“ и маркетот „Лидл“. Јанчев упати посебна благодарност до компанијата „Лидл“ за нивната донација и поддршка во реализацијата на овој проект. Според него, оваа соработка е клучен чекор кон градење на модерна и функционална општина. Со новиот кружен тек се очекува значително подобрување на протокот на возила и зголемена безбедност за сите учесници во сообраќајот. „Побрз сообраќај, поголема…
Градоначалникот на Општина Центар ,Горан Герасимовски, одржа средба со претставници на Здружението на пензионери на Општина Центар, на која се разговараше за тековните и претстојните проекти, како и за поголемо вклучување на пензионерите во активностите што ги спроведува општината. На состанокот, градоначалникот ги повика пензионерите да ја искористат можноста за бесплатни здравствени прегледи и консултации со тим специјалисти, што ќе се одржат во понеделник во општинскиот Младински центар Матично , во пресрет на Светскиот ден на здравјето. „Здравјето е најважно! Дојдете, проверете ја вашата здравствена состојба и искористете ја можноста за стручни совети од лекарите“, рече Герасимовски. На средбата во…
Битолското обвинителство покрена истрага против 31-годишен жител на Битола, кој се сомничи за производство и дистрибуција на детска порнографија. Случајот е дел од голема меѓународна операција предводена од Австралиската федерална полиција, која ги открила македонските корисници на спорни веб-страници преку нивните ИП адреси. Она што дополнително ја згрози јавноста е фактот што осомничениот во критичниот период бил вработен во образовна установа. Според досегашните сознанија, тој од април 2024 година до 1 април 2026 година, на своите домашни компјутерски уреди набавувал и поседувал материјали со недозволена содржина. Акцијата е реализирана во координација со Секторот за компјутерски криминал при МВР, откако пристигнало…
