Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против В.Н.(40) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“.
Во периодот од последните две години, пријавениот следел, вознемирувал и психички малтретирал 35-годишна жена од Кочани.

