- Мицкоски: Од утре почнува реконструкцијата на владата
- Бугарија е против некои санкции на ЕУ кон Русија, вели шефицата на бугарската дипломатија
- Мицкоски за спорот со Бугарија: Нема пазарење со нашиот македонски идентитет
- Мицкоски: Почнавме од нула, денес градиме модерна Македонија
- Руте: Се намалува бројот на војници на КФОР
- Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ беше под жесток политички прогон, но денес е посилна од кога било
- Мицкоски: Секогаш кога сакаа да ја уништат, ВМРО се враќаше посилна
- Дански баталјон ќе биде распореден во Летонија за одвраќање на Русија
Author: Author 04
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска ќе одлучува за новите цени на горивата.Моменталните цени на нафтените деривати изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 92,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 50,410 (денари/килограм)Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 31.3.2025 година.
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе присуствува на официјалното пуштање во употреба на шесте целосно реконструирани операциони сали на хируршките клиники во рамките на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. По завршувањето на настанот, предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите во врска со инвестицијата и подобрувањето на условите во јавното здравство.
Последната недела пред најголемиот христијански празник Велигден е позната како Страдална или Страстна седмица. Овој период е посветен на споменот на последните денови од земниот живот на Спасителот Исус Христос, Неговите страдања, смртта и погребението. Името потекнува од црковно-словенскиот збор „страст“, што означува мака и страдање. Оваа недела се нарекува и Велика седмица поради значењето на настаните кои се случиле во неа. Светата Црква преку посебни богослужби ги пренесува библиските содржини, зближувајќи ги пророштвата од Стариот и настаните од Новиот завет. Свети Јован Златоуст го објаснува значењето на овие денови: „Во таа седмица е пресудена древната тиранија на ѓаволот, победена…
Денеска во Македонија се очекува сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност. Според синоптичарите, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат во интервал од 19 до 25 степени, додека утринските се спуштија до нулата во некои делови. Во Скопје и околината времето ќе биде претежно сончево со слаб северен ветер. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 25 степени Целзиусови. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавуваат дека стабилното време ќе се задржи до средината на неделата, по што следува промена. „Со средината на седмицава ќе се задржи…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Перу со седиште во Букурешт, Глорија дел Кармен Оливарес. Сиљановска-Давкова истакна дека двете држави веќе 20 години градат пријателски односи, засновани на меѓусебно разбирање и заемна почит. „Време е за збогатување на соработката со нови форми и содржини. Во ера на глобализација, вештачка интелигенција и дигитализација, географската оддалеченост се релативизира“, рече таа. Според претседателката, постојат големи можности за унапредување на соработката, особено во сферата на економијата, културата, туризмот, образованието и науката. Со оглед на тешките времиња во коишто живееме, претседателката, во јакнењето на мултилатерализмот, како функционален механизам…
Преку потпишување на меморандум помеѓу Агенцијата ИНОВА и државните универзитети, се официјализираше соработката насочена кон зајакнување на научно-технолошкиот развој. Министерката за образование, Весна Јаневска, порача дека академската заедница е столбот на знаењето и иновациите. Јаневска најави дека државата останува фокусирана на инвестиции во науката, согласно Стратегијата за паметна специјализација. „Се радувам што преку ИНОВА ја зајакнуваме соработката со универзитетите, затоа што токму академската заедница е клучниот двигател на знаењето, иновациите и општествениот напредок. Верувам дека заедно ќе изградиме поквалитетен високообразовен систем, ќе создадеме повеќе можности за научни и технолошки достигнувања и ќе развиваме кадар подготвен да одговори на современите предизвици.“…
Лондонската полиција уапси тројца тинејџери под сомнение за убиство на 14-годишно момче во населбата Вулич, југоисточен Лондон. Меѓу приведените се две малолетни лица на возраст од 14 и 16 години, како и еден 18-годишник, кои моментално се наоѓаат во притвор. Инцидентот се случил во четвртокот попладне на улицата „Лорд Ворвик“, во близина на железничките станици. Иако полицијата првично не можеше да го идентификува телото, подоцна беше потврдено дека жртвата е дете на 14-годишна возраст. Главниот инспектор Луси Кард, која раководи со истрагата, упати апел до јавноста за помош. „Нашите мисли се со семејството и најблиските на момчето. Свесни сме за…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација, Дмитриј Константинович Зиков. Сиљановска-Давкова изрази уверување дека дипломатските активности на амбасадорот ќе бидат насочени кон професионално застапување на интересите на Руската Федерација и на рускиот народ, во рамките на меѓународното право. За амбасадорот Зиков, претставувањето на неговата земја на македонско тло е висока мисија. Тој изрази подготвеност од руска страна за отворена соработка и за воспоставување рамноправни и заемно корисни односи во име на просперитетот, благосостојбата и развојот. ,,Посакувам доаѓањето на големиот христијански празник – Велигден, да означи крај на војните и почеток на нова ера…
Вчера во 10:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари, едно лице кое претходно се понудило да и помогне на З.Е.(73) од Скопје да ја испрати до нејзиниот дом, со употреба на физичка сила ѝ одзело чанта со пари, лични документи и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во Основниот кривичен суд денеска продолжи вкрстеното испрашување на српскиот медицински вештак Давор Радосављевиќ, кој го изработи клучниот наод за обвинителството во случајот „Онкологија“. На обвинителната клупа се поранешниот директор Нино Васев и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, обвинети за несовесно лекување. Вештакот пред судот беше дециден: во документацијата за 16 анализирани пациенти забележал сериозни неправилности. Тој истакна дека кај повеќето од нив имало влошување на состојбата поради непочитување на редоследот на терапиите, а често недостигале основни медицински податоци како молекуларна патологија и систематски КТ-наоди. Додека одбраната тврди дека вештачењето е нецелосно и дека не се почитувале македонските упатства,…
