Close Menu
Press24
    Најново

    Јакимовски со спакуван куфер чека бирократија во Шутка

    11.09.2026 во 10:19

    (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари

    11.09.2026 во 15:17

    Помина тешка недела за возачите – понеделник ќе ни донесе значително поскапо гориво

    11.09.2026 во 09:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Есента им носи вртоглав подем: Овие хороскопски знаци ќе доживеат голем професионален успех, конечно ќе почнат сериозно да печалат
    • Објавена првата постхумна песна на Доли Партон две недели по нејзината смрт
    • Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно партнерство
    • Хегсет: 11 септември е еден од најмрачните денови во американската историја
    • Спиењето на стомак влијае лошо на човековото здравје
    • Стејт департментот нуди награди за информации за лидерите на Ал Каеда
    • Исчезната 84-годишна жена во скопски Илинден
    • Британските пратеници го одбија предлогот за легализација на евтаназијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Велјановски ги најави новите странски инвестиции во ТИРЗ зоните низ Македонија

    Велјановски ги најави новите странски инвестиции во ТИРЗ зоните низ Македонија

    17.08.2026 во 11:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Инвестициониот циклус во земјава продолжува со реализација на нови странски инвестиции во Тетово, Скопје и Кичево, кои треба да донесат ново производство и нови работни места, изјави на денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски.

    Како што посочи Велјановски, во ТИРЗ Тетово започнува инвестицијата на мултинационалната компанија „Џаво Отомотив“, која во периодот од 2026 до 2030 година планира да вложи меѓу 20 и 21 милион евра, со план за отворање од 400 до 500 нови работни места и годишен извоз од околу 45 милиони евра.

    Во ТИРЗ Скопје 1 веќе започна изградбата на фабриката на „Чагатај Кабло“, инвестиција вредна околу 6 милиони евра која ќе опфати објект од 10.000 квадратни метри и до 200 работни места, додека во ТИРЗ Кичево белгиската „Avesta Battery and Energy Engineering“ гради фабрика за електронски батерии.

    „Целта е да привлечеме инвестиции кои носат ново производство, современи технологии, добро платени работни места и поголем извоз, а истовремено да ја диверзифицираме економијата и да не зависиме само од една индустрија“, истакна Велјановски.

    Тој додаде дека германската „BMZ Group“ реализира инвестиција од 65 милиони евра за литиум-јонски батерии со 700 планирани вработувања, а во овој бран се и инвестициите на „Епсотех“ и американскиот „Вебтек“.

    Според пратеникот, интерес за вложување покажале и турска и германска компанија од областа на високите технологии со вкупни инвестиции од околу 80 милиони евра и 1.000 нови работни места, а завршени се преговорите со уште три странски компании од автомобилската, фармацевтската и високотехнолошката индустрија.

    Во однос на телекомуникацискиот сектор, Велјановски информираше дека компанијата „4iG“, која ја доби дозволата за трет мобилен оператор, планира да инвестира повеќе од 100 милиони евра.

    „Овие инвестиции се потврда дека Македонија станува поатрактивна дестинација за долгорочни, стратешки и технолошки напредни инвестиции. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги поддржува домашните компании, но и да ги отвораме вратите за странските инвеститори кои сакаат да произведуваат и да создаваат во Македонија“, порача тој.

    Прочитај повеќе

    Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница

    11.09.2026 во 20:34

    ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

    11.09.2026 во 19:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.