Почитувани пријатели, голем број од вас знаат дека мојот единствен и најсакан брат се повреди и 4 месеци лежи на Клиниката за интензивно лекување и реанимација. Повредата е многу тешка и во нашата татковина нема соодветни центри за рехабилитација на ваков тип на повреди. Изминатиот период за мене е најтешкиот период во мојот живот. Во моментите кога единствено што можевме да направиме беше да се молиме и да веруваме во Бога, сите вие се молевте со мене и сочувствувавте со мојата болка. Наспроти сите лоши прогнози и очекувања, Стефан е жив и има подобрување на неговата состојба. Он има за што да се бори, има само 32 години, има прекрасна сопруга и син од 1 година.
Сумата која ја побараа од клиниката во Германија е 280.000 евра, ние не можеме самостојно да ги обезбедиме овие средства, а фондот за здравствено осигурување не покрива ваков тип на лекувања и рехабилитации. Ве молам да ми помогнете, кој колку е во можност, да ги обезбедиме средствата и заеднички да го испратиме Стефан на рехабилитација. Понизно Ве молам да ми помогнете да се сплотиме и на мојот Алексеј да му го вратиме татко му дома.
Бескрајно благодарна
Габриела Љубовска.
Во текот на следнава недела ќе бидат објавени и телефонски линии за донации како и донации преку платформи!
Другари, ќе направам корекција, ама за сите што ме прашувате не успевам поединечно да ви одговорам, сметката лево на банерот е на Стопанска банка и е за донации во денари, а за донации од странство е сметката десно, каде примач е сопругата на Стефан, во валута евро…. Нема провизија за уплатените средства
Од неделава ќе се донира и преку сметки телефонски и преку платформиве…
Многу време изгубивме со документација и морав да објавам сега првенствено со тоа што имам.

