Close Menu
Press24
    Најново

    Павловска-Данева: Ефикасноста на уставното судство подразбира достапност, навременост, транспарентност и ефективна нормативна контрола

    02.11.2026 во 20:17

    Утре три прекини на струја во Скопје и околината

    02.11.2026 во 20:12

    Велешанец уапсен поради насилство врз своето малолетно дете – го пријавила бившата сопруга

    02.11.2026 во 20:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Павловска-Данева: Ефикасноста на уставното судство подразбира достапност, навременост, транспарентност и ефективна нормативна контрола
    • Утре три прекини на струја во Скопје и околината
    • Велешанец уапсен поради насилство врз своето малолетно дете – го пријавила бившата сопруга
    • Димитријевиќ : ПИОМ да не ги исплаќа пензиите на сметките во Алта банка, пензионерите мора да бидат заштитени
    • Николоски: Германија е важен партнер за нови инвестиции во Македонија
    • Пренџов: Филипче пак шири паника и хистерија, исто како што ширеа кога Кире Наумов пишуваше писма кои го чинеа народот 30 милиони евра
    • Трамп најави масовни помилувања во администрацијата по примерот на Бајден
    • Аларм за морбили во земјава: Потврдени четири случаи, меѓу заразените и три бебиња
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Павловска-Данева: Ефикасноста на уставното судство подразбира достапност, навременост, транспарентност и ефективна нормативна контрола

    Павловска-Данева: Ефикасноста на уставното судство подразбира достапност, навременост, транспарентност и ефективна нормативна контрола

    02.11.2026 во 20:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, предводена од претседателот д-р Дарко Костадиновски и судиите проф. д-р Ана Павловска-Данева и м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, учествуваше на меѓународната конференција во Белград, одржана по повод „20 години од Уставот на Република Србија“. Настанот се одржа од 28 до 30 октомври 2026 година во Република Србија.

    Во рамки на третата панел-дискусија, посветена на нормативната контрола, теоријата и практиката, свое излагање имаше судијката проф. д-р Ана Павловска-Данева.

    Судијата проф. д-р Ана Павловска Данева во своето излагање на тема „Механизми за подобрување на ефикасноста на уставното судство во вршење општа нормативна контрола“ истакна дека ефикасноста во спроведувањето на оваа дејност не се сведува само на постигнување на поголеми резултати со помалку вложени средства, туку тоа има многу пошироко значење кое опфаќа:

    1. Достапност до Уставниот суд,

    2. Навременост во постапувањето која е поврзана со предметот на нормативна контрола што е во надлежност на Судот и неговиот обем;

    3. Транспарентност на Судот изразена преку објавувањето на издвоените мислења на судиите;

    4. Употреба на интерпретативни одлуки како начин за отстранување на неуставните значења на законските норми без нивно укинување.

    Прашањата кои судија д-р Ана Павловска-Данева на конференцијата ги отвори за дебата во меѓународната стручна и научна јавност се однесуваат на потребата од редистрибуција на надлежноста за оценка на законитоста на подзаконските акти на единиците на локалната самоуправа од уставното во редовното судство по примерот на хрватскиот модел.

    Истовремено, судија Павловска-Данева го потенцираше значењето на апстрактната нормативна контрола бидејќи токму преку оваа дејност секој уставен суд ја остварува својата улога на врховен чувар на највисоките правни идеали како што се правдата, слободата, еднаквоста и правната сигурност.

    Во фокусот на дискусиите беа развојот на уставноста, современите предизвици на уставното судство, заштитата на човековите права, вештачката интелигенција и гаранциите за фер судење пред уставните судови.

    Конференцијата обедини претседатели и судии на уставни судови, судии на Европскиот суд за човекови права, претставници на Венецијанската комисија, високи претставници на правосудни институции и универзитетски професори.

    Прочитај повеќе

    Утре три прекини на струја во Скопје и околината

    02.11.2026 во 20:12

    Велешанец уапсен поради насилство врз своето малолетно дете – го пријавила бившата сопруга

    02.11.2026 во 20:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.