Author: Author 04

Со новиот Закон за внатрешни работи, кој го донесоа и го менуваа неколку пати за само една година, ВМРО-ОКГ и Панче Тошковски ги деградираат професионалците и инсталираат партиска војска во полицијата, нагласи генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција пред Уставниот суд. Димитријевиќ посочи дека новиот Закон за внатрешни работи содржи низа спорни одредби со кои наместо професионализација се создава партизација.  „Тошковски прераспоредува полициски службеници „по потреба на службата“, без никакви критериуми и без согласност на вработените. Професионалци со 30 години искуство, кои со децении граделе кариера, преку ноќ се уназадени од раководни позиции до најниски извршители.…

Повеќе

Во Основниот суд во Штип денеска продолжи судењето против 75-годишниот Денис Асанов, обвинет за бруталното убиство на Борјанка Николова (79). Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено на свиреп начин, кое според обвинението е квалификувано како родово базирано насилство. На денешното рочиште беа презентирани клучни докази од истрагата, вклучувајќи фотографии и видео материјали од местото каде што беше пронајдено телото на жртвата. Додека во судницата се прикажуваа морбидните кадри од куќата и дворот, обвинетиот Асанов ладнокрвно коментираше пред присутните дека целата истрага и пронајдените докази биле „само шминка“. Истрагата претходно утврди дека Николова исчезнала на 5 октомври минатата година,…

Повеќе

Министерството за дигитална трансформација и Државниот завод за статистика (ДЗС) промовираа три нови електронски услуги достапни на порталот uslugi.gov.mk. Станува збор за електронски обрасци наменети за студентите кои дипломирале на додипломски студии, како и за лицата кои се стекнале со називот магистер, специјалист или доктор на науки. Министерот Стефан Андоновски истакна дека со овој чекор целосно се затвора пакетот услуги за високото образование. Најголемата придобивка за корисниците е драстичното кратење на времето за пополнување на документацијата. Наместо досегашните 10 минути, сега процесот трае само минута до две, бидејќи обрасците се веќе „предпополнети“ со податоци кои системот автоматски ги повлекува од…

Повеќе

Управата за хидрометеоролошки работи најавува нестабилно време за претстојната сабота, особено во источните делови на земјата каде се очекуваат врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Најизразен метеоролошки феномен ќе биде засилениот северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 70 километри на час. Сепак, веќе од недела следува стабилизација. Метеоролозите предвидуваат сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ваквиот тренд на пријатни температури ќе продолжи и во првите денови од работната недела, со исклучок на среда, кога повторно се очекуваат локални врнежи од дожд.

Повеќе

Општина Аеродром го издаде првото одобрение за градење со комплетно ослободени комуналии, мерка која неодамна беше усвоена од Советот на општината. Првиот жител кој ја искористи оваа поволност е Гоце од Долно Лисиче, со што и официјално започна имплементацијата на поддршката за младите при решавање на станбеното прашање. Според одлуката на Општината, сите млади лица до 35 години кои градат, доградуваат или надградуваат сопствен дом, добиваат целосно ослободување од комуналиите во делот што и припаѓа на Општина Аеродром. Оваа мерка беше усвоена уште на првата седница на новиот состав на Советот со цел да им се даде директен поттик на…

Повеќе

Цените на нафтата на светските берзи забележаа нагло зголемување, достигнувајќи ги највисоките нивоа во последните неколку години. Според последните податоци од пазарите, северноморската нафта „Брент“ се тргува по цена од 109 до 111 долари за барел, додека американската „WTI“ нафта се искачи на околу 111 долари. Ова ненадејно поскапување изнесува меѓу 8 и 11 проценти за само еден ден, што јасно ја рефлектира моменталната нестабилност на глобалниот пазар. Главната причина за ваквиот тренд се геополитичките тензии на Блискиот Исток и стравот од можни прекини во снабдувањето преку клучниот Ормутски теснец. Аналитичарите предупредуваат дека нафтата веќе ја проби психолошката граница од…

Повеќе

Националниот парк Шар Планина упати сериозен апел до сите посетители и жители на планината да покажат максимална внимателност кон дивите кози во овој зимски период. Овие животни, кои се типични жители на високите планински предели, моментално се соочуваат со екстремни тешкотии при обезбедувањето храна поради длабокиот снег и ниските температури. Од Паркот појаснуваат дека за да преживеат, дивите кози во зима влегуваат во специфична состојба на „полу-летаргија“ со цел да заштедат енергија. Секое вознемирување од страна на луѓето, бучава или прогонување, ги принудува животните на нагло трчање. Тоа предизвикува неповратно трошење на масните резерви кои се клучни за нивниот опстанок…

Повеќе

Рускиот претседател Владимир Путин за време на средбата со египетскиот министер за надворешни работи, Бадр Абделати, порача дека ситуацијата на Блискиот Исток претставува „заедничка грижа“ за Москва и Каиро. Путин нагласи дека Русија е подготвена активно да помогне во нормализацијата на состојбите во овој турбулентен регион. „Се надеваме дека сегашниот конфликт ќе биде брзо решен. Дозволете ми да повторам дека сме подготвени да направиме сè за да помогнеме во стабилизирањето на ситуацијата и да ја вратиме во нормала“, истакна Путин на состанокот во Кремљ. Рускиот претседател во својот говор се осврна и на меѓународните напори за мир, споменувајќи ги и…

Повеќе

Потпишувањето на 60 поединечни колективни договори со институциите од јавниот сектор претставува историски момент кој досега не се случил од осамостојувањето на државата, смета професорот по трудово право Лазар Јовевски. Тој во гостување на ТВ „Њузмакс“ истакна дека со овој процес се создава лепеза на подобрени права, чија круна е најавеното покачување на платите од 42 до 43 проценти во период од две години. Според пресметките на професорот, покачувањето е системско и врзано со основицата и растот на минималната плата. „Оваа година веќе имаме речиси 14 проценти зголемување на основната плата. Тоа не се само седум проценти, туку двојно повеќе…

Повеќе

Најмалку 43 лица ги загубија животите во брутален напад на бунтовничката група Сојузнички демократски сили (АДФ), поврзана со Исламската држава, во источниот дел на Демократска Република Конго. Нападот се случил во средата вечерта во селото Бафвакоа, потврдија воените власти. Додека официјалното соопштение на армијата наведува 43 жртви, локалните претставници алармираат дека бројот е многу поголем. Според нивните информации, во масакрот се убиени најмалку 56 лица, неколкумина се водат како исчезнати, а најмалку двајца се земени како заложници. Оваа исламистичка група, која потекнува од Уганда, дејствува од двете страни на границата и е позната по честите напади врз цивилното население. Конгоанската…

Повеќе