Кривична пријава за сторени две кривични дела – „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“ заработи 45-годишен жител на делчевско село, откако физички и вербално го малтретирал сопственото дете. Постапката против осомничениот А.Л. ја покрена Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево.
Инцидентот се одвивал во два последователни дена во семејниот дом во селото, кулминирајќи со директен физички напад.
Како што информираат од полицијата за деталите од немилиот настан:
„На 07.11.2026 во семејниот дом во селото, пријавениот го навредувал своето 13 годишно дете, а на 08.11.2026 се обидел да го нападне со стаклен предмет, по што настaнала пресметка помеѓу нив.“

