Author: Author 04

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, престојува во работна посета на САД, каде утре ќе ја предводи високата владина делегација на втората сесија од Стратешкиот дијалог меѓу двете земји. Овој состанок се смета за клучна платформа за продлабочување на партнерството со Вашингтон. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ) појаснуваат дека фокусот на разговорите ќе биде ставен на одбраната, безбедноста, економијата и енергетиката. „Стратешкиот дијалог е значаен за унапредување на соработката во области како сајбер-безбедноста, технолошката соработка и заедничката борба против транснационалните закани. Со ова се потврдува континуитетот на сојузништвото и посветеноста кон стабилноста на…

Повеќе

Вчера во 18:33 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека во Гевгелија, на место викано „Подвозник“, 30- годишен мигрант од Алжир додека се обидувал да се качи во возот кој се движел, паднал и возот поминал преку неговата десна нога. Лицето било пренесено во Медицински центар Гевгелија, каде му се констатирано тешки телесни повреди. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото изврши екипа на ОВР Гевгелија.

Повеќе

Вчера во 22:00 часот во СВР Скопје С.Д. (54) од Скопје пријави дека околу 21:00 часот во домот на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од Ј.М.(29) од Крива Паланка. Исто така на 06.04.2026 во 01:05 часот во СВР Скопје Ј.М. пријави дека на 05.04.2026 околу 21:00 часот со тврд предмет тој, неговиот брат и негов другар биле физички нападнат од С.Д.(54) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. ра/

Повеќе

Полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишија од слобода 63-годишниот Љ.Н. од Скопје, по пријава за социјално вознемирување и испраќање недолични содржини. Инцидентот бил пријавен во полициската станица во Кисела Вода. Според информациите од МВР, приведениот на 3 април 2026 година, преку социјална мрежа, испраќал вознемирувачки пораки и експлицитни фотографии на 36-годишна скопјанка. „По целосно документирање на случајот против Љ.Н. ќе следува соодветен поднесок до надлежното обвинителство“, соопштија од полицијата. Овој случај ја нагласува важноста на пријавувањето на дигиталното насилство и вознемирувањето преку интернет платформите.

Повеќе

На 05/06.04.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Б.К.(40), К.Т.(31), Т.А.(28), М.Р.(20) и 17-годишник, сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и дробилка. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Повеќе

Вчера во 23:05 часот во Скопје, поточно во близина на касарна Илинден, од страната на Аквадуктот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.В.Д.Б.(50) и Ј.Л.(63), двајцата од Холандија, по претходна пријава дека неовластено извршиле снимање со дрон, кој им бил одземен заедно со други предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Повеќе

Вчера (05.04.2026), во временскиот период од 13:00 до 19:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе зајакната акциска контрола во патниот сообраќај со посебен акцент на контрола на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. При контролата на автопатот Скопје-Штип со специјално возило пресретнувач сопственост на Министерството за внатрешни работи измерена е брзина на движење на патничко моторно возило „ауди“ со светиниколски регистарски ознаки управувано од А.Л(24) од Свети Николе од 212 километри на час, при што ја надминал максимално дозволената брзина на ограничување од 130 километри на час…

Повеќе

Вчера во 14:55 часот, во СВР Тетово е пријавено дека во Клиничка болница Тетово е примено 10-годишно дете, кое според пријавеното, испило поголема количина на лекови. Известен е јавен обвинител и Центарот за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираа од тетовската полиција.

Повеќе

Царинската управа спречи обиди за криумчарење на над 16 илјади парчиња лекови, 116 парчиња забни импланти, опрема за тетовирање, над 12 тони овошје и зелечук и златен накит. Во три случаи против осомничените се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво по Кривичниот законик.Во продолжение детали за случаите:

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека Владата има јасен правец и стратегија за справување со економската криза, нагласувајќи дека нема да дозволи носење решенија под притисок кои би можеле да имаат долгорочни негативни последици. За време на посетата на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, тој истакна дека сегашните долгови кои државата ги враќа се токму резултат на минати избрзани и криминални политики. Во однос на барањата за дополнително намалување на ДДВ-то за одредени производи, Мицкоски откри дека буџетот веќе трпи сериозни загуби. „Во буџетот веќе има загуби на дневна основа кои бројат милион евра на ден, но како Влада владееме со…

Повеќе