Close Menu
Press24
    Најново

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Починал на лице место – Тешка сообраќајна несреќа во Македонија

    24.08.2026 во 10:13

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонија со најевтино гориво – Албанија со најскапо
    • Дата-центри во Македонија: Дигитална шанса или нов товар за струјата и водата?
    • Стигнуваат големи пари и среќа: Овој хороскопски знак до крајот на летото го очекува големо богатство
    • Приборот за на училиште не е многу поскап од лани но со под 50 евра не се трга на 1 септември
    • ДЗС и пожарникарите ги здружија силите: Се затрупува депонијата во Кавадарци за да се сопре чадот
    • Најмногу пари доаѓаат од патарината кај Романовце – за 6 месеци од патарини собрани над 30 милиони евра
    • Украина полека ја губи војната
    • Федоров: Украина полека ја губи војната, има само неколку месеци за пресврт
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Петрушевски: Таман човек ќе помисли дека СДС го допреле дното, тие покажуваат дека се бунар без дно

    Петрушевски: Таман човек ќе помисли дека СДС го допреле дното, тие покажуваат дека се бунар без дно

    13.08.2026 во 12:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Тврдењата на СДСМ дека водата во Скопје е небезбедна за пиење претставуваат опасна дезинформација и ширење паника меѓу граѓаните, обвини денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

    На прес-конференцијата тој истакна дека надлежните институции веднаш реагирале и ги демантирале изнесените информации.

    Таман човек ќе помисли дека СДС го допреле дното, тие повторно покажуваат само едно, дека се бунар без дно. Овој пат отидоа до таму со своите лаги и ширење паника меѓу граѓаните велејќи дека водата во Скопје е небезбедна за пиење – изјави Петрушевски.

    Тој додаде дека ваквите дезинформации се пласираат за евтини политички поени, иако можат директно да влијаат врз здравјето на граѓаните.

    СДС и нивниот моментален претседател Венко Филипче кој со својот ментор и партиски другар Зоран Заев се шета по Егејот треба да се смири и да не се однесува како сонцето да му удрило во глава и да дава вакви насоки за вакво ширење паника – порача пратеникот.

    Според ВМРО-ДПМНЕ, ваквиот обид за дезинформирање покажува дека опозициската партија нема што да им понуди на граѓаните.

    Надлежните државни институции веднаш реагираа демантирајќи ги со факти, а реагираше и обвинителството. Сепак се очекува исход од истрагата бидејќи вакви дезинформации се опасни. Се очекува деновиве добра вест и од Гостивар дека водата е квалитетна за пиење – нагласи тој.

    Петрушевски заклучи дека опозициската СДСМ со своите постапки почнува да дејствува опасно за граѓаните.

    За жал, во оваа држава СДС како опозициска партија почнува да делува и опасно за граѓаните. СДС и актуелното раководство со своите вакви постапки покажува само дека е талогот на Македонија – изјави Петрушевски.

    Прочитај повеќе

    Прва конститутивна седница на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ – нова програма и избор на претседателки на УЖ на Општинските комитети 

    25.08.2026 во 21:30

    Влен: Историски чекор за здравството во Тетово – 145 вработувања во клиничката болница

    25.08.2026 во 20:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.