Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стејт департментот нуди награди за информации за лидерите на Ал Каеда
    • Исчезната 84-годишна жена во скопски Илинден
    • Британските пратеници го одбија предлогот за легализација на евтаназијата
    • Канадски претприемач гради 99 куќи за да го намали бројот на бездомници во својот град
    • Успешно е извршена тешка операција на срцето на бебе кое нема ниту еден килограм
    • Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница
    • Драма во Белгија: Уапсен 15-годишен ученик за лажна дојава за бомба и евакуација на 850 деца во Гент
    • Засилени контроли за електрични тротинети – 33 прекршоци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Испразнете ги базентите, август и септември се пикот на западнонилската треска, посочи Клековски

    Испразнете ги базентите, август и септември се пикот на западнонилската треска, посочи Клековски

    17.08.2026 во 16:352 Mins Read
    ФОТО: Gemini_Generated_Image_l046nl046nl046nl
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство, Сашко Клековски, најави дополнително вонредно прскање против комарци, СМС пораки за заштита за жителите во загрозените подрачја и контрола на живината, апелирајќи до граѓаните на максимална дисциплина и намалување на водените површини и базените за рекреација.

    „Е сега тука доаѓаат предизвиците. Веќе во Скопје од Google Map е воочено дека има многу водени површини во засегнатите места, кои се користат за рекреативни цели. Тука ќе треба и зголемена дисциплина од сите нас. Знаеме сите, намалување колку е можно на водените површини. Јас знам дека е тешко во услови на високи температури да очекуваме луѓето да ги празнат базените меѓутоа мора да кажам дека мора да апелираме на максимална претпазливост. Апелот за максимална претпазливост е дека спрема епидемиолошките очекувања август и септември се месеци на врв на вакви епидемии, зборувам историски“, рече министерот Клековски.

    Соодветните насоки ќе им бидат доставени на сите засегнати општини.

    Епидемијата на западнонилска треска во Скопје беше официјално прогласена на 12 август во општините Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, а посебно во населените места Драчево, Пржино, Долно Лисиче, Кадино и Јурумлери.

    Во овие подрачја, како што информираше министерот, е договорено да се спроведе и вонредна контрола на живината.

    „Се согласивме на вонредна контрола на живина во загрозените подрачја. Посебен таргет е слободна живина во близина на канали за наводнување. Во последнато поголемо сучување на западнонилска треска во 2019 година, од девет контролирани кокошки е најдена една заразена кокошка во едно од подрачјата кое сега повторно е од загрозените подрачја. Така да, тоа е една од мерките што ќе се прави. Засилена е ентомолошката контрола или контролата на присутност на комарци и тоа ќе биде земено во предвид во однос на прскањето“, рече министерот Клековски.

    Тој упати апел до граѓаните да пријавуваат во Агенцијата за храна и ветеринарство доколку забележат мртви диви птици, посебно гаврани, кои се препознаени како резервоари за болеста.

    Во земјава досега се регистрирани 35 случаи на заразени од вирусот, евидентирани се три смртни случаи, а 16 лица во моментов се на болничко лекување, од кои шестмина се во критична состојба.

    Прочитај повеќе

    Исчезната 84-годишна жена во скопски Илинден

    11.09.2026 во 21:43

    Успешно е извршена тешка операција на срцето на бебе кое нема ниту еден килограм

    11.09.2026 во 20:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.