Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тренчевска: Власта седи во удобни фотелји, се луксузира и не презема ништо
    • Мицевски до СДСМ: Зборуваме за истиот Вучиќ, оној Вучиќ со кој во Белград заедно со чаша вино пеевте српски песни
    • Тренчевска побара оставка од Стоилковиќ: Дали ќе им се извини на пратениците и граѓаните за навредите и пцуењето во Собранието
    • Мицкоски: Доделени се ваучери за инвертер клими за повеќе од 500 социјални семејства
    • (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари
    • Еболата се шири надвор од епицентарот во Конго: Бројот на жртви надмина 3.300
    • Познат генерал пронајден мртов: Застрелан во главата
    • Хорор во камп во Неос Мармарас: Чакал нападнал дете додека било во шаторот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Додека СДС се препелкаат во сопствениот талог, институциите ги решаваат проблемите со водата

    ВМРО-ДПМНЕ: Додека СДС се препелкаат во сопствениот талог, институциите ги решаваат проблемите со водата

    17.08.2026 во 09:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДС никако да сопре со ширењето хистерија, страв и паника меѓу граѓаните. Ќе заврши со една тема, ќе почни со друга. Ќе заврши со водата за пиење во едно населено место, ќе се префрли во други. Па така, СДС почна со Гостивар, со неуспешниот обид за ширење дезинформации за квалитетот на водата, за што експресно беа демантирани, се префрли во Скопје, за на крај да заврши на селската чешма со кисела вода во Кривогаштани, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    “И за тоа немаат ниту грам срам, грижа на совест, ниту одговорност, ниту пак имаше извинување од нив за хистеријата и дезинформациите кои ги ширеа по насока на двоецот Венко Филипче и Зоран Заев додека уживаат на јахта во Грција.

    Но додека СДС се препелкаат во сопствениот талог и кал, институциите работат и ги решаваат проблемите, меѓу кои и тие со водата.

    Така, во Гостивар надлежните институции за неполн месец целосно, како никогаш до сега, го исчистија градскиот водоводен систем и по сите потребни направени испитувања, се потврди дека водата е безбедна за пиење.

    Гостиварци веќе имаат безбедна питка вода, а СДС, наместо да ги прифати фактите, со своите настапи продолжува да создава сомнеж кај граѓаните.

    Граѓаните не треба и не смеат да бидат заложници на партискиот хаос и паника кој владее во СДС и кои сега, додека Филипче е на Паљури со Заев, се поголеми од кога било.

    Затоа им порачуваме на СДС, наместо да измислуваат кризи, подобро повеќе да се занимаваат со самите себе, да се справат и да го решат сопствениот хаос и дезориентираност во кој длабоко се заглавени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Тренчевска: Власта седи во удобни фотелји, се луксузира и не презема ништо

    11.09.2026 во 15:56

    Мицевски до СДСМ: Зборуваме за истиот Вучиќ, оној Вучиќ со кој во Белград заедно со чаша вино пеевте српски песни

    11.09.2026 во 15:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.