- Млад Арачиновец со товарно возило удрил во возило на МВР
- Клековски најави формирање комисија за случајот со Ива Михајлова, во ревизијата ќе бидат вклучени и експерти од странство
- Нетанјаху остана без поддршката од старите сојузници: Се отвора патот на Ајзенкот до премиерскиот мандат
- Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори
- Сали во германскиот Бундестаг: Постепената интеграција треба да донесе конкретни придобивки за граѓаните и пред членството во ЕУ
- Мицкоски утре ќе го добие извештајот на ЕК за Македонија
- Ѓорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје – 6.000 до крајот на сезоната
- Си-би-ес: Доналд Трамп размислува за смена на министерот за одбрана
Author: Author 04
Моќен звук, извонредна музичка енергија и публика која со воодушевување ја проследисекоја изведба , концертот „Македонски сновиденија“ на Националниот џез оркестар приредивечер за паметење на сцената на Долни Сарај, во рамките на 66. издание на фестивалотОхридско лето. Под диригентската палка на Владимир Николов, врвните музичари ја поведоа публиката низуникатно музичко патување во кое македонскиот фолклор се сретна со слободниот исовремен јазик на џезот. Новите аранжмани на познатите народни мелодии и оригиналнитеавторски композиции прозвучија автентично, смело и светски. Еден од впечатливите моменти на вечерта беше изведбата на „Билјана платно белеше“, вонов џез-аранжман на Гордан Спасовски, создаден по иницијатива на А1 Македонија.Познатата…
Родители извозиле околу 100 километри на автопат во Италија без да забележат дека нивниот 31-годишен син починал на задното седиште од автомобилот, мислејќи дека тој спие, објави „Кориере дела Сера“. Трагедијата се случила вчера околу 7:30 часот на автопатот А21 Торино-Пјаченца, додека семејството со романско потекло патувало кон Торино. Таткото управувал со возилото, мајката била на совозачкото место, а нивниот син седеле на задното седиште. Младиот човек престанал да реагира за време на возењето, но неговите родители првично претпоставиле дека се одмара. Откако по долго време се обиделе да го повикаат и не добиле одговор, го запреле автомобилот на најблиското…
Најмалку десет лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа откако туристички автобус се преврте во планински регион во близина на Рио де Жанеиро, Бразил, соопшти Федералната сообраќајна полиција. Несреќата се случила во раните утрински часови, околу 4:30 часот по локално време, во моментот кога возилото се спуштало по планинскиот пат кон градот, пренесува локалниот портал „Гаучаж“. Автобусот, кој е во сопственост на превозничката компанија „Estrela Guia Turismo“, сообраќал на релација од Бело Хоризонте кон познатото туристичко место Копакабана, сместено во јужната зона на Рио де Жанеиро. Според официјалните информации од противпожарните екипи кои интервенирале на теренот, уште две лица…
Вчера во 15:40 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија до слобода Б.С.(67) од Битола. Тој се сомничи дека околу 12:35 часот предизвикал пожар на ул.„4 Ноември“ во Битола, при што била зафатена сува трева и дрвени палети во неговото поранешно стовариште. Пожарот бил изгаснат од екипа на територијланта противпожарна екипа од Битола, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Битола и по целосно документирање на случајот, против него ќе боиде поднесена соодветна пријава.
Грчката крајбрежна стража спаси 41-годишна државјанка на Бугарија која западнала во проблеми во морето кај Халкидики додека возела даска за веслање (SUP), но по акцијата ѝ изрече административна казна поради непочитување на безбедносните прописи. Инцидентот се случил вчера наутро во близина на Уранополис, кога жената влегла во морето со даската, но поради ненадејното влошување на времето не успеала самостојно да се врати. По добиениот сигнал за помош, веднаш била покрената спасувачка операција во која учествувале офицер од крајбрежната стража, оператори на водни атракции, водно такси и уште две пловила кои се наоѓале во непосредна близина. Бугарската државјанка била пронајдена кај…
Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати. Претходната недела дизелот се намали за 8 денари за литар по што сега изнесува 91,50 денари за литар. Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинија за по 4 денари за литар. Новата максимална цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 87 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава по најмногу 89 денари за литар.
Септемвриската пензија, која на пензионерите ќе им биде исплатена во текот на месец октомври, ќе биде повисока, а најавите од властите се дека ова зголемување треба да донесе олеснување за највозрасната категорија граѓани. За разлика од изминатиот период кога се применети неколку линеарни покачувања, следното усогласување ќе се пресметува процентуално и ќе зависи од висината на месечните примања. Тоа значи дека пензионерите нема да добијат идентичен износ во денари, односно оние со повисоки пензии ќе добијат и поголемо покачување. Точниот процент за усогласување сè уште не е официјално утврден, бидејќи се чекаат финалните релевантни економски показатели кои влегуваат во пресметката.…
Општина Центар и оваа учебна година продолжува со мерката за обезбедување бесплатни училишни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение во осумте општински основни училишта. Мерката, која Општината ја воведе минатата година, продолжува и во учебната 2026/2027 година, со цел да се намалат социјалните разлики меѓу учениците и да се создаде училишна средина во која секое дете ќе се чувствува еднакво и прифатено. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека обезбедувањето бесплатни униформи е дел од заложбите на Општината за еднакви услови за сите деца. „Училиштето треба да биде место каде што децата ќе се разликуваат по…
Во среда православните верници го одбележуваат Преображение Господово, еден од 12-те најголеми Христови празници кој секоја година се празнува на 19 август. Според народната традиција, овој празник означува пресвртна точка во годината кога природата почнува да се менува, а со тоа завршуваат и најголемите летни жеги. Народните верувања велат дека на овој ден настанува промена во природата – „се преобразуваат и листот во гората и каменот во водата“, а според старите, со овој празник завршува летото. Исто така, постои верување дека во текот на ноќта небото се преобразува три пати. Меѓу народните обичаи, се верува дека на овој ден не…
Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа на ЕВН Македонија, денеска дел од корисниците во Скопје ќе се соочат со привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија. Според информациите од ЕВН, распоредот за прекините е следниот: Од компанијата информираат дека ваквите активности се спроведуваат со цел подобрување на квалитетот и сигурноста во снабдувањето со електрична енергија.
