- Мицкоски: Од утре почнува реконструкцијата на владата
- Бугарија е против некои санкции на ЕУ кон Русија, вели шефицата на бугарската дипломатија
- Мицкоски за спорот со Бугарија: Нема пазарење со нашиот македонски идентитет
- Мицкоски: Почнавме од нула, денес градиме модерна Македонија
- Руте: Се намалува бројот на војници на КФОР
- Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ беше под жесток политички прогон, но денес е посилна од кога било
- Мицкоски: Секогаш кога сакаа да ја уништат, ВМРО се враќаше посилна
- Дански баталјон ќе биде распореден во Летонија за одвраќање на Русија
Author: Author 04
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против градоначалникот на општина Струга М.Ќ.(65) од с.Биџево, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. На 18.11.2025, во својство на градоначалник на општина Струга, спротивно од Законот за јавни претпријатија, донел одлука за именување на вршител на должност директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Струга, со која го назначил М.Ј. од Струга и покрај тоа што знаел дека нема соодветно образование и соодветен сертификат за познавање на англиски јазик и не исполнува повеќе услови од Законот јавни претпријатија. Со тоа му овозможил противправно…
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука за определување на малопродажните цени на нафтените деривати во која се вклучени повластената стапка на ДДВ од 10% (освен за мазутот) и намалените износи на акцизите за дизелските фракции од 4 ден/лит и од 2 ден/литза бензинските фракции.Со денешната одлука малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,41% во однос на одлуката од 30.3.2026 година.Од 7.4.2026 година од 00:01 часот максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 83,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР…
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција го актуелизираше случајот со аудио снимките во кои бизнисменот Миодраг Давидовиќ Дака разговара со посредникот Зоран Милески Кичеец. Според партијата, постојат сериозни индиции дека поранешниот премиер Зоран Заев бил подмитен со 4 милиони евра за промена на Деталниот урбанистички план (ДУП) во Тетово. Петрушевски посочи дека според снимките, за возврат на оваа сума требало да се овозможи изградба на комплекс со околу 2.000 станови, чија вредност се проценува на 200 милиони евра. „Јавното обвинителство под диктат на Заев и СДС не ги истражи овие индиции и сомнежи за поткуп вреден 4 милиони…
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција упати сериозни обвинувања за постоење на прекугранична мрежа за политичка манипулација. Според СДСМ, моделот на владеење на унгарскиот премиер Виктор Орбан, српскиот претседател Александар Вучиќ и македонскиот премиер Христијан Мицкоски се заснова на контрола на медиумите и пласирање лажни афери. Од партијата посочуваат дека најновиот случај со наводните експлозиви во Кањижа е дел од операција за создавање паника во финишот на изборната кампања во Унгарија. „Ова е истата шема која ја гледаме со години во Македонија: лажни афери, пласирање страв и анти-ЕУ пропаганда преку медиуми контролирани од луѓе блиски до Орбан, со…
Мицкоски најави офанзива во здравството и образованието: Се бараат финансии за Штип, Кичево и Тетово
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос тоа дека денес се отвораат нови хируршки сали во склоп на здравствениот систем и за тоа каков е планот за најавените вложувања во образовна инфраструктура, изјави: „Па би сакал да кажам дека, исто така кога станува збор за здравството, имаме синергија и со образованието. Во тек е процесот, односно нашето барање како Влада до меѓународни финансиски институции коишто би се вклучиле во процесот на финансирање на проектот за конечно завршување на Клиничкиот центар, односно Клиничката болница во Штип, заедно со Медицинскиот факултет и студентскиот…
Серија од четири земјотреси утрово повторно предизвика вознемиреност во северозападна Грција, поточно во поширокиот регион околу градот Јанина. Најсилниот потрес е регистриран рано наутро, со магнитуда која се проценува меѓу 4,2 и 4,6 степени според Рихтеровата скала. Иако тлото е активно веќе неколку недели, засега нема извештаи за повредени лица или поголема материјална штета. Познатиот грчки сеизмолог Ефтимиос Лекас упати апел до граѓаните да останат смирени, нагласувајќи дека нема причина за паника. „Станува збор за продолжување на низата потреси што трае од почетокот на март. Ова е активност со пониски магнитуди што внимателно се следи од страна на надлежните служби…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на шест целосно реконструирани операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Тој најави дека ова е само прва фаза од поголем проект кој предвидува вкупно десет вакви современи објекти. Според најавите, преостанатите четири сали се очекува да бидат готови за неколку месеци, со што ќе се заокружи модернизацијата на овој блок. „Очекувам дека од почетокот на летото ќе имаме можност да видиме уште еден проект којшто ќе биде завршен, а тоа е во болницата ‘8 Септември’, каде што исто така ќе имаме супер модерни операциони сали и со тоа ќе бидеме…
Денешното рочиште за пожарот во Кочани во кој загинаа 63 лица, помина во знакот на емотивното сведочење на Наско Карадаковски. Тој откри дека неговиот син Александар дознал дека е управител на фирмата поврзана со сопствениците на „Пулс“ дури кога се повредил и сфатил дека сам мора да ги плаќа болничките трошоци. Сведокот истакна дека неговиот син бил под голем притисок и паника во периодот пред пожарот, свесен за одговорноста што ја носи како формален управител, иако реално не водел сметководство ниту одел во банка. Александар бил пријавен за да се спаси лиценцата на сопственикот Дејан Јованов. Покојниот работел во кафулето…
Во судницата во „Идризово“ денеска продолжи судењето за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, со сведочење на Наско Карадаковски, татко на починатиот Александар Карадаковски. Сведокот изнесе шокантни тврдења за работниот ангажман на неговиот син, посочувајќи дека тој бил поставен за управител на фирмата „МММ кафе“ без своја волја и без здравствено осигурување. Според сведочењето, Александар прифатил да биде управител на барање на првообвинетиот Дејан Јованов-Деко. „Ме изненади и го прашав дали знае кои се одговорностите на управител, ми рече – не, тоа си го прават Деко и Михајло. Ми кажа дека Деко го замолил зашто ‘немал кого да постави, а…
Времето утре сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Од среда и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во сабота. Поради продор на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Од четврток температурите ќе бидат во позначително опаѓање.
