Close Menu
Press24
    Најново

    Забрана за телефони во училиштата во Мексико: Родителите стравуваат за безбедноста на децата поради криминалните банди

    02.11.2026 во 22:02

    Тројца битолчани пријавени за насилство врз дете – нападнале татко и неговите три малолетни деца

    02.11.2026 во 21:57

    Европска комисија: Сајбернападите врз фрижидерите во супермаркетите ја нагласуваат растечката закана

    02.11.2026 во 21:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Забрана за телефони во училиштата во Мексико: Родителите стравуваат за безбедноста на децата поради криминалните банди
    • Тројца битолчани пријавени за насилство врз дете – нападнале татко и неговите три малолетни деца
    • Европска комисија: Сајбернападите врз фрижидерите во супермаркетите ја нагласуваат растечката закана
    • Да бидеме хумани даму помогнеме на Стефан да се врати кај својот едногодишен син
    • Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП
    • МВР: Пронајдени 253 куршуми, рачна бомба и два пиштола при претрес во Скопје
    • Павловска-Данева: Ефикасноста на уставното судство подразбира достапност, навременост, транспарентност и ефективна нормативна контрола
    • Утре три прекини на струја во Скопје и околината
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Забрана за телефони во училиштата во Мексико: Родителите стравуваат за безбедноста на децата поради криминалните банди

    Забрана за телефони во училиштата во Мексико: Родителите стравуваат за безбедноста на децата поради криминалните банди

    02.11.2026 во 22:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Мексиканските власти воведоа забрана за употреба на мобилни телефони и други електронски уреди во основните и средните училишта за време на часовите. Мерката е дел од националната иницијатива за ограничување на времето што децата го поминуваат пред екраните, а ја иницираше мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум.

    Според новата уредба, учениците ќе можат да користат телефони единствено за образовни цели под надзор на наставниците, во итни случаи, како и кога тоа е неопходно од здравствени причини или поради попреченост.

    Меѓутоа, одлуката предизвика сериозна загриженост меѓу родителите, особено во регионите во Мексико каде што активни дејствуваат криминални банди. Тие стравуваат дека без мобилни телефони ќе им биде многу потешко да стапат во контакт со своите деца во случај на непосредна опасност.

    Овие стравови дополнително се зголемија по инцидентот во градот Есквинапа, во сојузната држава Синалоа, каде на 22 октомври вооружен маж на мотоцикл пукаше во автобус што превезувал средношколци. Во возилото имало повеќе од десет ученици, а во нападот бил повреден возачот.

    Статистиката покажува дека ситуацијата е алармантна – според податоците од мексиканската организација за заштита на правата на децата (REDIM), во текот на првата половина од оваа година секое десетто лице во земјата под 17 години било жртва на кривични дела поврзани со организиран криминал.

    Дополнително, претставниците на родителските организации упатија забелешки за начинот на кој е донесена одлуката, истакнувајќи дека родителите не биле доволно вклучени во целиот процес. И покрај тоа, дел од нив ја дадоа својата поддршка за самото ограничување на телефоните, но побараа спроведување на информирачки кампањи за родителите и соодветна обука за наставниот кадар.

    Прочитај повеќе

    Европска комисија: Сајбернападите врз фрижидерите во супермаркетите ја нагласуваат растечката закана

    02.11.2026 во 21:16

    Трамп најави масовни помилувања во администрацијата по примерот на Бајден

    02.11.2026 во 19:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.