Бугарските власти вратија пратка од 11,6 тони пиперки потекло од Македонија, откако лабораториските испитувања утврдиле присуство на пестицидот форметанат над законски дозволените граници.
Пратката влегла во Бугарија преку граничниот премин Златарево и била наменета за трговска фирма од Петрич.
Веднаш по пристигнувањето, зеленчукот бил задржан и ставен под забрана за продажба сè до добивањето на официјалните резултати од анализите.
Откако лабораторијата потврдила дека нивото на пестицидот е над дозволеното, бугарската Агенција за безбедност на храната донесла одлука за целосно враќање на пратката во земјава, со што пиперките воопшто не биле пуштени во промет на бугарскиот пазар.

