- Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар
- Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца
- Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе
- Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата
- Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања
- Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада
- Сали во Даблин: Охридскиот договор е трајна обврска, а не само историски документ
- Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси
Author: Author 04
Припадниците на Српската армија, на барање на локалните власти, започнаа со обезбедување помош во водоснабдувањето на домаќинствата на териториите на Бујановац, Велико Градиште и Крушевац, поради долготрајната суша. Воените тимови со цистерни првенствено надополнуваат бунари и резервоари за вода за домаќинствата и за напојување на добитокот во Доње Ново Село кај Бујановац, Велики Шиљеговац кај Крушевац и во местото Рама кај Велико Градиште. Ангажманот со цистерни ќе трае сè до стабилизирање на хидролошките услови во овие региони. Покрај водоснабдувањето, инженериските единици се грижат за одржувањето на понтонските мостови над Велика Морава кај Свилајнац и над Дунав во Земун. Истовремено, воено-медицински…
Синоќа во 23:45 часот во СВР Скопје, Н.В.(49) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Чаир, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од четири лица, соопшти МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Тетово поднело кривична пријава против А.К.(29) и Б.С.(56), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама’’ и „помагање“ во врска со кривично дело „измама“. Имено, во септември 2025, А.С. од Тетово му го позајмил неговото патничко возило на првопријавениот, кој не му го вратил на оштетениот поради наводен дефект, туку го продал на второпријавениот.
Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Колумбија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Според Националната единица за управување со ризици од катастрофи на Колумбија (UNGRD), потресот бил на длабочина од 79 километри, со епицентар во близина на Сан Хозе дел Палмар. Од UNGRD преку социјалните мрежи информираа дека институцијата е во постојана комуникација со локалните власти за потврда и проценка на евентуалната штета. Гувернерката на покраината Чоко, Нубија Каролина Кордоба-Кури, изјави дека се пријавени голем број повредени лица, а забележани се и сериозни оштетувања на објектите. Земјотресот предизвика масовни евакуации на населението од зградите и…
Вчера во 19:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 16:50 часот во здравствена установа на подрачјето на Карпош, Ф.С. – вработен во Итна медицинска помош агресивно се однесувал и со остар предмет упатувал закани кон медицинскиот персонал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 08:55 часот во СВР Скопје, В.А.О.(23) од Австрија пријави дека околу 04:30 часот на подрачјето на Центар, две лица физички го нападнале и се обиделе да му одземат пари и лични предмети, при што едниот од нив со остер предмет му нанел расекотина. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 17:25 часот СВР Тетово сам се пријавил Џ.Ш.(24) од Тетово. Претходно, неговата поранешна 26-годишна сопруга пријавила дека подолг период ѝ упатувал закани по нејзиниот и животот на нејзиното семејство преку социјална мрежа, а на 06.08.2026 околу 21:00 часот ја следел и снимал за време на семејна прослава во угостителски објект. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионален пат кон ХЕЦ Козјак, во атар на с.Варвара, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Џ.(19) од с.Црн Врв, скопско, патничко возило „сеат” со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(31) од с.Батинци, скопско, товарно возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.С.(63) од с.Малчиште, скопско и патничко возило „форд” со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.(47) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Р.(18) од с.Батинци, сопатник во возилото „голф“, а со телесни повреди се…
Двегодишно дете вчера било донесено во Општата болница во Куманово поради труење со лекови, информираат од полицијата. Случајот бил пријавен вчера во 14:28 часот во СВР Куманово од страна на лекар од кумановската болница. Од Општа болница Куманово потврдуваат дека детето било веднаш примено на Одделението за педијатрија, каде му била укажана соодветна медицинска помош. По подобрување на состојбата, тоа денеска е пуштено на домашно лекување. Од СВР Куманово информираат дека се преземаат сите потребни мерки за целосно расчистување на случајот. Ова е втор ваков случај во Куманово за само две недели, откако неодамна уште едно двегодишно дете заврши во…
Здружението на новинари на Македонија алармира за директни закани по живот кон новинарот и колумнист Ерол Ризаов. Во коментари се повикува на негово физичко елиминирање. Се бара „јунак“ што ќе „расчисти“ со него. Се бара да биде „решен на експресен начин“. Ова не е обичен интернет-инцидент. Ова е директна последица од политиката што ја води Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО, се вели во соопштението од СДСМ. „Политика на поделби. Политика на сеење омраза. Политика од деведесеттите години. Мицкоски ја официјализираше оваа атмосфера уште на најголемиот државен празник – Илинден, кога дел од граѓаните што не се согласуваат со…
