Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
    • Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
    • Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Заканите кон новинар се последица на политиката на Мицкоски

    СДСМ: Заканите кон новинар се последица на политиката на Мицкоски

    10.08.2026 во 14:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Здружението на новинари на Македонија алармира за директни закани по живот кон новинарот и колумнист Ерол Ризаов. Во коментари се повикува на негово физичко елиминирање. Се бара „јунак“ што ќе „расчисти“ со него. Се бара да биде „решен на експресен начин“. Ова не е обичен интернет-инцидент. Ова е директна последица од политиката што ја води Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО, се вели во соопштението од СДСМ.

    „Политика на поделби.

    Политика на сеење омраза.

    Политика од деведесеттите години.

    Мицкоски ја официјализираше оваа атмосфера уште на најголемиот државен празник – Илинден, кога дел од граѓаните што не се согласуваат со неговата политика ги нарече „талог“.

    Оттогаш кампањата продолжи. Секојдневно. Систематски.

    Кога премиер го дели народот на „патриоти“ и „талог“, кога со месеци се создава атмосфера во која поинаквото мислење се третира како непријателство, тогаш заканите кон новинари се само логична последица.

    Бараме итна и целосна реакција од МВР.

    Бараме идентификација на профилите што се закануваат со смрт.

    Бараме Јавното обвинителство да постапи без одложување.

    Слободата на говорот и безбедноста на новинарите се темелни права на секое слободно и демократско општество. 

    Не смееме да ја заборавиме деценијата на мрак под власта на ВМРО и Груевски. 

    Денес, Мицкоски повторно се обидува да создаде атмосфера на страв, притисок и замолчување. Не смееме да дозволиме истото да се повтори.

    Оваа атмосфера на омраза ја создадоа тие. Тие треба да одговараат за последиците“, велат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар

    29.10.2026 во 20:46

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.