Вчера полициски службеници од ПС Гостивар го лишиле од слобода И.Т.(45) од Гостивар. По претходна пријава за физички напад врз неговата 35-годишна сопруга, кај него се измерени 1,01 промил алкохол во крвта.
Во текот на вечерта, сопругата дополнително пријавила дека истиот подолг период под дејство на алкохол ја принудувал на сексуални односи, вршел психичко и физичко малтретирање врз неа и децата.
Врз основа на тоа, во 23:55 часот бил извршен претрес во домот на И.Т., при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривично дело.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
- Овие намирници не треба да ги чувате во вратата од фрижидерот, грешка што многу луѓе ја прават
- Кои 10 градови се прогласени за најубави летни дестинации во светот
- Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
- Канада воведува нови царини за американските производи
- Не е само наталитетот: илјадници деца родени во Македонија не стигнуваат до македонските училишта
- Италијанец ќе оди во затвор: изградил антички театар од стиропор и ги лажел туристите дека е 2000 години стар
- Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
- Македонија со најевтино гориво – Албанија со најскапо

