Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

    02.11.2026 во 20:42

    МВР: Пронајдени 253 куршуми, рачна бомба и два пиштола при претрес во Скопје

    02.11.2026 во 20:31

    Павловска-Данева: Ефикасноста на уставното судство подразбира достапност, навременост, транспарентност и ефективна нормативна контрола

    02.11.2026 во 20:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП
    • МВР: Пронајдени 253 куршуми, рачна бомба и два пиштола при претрес во Скопје
    • Павловска-Данева: Ефикасноста на уставното судство подразбира достапност, навременост, транспарентност и ефективна нормативна контрола
    • Утре три прекини на струја во Скопје и околината
    • Велешанец уапсен поради насилство врз своето малолетно дете – го пријавила бившата сопруга
    • Димитријевиќ : ПИОМ да не ги исплаќа пензиите на сметките во Алта банка, пензионерите мора да бидат заштитени
    • Николоски: Германија е важен партнер за нови инвестиции во Македонија
    • Пренџов: Филипче пак шири паника и хистерија, исто како што ширеа кога Кире Наумов пишуваше писма кои го чинеа народот 30 милиони евра
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

    Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

    02.11.2026 во 20:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски вечерва, преку видео порака, информира дека денеска, во рамки на посетата на Германија, заедно со владиниот тим, реализирал повеќе бизнис средби и состаноци.

    Покрај состаноците со „Дојче Телеком“ на кои станало збор за дополнителни инвестиции во Македонија не само на македонскиот телекомуникациски пазар, туку и во здравството, паметната технологија и во други видови индустрии, тимот на Владата, предводен од Мицкоски, одржал состаноци и со Германската стопанска комора.

    Според премиерот, економската соработка со Германија се продлабочува, а целта е повеќе инвестиции и повисок БДП.

    -Денеска во Бон имавме навистина успешна и, би рекол, прилично динамична агенда. Денот го почнавме со состаноци во рамките на компанијата „Германски Телеком“, која е присутна и кај нас, на македонскиот пазар, неколку децении. Она што денеска го разговаравме со главниот директор на „Дојче Телеком“ се нивните потенцијални дополнителни инвестиции во Македонија, на македонскиот телекомуникациски пазар, но тука не се ограничивме. Зборувавме и за потенцијални инвестиции на „Германскиот Телеком“ во други области како што се здравството, паметната технологија и друг тип индустрии што ќе донесат голема додадена вредност за македонската економија и на тој начин ќе го зголемат присуството на „Германскиот Телеком“ во Македонија, но и во регионот, вели Мицкоски.

    Додава и дека одржал состаноци со Германската стопанска комора.

    -Беа присутни голем дел од фирмите кои имаат инвестиции во Македонија, но и оние што имаат амбиција да инвестираат во Македонија. Разговаравме за досегашните нивни искуства, како да ги направиме нивните инвестиции поуспешни, но истовремено зборувавме и за зголемување на нивните инвестиции, капацитети, со што исто така би се зголемил и бруто-домашниот производ на македонската економија, истакнува премиерот.

    Преку својот фејсбук профил, премиерот информира дека на средбата со претставниците на германските компании од Северна Рајна-Вестфалија кои се присутни во Македонија, било разговарано за проширување на економската соработка и отворање нови, високоплатени работни места во Македонија.

    -Ги претставивме потенцијалите на македонскиот ИКТ-сектор, зелената енергија од обновливи извори, здравството, јавната безбедност, развојот на инфраструктурата и можностите за дигитална трансформација на индустријата. Владата останува посветена на создавање стабилна, предвидлива и конкурентна деловна клима. Нашата цел е германските компании да ја препознаат Македонија како доверлив партнер за долгорочни инвестиции, трансфер на технологии и развој на висококвалификуван кадар, наведува Мицкоски

    Прочитај повеќе

    Николоски: Германија е важен партнер за нови инвестиции во Македонија

    02.11.2026 во 19:35

    Поскапуваат нарачките од Тему, ЕУ воведе нова такса од 2 евра – еве дали важи и за Македонија

    02.11.2026 во 10:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.