Close Menu
Press24
    Најново

    Повреден е режисерот Мајкл Ман, случајно си пукал во нога

    02.11.2026 во 23:09

    Туск го обвини Навроцки за блокирање на Уставниот суд

    02.11.2026 во 22:50

    Митева до Каранфилова Пановска: Ширите лажни вести и хистерија во врска со Алта Банка за ова треба да одговарате

    02.11.2026 во 22:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Повреден е режисерот Мајкл Ман, случајно си пукал во нога
    • Туск го обвини Навроцки за блокирање на Уставниот суд
    • Митева до Каранфилова Пановска: Ширите лажни вести и хистерија во врска со Алта Банка за ова треба да одговарате
    • Спасени десет лица во поплавите на грчките острови Самос и Родос
    • Забрана за телефони во училиштата во Мексико: Родителите стравуваат за безбедноста на децата поради криминалните банди
    • Тројца битолчани пријавени за насилство врз дете – нападнале татко и неговите три малолетни деца
    • Европска комисија: Сајбернападите врз фрижидерите во супермаркетите ја нагласуваат растечката закана
    • Да бидеме хумани даму помогнеме на Стефан да се врати кај својот едногодишен син
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Повреден е режисерот Мајкл Ман, случајно си пукал во нога

    Повреден е режисерот Мајкл Ман, случајно си пукал во нога

    02.11.2026 во 23:091 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Режисерот Мајкл Ман, познат по својот криминалистички трилер „Жештина“ (Heat), се повредил во несреќа на стрелиште во Лос Анџелес, потврди неговата гласноговорничка за новинската агенција ДПА.

    Порталот „Ти-ем-зи“ (TMZ) прв ја објави веста за несреќата, повикувајќи се на полициски извори. Според наводите, при инцидентот во саботата, Ман (83), кој е искусен рекреативен стрелец, случајно испукал куршум во ногата додека се обидувал да го стави пиштолот во футролата. Американскиот филмаџија притоа се здобил со „површински повреди“; сега тој прима медицинска помош и наскоро треба да биде пуштен од болница, според портпаролката.

    Ман е познат по режирањето сурови крими-трилери во коишто се појавиле некои од најголемите холивудски ѕвезди. Меѓу нив е класикот од 1995 година – „Жештина“, со Роберт де Ниро и Ал Пачино во напната игра на „мачка и глушец“; потоа „Колатерал“ (Collateral) од 2004, со Том Круз како безмилосен платен убиец на улиците на Лос Анџелес, а ја режираше и филмската адаптација на ТВ-серијата „Пороците на Мајами“ (Miami Vice), каде што Колин Фарел и Џејми Фокс глумат детективи кои ловат криминалци. 

    Прочитај повеќе

    Денеска се празнува Светиот маченик Артемиј

    02.11.2026 во 09:09

    Дневен хороскоп: Бикот да покаже подготвеност за компромис, Девицата да не го анализира секој збор

    02.11.2026 во 09:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.