Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Зимата рано се буди: Метеоролозите откриваат кога паѓа првиот снег во Македонија
    • Македонија се создаваше низ лелеци и крици, не низ аплаузи: Премиерот со силни пораки за Денот на Македонската борба
    • Скопјанка оштетена за 2.000 евра: Се претставил како катастарец и ѝ ветил приватизација на државно земјиште
    • Полициска акција ширум Скопје и околината: Приведени повеќе лица поради поседување дрога
    • Доделени државните награди „23 Октомври“: Јолевски, Стојков и Лилчиќ Адамс се годинешните лауреати
    • Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови
    • Мицкоски: Откако сум премиер сите говорат за желбите, а никој за планините што ги носам
    • Франција пред нов бран протести како во короната: Воведени полициски час и забрани за собири, затворен музејот Лувр
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Марков: Покажавме дека здравството се унапредува со конкретни политики, инвестиции и мерки

    Марков: Покажавме дека здравството се унапредува со конкретни политики, инвестиции и мерки

    13.08.2026 во 13:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Годинава за здравствениот сектор се обезбедени рекордни повеќе од една милијарда евра, што претставува најголема финансиска поддршка досега, соопшти денеска на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Марков.

    Тој посочи дека овие средства се насочени кон инвестиции во човечки ресурси, здравствени услуги, инфраструктура и опрема, со посебен фокус на младите лекари.

    Со одлуката за вработување на уште 300 приватни специјализанти до крајот на 2026 година се прави значаен чекор кон решавање на долгогодишниот недостиг од специјалистички кадар во јавните здравствени установи. Ова значи сигурна професионална перспектива за младите лекари, повеќе специјалисти во болниците и клиниките и поквалитетна здравствена заштита за граѓаните низ целата држава, затоа што вложувањето во младите лекари е вложување во иднината на македонското здравство – изјави Марков.

    Во однос на примарната здравствена заштита, тој потсети на зголемувањето на капитацискиот бод за матичните лекари по општа медицина и гинекологија од 75 на 100 денари, како и за матичните стоматолози од 61 на 75 денари.

    Ова претставува директна инвестиција во примарната здравствена заштита и во матичните лекари, кои се првата и најважна алка во здравствениот систем. Со ова се создаваат подобри услови за работа, а воедно се поттикнува отворање и на нови ординации – истакна тој.

    Пратеникот ги истакна и чекорите за проширување на позитивната листа на лекови со нови терапии на товар на ФЗО, меѓу кои девет генерички лекови за кардиоваскуларни заболувања, депресија и деменција, како и антикоагулантните лекови Еноксапарин, Надропарин и Ривароксабан.

    ВМРО-ДПМНЕ покажа дека здравството се унапредува со конкретни политики, инвестиции и мерки. Инвестираме во младите лекари, го јакнеме примарното здравство, обезбедуваме поголема достапност на современи лекови и вложуваме рекордни средства во здравствениот систем – нагласи Марков.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.