Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Зимата рано се буди: Метеоролозите откриваат кога паѓа првиот снег во Македонија
    • Македонија се создаваше низ лелеци и крици, не низ аплаузи: Премиерот со силни пораки за Денот на Македонската борба
    • Скопјанка оштетена за 2.000 евра: Се претставил како катастарец и ѝ ветил приватизација на државно земјиште
    • Полициска акција ширум Скопје и околината: Приведени повеќе лица поради поседување дрога
    • Доделени државните награди „23 Октомври“: Јолевски, Стојков и Лилчиќ Адамс се годинешните лауреати
    • Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови
    • Мицкоски: Откако сум премиер сите говорат за желбите, а никој за планините што ги носам
    • Франција пред нов бран протести како во короната: Воведени полициски час и забрани за собири, затворен музејот Лувр
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Охридскиот договор покажа дека научивме да живееме заедно

    Николоски: Охридскиот договор покажа дека научивме да живееме заедно

    13.08.2026 во 13:174 Mins Read
    ФОТО: Министерство за транспорт
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денес се навршуваат 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор —историски документ кој остави силна трага во развојот на државата. Четврт век е доволно долг период за да се извлечат одредени поуки, да се даде пообјективен осврт на она што се случувало во тие денови.   Македонија беше зафатена од една од најтешките кризи во поновата историја. Конфликтот чукаше на врата, но се избра патот на договорот, патот на компромисот и на политичката зрелост, истакна во своето обраќање заменик претседателот на Владата, Александар Николоски на Свечената седница по повод 25 години Охридски рамковен договор.

    “ Дефинитивно она што можеме да го кажеме е дека Македонија беше зафатена од една од најтешките кризи во поновата историја. Конфликтот чукаше на врата.  Постоеше неизвесност, поделби, страв и државата беше на ивица да стане држава на поделби, на раздор, на силен национализам. Пред 25 години државата можеше да тргне по тој пат, но избра да тргне по сосема друг пат — пат на соработка, на дијалог, на меѓусебно почитување и меѓусебно разбирање.

    Се избра патот на договорот, патот на компромисот и на политичката зрелост. Тука е несомнена улогата и на меѓународната заедница, нашите партнери од Европската Унија и од НАТО, таму каде што државата природно припаѓа — не само заради својата политичка определба, туку и заради јасната определба на сите кои што живеат во Македонија, која што е јасно прозападна и проатлантска.

    Мораме да бидеме отворени — јас секогаш сакам да бидам отворен и да кажеме дека ако гледаме наназад, децении по потпишувањето на договорот, имаше и поединци и цели политички структури и цели политички партии, кои што за среќа не се дел од оваа Влада, коишто договорот го злоупотребуваа за свои лични интереси. Се обидуваа да прават раздор, да поттикнуваат лажен национализам, етнички тензии и на тој начин да владеат со државата. Може да признаеме дека долго и успеваа да го прават тоа и за за сега, еве да видиме во овие две години, дека во суштина најголемиот дел од работите беа поврзани со личниот и семејниот интерес.” – се обрати заменик претседателот на Владата, Николоски. 

    Денеска државата се гради да биде пропсеритетна преку силни инвестиции во инфраструктура, здравството, во образованието. 

    “Градиме модерна инфраструктура:

    За некој ден ќе почнеме да го градиме автопатот Скопје – Блаце.

    Интензивно се гради Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани.

    Во тек на септември ќе почнеме и Букојчани – Кичево.

    Очекувам во тек на октомври да пуштиме уште една делница од Кичево – Охрид, а веќе во првиот квартал следната година да го завршиме целиот автопат Кичево – Охрид – Струга.

    Се гради Битола – Прилеп.

    Го пуштивме Градско – Дреново – Фариш.

    Го пуштивме Куманово – Крива Паланка.

    Почнуваме е да градиме Кочани – Виница – Делчево, како и Радовиш – Струмица – граница со Бугарија.

    Ова не начинот на кој треба да се развива државата исто како што се развива и железницата.  Веќе интензивно работиме на Коридорот 8 поврзување со Бугарија.  Очекувам во соработка со Европската Унија веќе следната година да почнеме да работиме: прва фаза Скопје – Јегуновце-Тетово– Гостивар, втора фаза Гостивар – Кичево и трета фаза Кичево – Охрид – Струга.

    Се инвестира многу и во образованието, каде што се прават темелни реформи коишто треба да дадат иднина на државата преку образование на нови генерации.

    Има силен инвестициски циклус: се градат основни училишта, средни училишта, универзитети, се помага на истите и се стимулира научната дејност.  Истото се прави и во здравството и во социјалната грижа и така ќе продолжиме да работиме. 

    Рамковниот договор е едно поглавје од нашата историја коешто сведочи дека научивме да живееме заедно, но во исто време е и обврска да им оставиме на идните генерации една поправедна, обединета и просперитетна држава. За да не се сеќаваат, како што јас се сеќавам на таа година кога бев трета година средно, а летото наместо за летен распуст зборувавме за некои други работи

    Мислам дека идните генерации треба да зборуваат за тоа каде ќе се запишат на факултет, кој постигнал подобар успех и на кој концерт ќе одат.

    Обврска на сите нас е да ја сакаме, почитуваме и развиваме заедничката држава” – заклучи заменик претседателот на Владата, Александар Николоски.  

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.