- Мицкоски: Од утре почнува реконструкцијата на владата
- Бугарија е против некои санкции на ЕУ кон Русија, вели шефицата на бугарската дипломатија
- Мицкоски за спорот со Бугарија: Нема пазарење со нашиот македонски идентитет
- Мицкоски: Почнавме од нула, денес градиме модерна Македонија
- Руте: Се намалува бројот на војници на КФОР
- Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ беше под жесток политички прогон, но денес е посилна од кога било
- Мицкоски: Секогаш кога сакаа да ја уништат, ВМРО се враќаше посилна
- Дански баталјон ќе биде распореден во Летонија за одвраќање на Русија
Author: Author 04
Припадници на српското МВР, по налог на Основното јавно обвинителство во Врање, приведоа 31-годишен македонски државјанин кај кој била пронајдена поголема количина на електронски цигари без соодветна документација. Вредноста на запленетата стока се проценува на околу 1,3 милиони српски динари (над 11.000 евра). Акцијата била спроведена во Прешево, каде полицијата го сопрела возилото со кое управувал осомничениот. „Полициски службеници пронашле вкупно 1.303 парчиња електронски цигари ‘вејп’ од различни марки во багажниот простор на патничкото моторно возило управувано од осомничениот Х.К. (31). Стоката ја превезувал без придружни дозволи и одобренија издадени од надлежните органи на Србија“, соопшти српското МВР. Македонскиот државјанин…
Како одговор на тековната меѓународна ценовна нестабилност, „Окта“ до 30 април 2026 година го продолжува попустот што се нуди при продажба на дизел и на бензини кон големопродажните и малопродажните трговци. Попустот за дизел изнесува 3 денари за литар, а попустот за бензин од 95 и 98 октани останува 2 денари за литар – соопштија од компанијата. Како што нагласуваат, иницијативата е доброволна овозможувајќи им на трговците да ја пренесат придобивката кон крајните потрошувачи. – Сепак, големопродажните и малопродажните трговци остануваат целосно слободни самостојно да ги утврдуваат своите продажни цени – информираат од „Окта“.
Тензиите меѓу Вашингтон и Техеран достигнаа критична точка откако Иран одговори на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп со нови услови за отворање на стратешкиот Ормуски Теснец. Иранските власти порачаа дека преминот, низ кој поминува витален дел од светската нафта, нема да се врати во претходната состојба додека не биде воспоставен нов правен режим. Мехди Табатабаеи, претставник од кабинетот на иранскиот претседател, изјави дека САД и Израел нема да имаат слободен пристап како претходно. „Ормускиот Теснец ќе се отвори повторно само кога штетите од наметнатата војна ќе бидат целосно компензирани од дел од приходите од бродарина за транзит низ преминот“,…
Српската армија денеска спречи обид за саботажа на виталната енергетска инфраструктура во северна Војводина. Претседателот Александар Вучиќ откри дека во реонот на општина Кањижа биле лоцирани два големи пакета со експлозив со голема разорна моќ, чија цел била прекин на снабдувањето со гас за Србија и Унгарија. „Пронајдоа два ранца, два големи пакета со експлозиви со фитили. Имаме и некои други индиции. Разговарав со Виктор Орбан за оваа вест, бидејќи ако имаше прекин, Унгарија и северна Србија немаше да имаат гас“, изјави Вучиќ. Реакција веднаш пристигна од Будимпешта, каде шефот на дипломатијата Петер Сијарто посочи дека нападот е дел од…
Струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов и останатите деветмина обвинети денеска пред судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата кои им се ставаат на товар. Ова следува откако на претходното рочиште обвинителката Верица Бержецка Крстева го образложи обвинението, тврдејќи дека станува збор за испреплетена мрежа од компании кои преку фиктивни фактури го оштетиле државниот буџет. Одбраната, претставена преку адвокатот Ване Андреев, во воведните зборови истакна дека обвинителниот акт е неоснован и контрадикторен во делот на даночната евиденција. „Одбраната ќе докаже дека сите договори за купопродажба на деловните простории за кои правните лица доставуваат фактури се уредно книжени во сметководствената…
Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, упати сериозни обвинувања по седницата на Советот за одбрана, тврдејќи дека Украина стои зад обидот за минирање на гасоводот „Турски тек“ на територијата на Србија. Според него, овој „оневозможен терористички напад“ се вклопува во поширока шема на украински дејствија насочени против енергетската инфраструктура. Сијарто повлече паралели со претходни инциденти, нагласувајќи дека нападите врз енергетските текови стануваат сè почести. „Украинците претходно го дигнале во воздух гасоводот ‘Северен тек’, го блокирале нафтоводот ‘Дружба’, а во последните недели го нападнале гасоводот ‘Турски тек’ на руска територија со десетици дронови. Сакале да го дигнат во воздух ‘Турски…
Македонските православни верници утре го одбележуваат Светото Благовештение, празник кој во народот е познат како Благовец или Блошчојне. Овој голем христијански празник секогаш паѓа на 7 април и се смета за „тежок“ ден во кој традиционално не се работи. Благовец се вбројува во празниците посветени на Пресвета Богородица, но многумина го третираат и како Господов празник. Поради неговото значење, во народната предание често се вели: „Благовец, прв ден Велигден“. Овој ден е именден за сите кои ги носат имињата Благоја, Блаже, Благојка, Благица и слични изведеници. Со празникот се поврзани и повеќе народни верувања кои се пренесуваат со генерации. „Според…
Цените на нафтата на светските берзи забележаа остар пораст на почетокот на неделава, како директна последица на новите закани за воена акција упатени од американскиот претседател Доналд Трамп кон Иран. Стравувањата од сериозно нарушување на глобалното снабдување ја кренаа цената на нафтата „Брент“ за испорака во јуни на над 111 долари за барел, што е за речиси 40 долари повеќе од периодот пред ескалацијата. Трамп му постави ултиматум на Техеран, барајќи исполнување на американските услови најдоцна до вторник во 20:00 часот по американско време (02:00 часот во среда по средноевропско време). „Доколку нема реакција, Иран би можел да се соочи…
Јавната установа Национален парк „Пелистер“-Битола викендов постави 40 камери за мониторинг на повеќе стратешки локации, вклучувајќи ги реоните на Нижо Поле, Цапари, Вртушка и Брајчино. Овие активности се дел од современите методи за заштита, следење на природата и научни истражувања во паркот. Директорот на ЈУНП „Пелистер“, Иванчо Тошевски, појасни дека преку системот на фото-замки ќе се добиваат прецизни информации за движењето и навиките на животните. „Главната цел на овој систем е да обезбеди прецизни информации за состојбата во природата, преку следење на движењето и навиките на дивите животни, проценка на бројноста на популациите, навремено детектирање на потенцијални закани и поддршка…
Како одговор на денешните изјави на Венко Филипче за состојбата во земјоделството, министерот Цветан Трипуновски објави видео од масовниот протест на земјоделците од октомври 2019 година, кога СДСМ беше на власт. Венко Филипче денес зборува дека земјоделието е во лоша состојба, но токму во периодот кога тој беше дел од владата на СДС земјоделците излегуваа на протести поради катастрофалните политики на власта, рече Трипуновски. „Каква забеганост. Човекот тоне во сопствената немоќ, партијата му се распаѓа, рејтингот му е еднаков на статистичка грешка, а тој упорно зборува за тема за која повеќе од очигледно не ја разбира. На толку криминални тендери,…
