Close Menu
Press24
    Најново

    Вторник е неработен ден, потоа следува продолжен викенд

    04.09.2026 во 09:45

    Хрват покажал среден прст кон камерите – 700 евра казна

    04.09.2026 во 10:36

    Студен фронт го зафаќа регионот

    04.09.2026 во 10:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Гаши се сретна со турската министерка Ѓокташ: Размена на искуства за зајакнување на социјалните услуги и семејството
    • Уште една трагедија го потресе Куманово: Пронајден починат уште еден маж
    • Тешко повреден дебранец со „Харли Дејвидсон“, удрил во заштитна ограда кај Бошков мост
    • Проданоски со отчет за сработеното: Во Прилеп се реализираат 18 проекти вредни околу 12 милиони евра
    • Кузманоска: Македонската економија бележи забрзан раст од 4,3 проценти во вториот квартал
    • Гори во Ѓорче Петров, Македонски Брод, Струга, Куманово и Маврово-Ростуше, еден поѓар премина кон Косово
    • Приведен 85-годишник од струшко: Предизвикал пожар на отворен простор
    • (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Започна ослободувањето на трасата за конечно ставање во функција на мостот „Генерал Михајло Апостолски“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија се враќа на Евровизија: Потврдено учеството на изборот во Бургас за 2027 година

    Македонија се враќа на Евровизија: Потврдено учеството на изборот во Бургас за 2027 година

    17.08.2026 во 17:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија и официјално го потврди своето враќање на Изборот за песна на Евровизија 2027, кој ќе се одржи во бугарскиот крајбрежен град Бургас.

    Според најавите на градоначалникот на Бургас, Димитар Николов, на претстојниот евровизиски натпревар се очекува рекордна конкуренција со претставници од повеќе од 40 држави.

    „Повеќе од 40 држави, рекорден број земји, ќе учествуваат следната година“, истакна градоначалникот Николов.

    Заклучно со 16 август 2026 година, според официјалните податоци на организаторите, своето учество на сцената во Бургас веќе го потврдија првите 20 земји.

    Меѓу нив се Австрија, Албанија, Бугарија како домаќин, Велика Британија, Германија, Грција, Данска, Израел, Италија, Канада, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Норвешка, Романија, Сан Марино, Северна Македонија, Финска и Швајцарија.

    Покрај враќањето на Македонија на евровизиската сцена, посебно внимание привлекува и најавеното дебитантско учество на Канада, со што натпреварот се очекува да биде еден од најразновидните досега.

    Конечниот список на сите земји учеснички организаторите се очекува да го објават во наредниот период.

    Во меѓувреме, интерес за претставување на земјава веќе пројавија повеќе познати имиња од естрадата, меѓу кои Бојан Јовановски, Антониа Гиговска, Ивона Јо, Боби Андонов и Марио Арангеловски.

    Засега останува нејасно дали македонскиот претставник ќе биде избран преку интерен конкурс или преку фестивалско издание по примерот на некогашниот Скопски фестивал.

    Прочитај повеќе

    Гаши се сретна со турската министерка Ѓокташ: Размена на искуства за зајакнување на социјалните услуги и семејството

    05.09.2026 во 13:59

    Уште една трагедија го потресе Куманово: Пронајден починат уште еден маж

    05.09.2026 во 13:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.