Author: Author 04

Цените на нафтата пораснаа во вторник, откако изгледите за постигнување договор за прекин на војната на Блискиот Исток се намалија по објавата на Иран дека ќе усвои поофанзивен став и одлуката на САД да ја отфрлат можноста за продолжување на договорот за прекин на огнот, што ги зголеми загриженостите околу снабдувањето со енергија. Висок ирански функционер изјави за Ројтерс во понеделник дека Техеран одлучил да ја префрли својата политика од одбранбена во „целосна офанзива“ поради застојот во напорите за постигнување траен договор за прекин на војната со САД. Во меѓувреме, Вашингтон ја отфрли можноста за продолжување на привремениот договор за…

Повеќе

Поголемиот дел од српскиот град Нови Пазар остана без водоснабдување поради настанат голем дефект на главниот водовод во близина на филтер-централата. Екипите на ЈКП „Водовод и канализација“ се излезени на терен и работат на отстранување на дефектот, соопштија од компанијата. Според нивните првични проценки, се очекува дефектот да биде саниран до пладне, по што водоснабдувањето постепено ќе се нормализира.

Повеќе

Украина преку ноќта изврши масовен напад со беспилотни летала врз Москва и нејзината околина, при што според извештаите од руските канали на Телеграм и изјавите на жителите, оштетен е магацинот на најголемата онлајн продавница во Русија „Вајлдберис“. Ова претставува продолжување на украинските напади врз оваа компанија, пишува „Киев Индепендент“. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави дека воздушната одбрана соборила најмалку 197 украински беспилотни летала над поширокиот московски регион, додека според неофицијални информации во областа биле лансирани вкупно повеќе од 600 дронови. Регионалниот гувернер Андреј Воробјов изјави дека беспилотни летала погодиле магацин на компанијата „Вајлдберис“ и други објекти во близина на…

Повеќе

Денешниот ден носи различна динамика за секој хороскопски знак, со фокус на деловните приоритети, организацијата и личните односи. Астролошките предвидувања укажуваат на важни моменти во комуникацијата, финансиското планирање и одржувањето на балансот меѓу обврските и одморот:

Повеќе

Македонија и официјално го потврди своето враќање на Изборот за песна на Евровизија 2027, кој ќе се одржи во бугарскиот крајбрежен град Бургас. Според најавите на градоначалникот на Бургас, Димитар Николов, на претстојниот евровизиски натпревар се очекува рекордна конкуренција со претставници од повеќе од 40 држави. „Повеќе од 40 држави, рекорден број земји, ќе учествуваат следната година“, истакна градоначалникот Николов. Заклучно со 16 август 2026 година, според официјалните податоци на организаторите, своето учество на сцената во Бургас веќе го потврдија првите 20 земји. Меѓу нив се Австрија, Албанија, Бугарија како домаќин, Велика Британија, Германија, Грција, Данска, Израел, Италија, Канада, Латвија,…

Повеќе

Започна исплатата на парите од повратот на дел од ДДВ преку апликацијата „Мој ДДВ“, а граѓаните веќе пријавуваат дека средствата им легнуваат на трансакциските сметки. Станува збор за редовната исплата за вториот пресметковен период за месеците април, мај и јуни. Управата за јавни приходи и Министерството за финансии ги префрлаат средствата на сметките на корисниците кои редовно ги скенираат фискалните сметки. Согласно законските рокови, целосната исплата на повратот треба да заврши најдоцна до 31 август.

Повеќе

Министерот за здравство, Сашко Клековски, најави дополнително вонредно прскање против комарци, СМС пораки за заштита за жителите во загрозените подрачја и контрола на живината, апелирајќи до граѓаните на максимална дисциплина и намалување на водените површини и базените за рекреација. „Е сега тука доаѓаат предизвиците. Веќе во Скопје од Google Map е воочено дека има многу водени површини во засегнатите места, кои се користат за рекреативни цели. Тука ќе треба и зголемена дисциплина од сите нас. Знаеме сите, намалување колку е можно на водените површини. Јас знам дека е тешко во услови на високи температури да очекуваме луѓето да ги празнат…

Повеќе

Во текот на измината вечер (16/17.08.2026) во периодот од 23:00 до 05:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол на територијата на целата држава, при што санкционирани се 63 возачи. Од нив, по 12 на територијата на СВР Битола и СВР Куманово, по девет на територија на СВР Велес и СВР Охрид, осум на територија на СВР Куманово… Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани се четири возачи под дејство на алкохол, соопштија од МВР. Лишени од слобода…

Повеќе

СДСМ објави видео од експлозија на бомба во дворот на М. Б, вработен во МВР, поврзан со кумот на Мицкоски. Зошто се крие од јавноста?, прашуваат од СДСМ. Која е позадината?, исто така прашуваат од СДСМ. Од СДСМ најавија дека утре ќе објават детали доставени од свиркачи.

Повеќе

Дваесетгодишниот Јован Костадинов од Виница, кој спаси 21 живот во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани во март 2025 година, е еден од 16-те добитници на годинашната награда „Младинска храброст 2026“ (Young Courage Award). Признанието го доделува Академијата „Раул Валенберг“, во соработка со Шведскиот институт и шведските амбасади, за млади луѓе на возраст од 13 до 20 години кои со своите постапки поттикнуваат позитивни промени. Востановена во 2015 година во чест на Раул Валенберг, наградата им оддава признание на младите кои покажуваат извонредна храброст и морални вредности во своите заедници. Наградата им оддава признание на млади кои и покрај…

Повеќе