- Две години ја следел и вознемирувал: Кривична пријава за 40-годишен маж
- Повреден е режисерот Мајкл Ман, случајно си пукал во нога
- Туск го обвини Навроцки за блокирање на Уставниот суд
- Митева до Каранфилова Пановска: Ширите лажни вести и хистерија во врска со Алта Банка за ова треба да одговарате
- Спасени десет лица во поплавите на грчките острови Самос и Родос
- Забрана за телефони во училиштата во Мексико: Родителите стравуваат за безбедноста на децата поради криминалните банди
- Тројца битолчани пријавени за насилство врз дете – нападнале татко и неговите три малолетни деца
- Европска комисија: Сајбернападите врз фрижидерите во супермаркетите ја нагласуваат растечката закана
Author: Author 04
Поставувањето на новиот АТМ систем во М-НАВ е од исклучително значење за повисоко ниво на безбедност, сигурност и ефикасност во управувањето со воздушниот сообраќај, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски при посетата на М-НАВ и контролната кула Скопје. Значењето е уште поголемо ако се земат бројките дека има преку 12 % зголемување во првите шест месеци од 2026 година во однос на 2025 година на бројот на прелети над македонското небо. ” АTM системот е технолошко решение кое што директно ќе придонесе за повисоко ниво на безбедност, сигурност и ефикасност во управувањето со воздушниот сообраќај…
Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Светите седум маченици Макавеи, со кој официјално започнуваат Богородичните пости. Според црковното предание, празникот е посветен на браќата Авим, Антонин, Гуриј, Елеазар, Евсевон, Алим и Маркел, нивната мајка Соломонија и свештеникот Елеазар, кои пострадале со маченичка смрт околу 180 години пред Христа за зачувување на верата под притисок на сирискиот цар Антиох. Во македонската народна традиција овој ден се смета за голем и тежок празник во кој не се работи и за кој се врзани низа верувања и обичаи. Според народните верувања, во овие денови се предвидува какво ќе биде времето во текот на…
Унгарија започна со изградба на брана на реката Дунав, чиј водостој драстично се намали поради сушата, со цел да се обезбеди непречено ладење на нуклеарната централа Пакш. Информацијата ја потврди унгарскиот премиер Петер Маѓар за време на посетата на Пакш, лоциран на 100 километри јужно од Будимпешта. „Започнавме со изградба на ниска брана што трајно ќе придонесе за зголемување на нивото на водата на Дунав“, изјави Маѓар за новинарите во Пакш, 100 километри јужно од главниот град Будимпешта. Поради екстремните жештини и сушата, во моментот работат само две од осумте турбини во единствената нуклеарна централа во земјата, која вообичаено покрива…
Силна експлозија ја потресе фабриката за муниција во близина на градот Колеферо, југоисточно од Рим, а детонацијата се слушнала на голема оддалеченост. Инцидентот се случил додека пожарникарите и полицијата веќе биле на терен и се бореле со претходно избувнат пожар во индустриската зона. „Ситуацијата е под контрола“, изјави градоначалникот на Колеферо, Џулио Каламита, пред новинарите, додавајќи дека чека потврда дека нема смртни случаи или повредени. Експлозијата се случила во објект со кој управува „KNDS Ammo Italy“, дел од француско-германската одбранбена група „KNDS“. Компанијата произведува муниција од среден и голем калибар за копнени и поморски системи, како и горива за авиони…
Цените на нафтата забележаа нов раст во петокот по предупредувањата од САД дека поморската блокада поврзана со Иран би можела да продолжи без дефиниран рок. Новите тензии веднаш ги засилија стравувањата на глобалните пазари од можни прекини во снабдувањето преку клучните морски рути. Фјучерсите на северноморската нафта „Брент“ се зголемија за 0,1 отсто и достигнаа 87,08 долари за барел, додека американската „WTI“ нафта забележа идентичен раст од 0,1 отсто, искачувајќи се на 81,31 долар. И покрај претходниот пад, двата референтни типа на нафта се движат кон неделен пораст од околу 4 отсто, што потврдува дека геополитиката повторно ги диктира трендовите…
Австриските безбедносни служби го уапсија 28-годишниот македонски државјанин кој се бараше под сомнение за напад со нож за време на нарко-зделка во градот Велс. Полицијата во Горна Австрија соопшти дека осомничениот бил лоциран и лишен од слобода во средата претпладне на железничката станица „Вестбахнхоф“ во Виена. Веднаш по апсењето, тој бил спроведен во затворот во Велс. Инцидентот за кој се товари се случил на 29 април годинава во еден пансион, кога по вербална расправија при купопродажба на дрога, тој со нож му нанел тешки повреди на купувачот. Според полициските информации, осомничениот веднаш по нападот побегнал од Австрија и се засолнил…
Состојбата со пожарот на Халкидики синоќа беше делумно подобрена, а 481 лице беа евакуирани по морски пат, информираше директорот за стратешко планирање и комуникации во Противпожарната служба на Грција, Василис Ватракојанис. Огнената стихија зад себе остави изгорена шумска површина, а зафати домови и возила, при што полесно беа повредени двајца пожарникари. На терен интервенираа 227 пожарникари со 13 пешадиски тима и 57 возила, вклучувајќи и екипи од Молдавија преку Европскиот механизам за цивилна заштита, додека до заоѓањето на сонцето од воздух дејствуваа девет авиони и седум хеликоптери. Преку организирана акција со патролни бродови, рибарски чамци и траект, од плажата во…
Делови од авионски мотор, кои најверојатно се одвоиле по удар во птици, го скршиле прозорецот на авионот на „Рајанер“ за време на минатомесечниот инцидент во кој беше повреден српски државјанин. Ова се наведува во извештајот на Националниот одбор на САД за безбедност во сообраќајот (NTSB), кој заедно со грчките власти го истражува случајот. Според истрагата, лопатка од турбината на моторот се распаднала, го скршила прозорецот и го оштетила трупот на авионот на неколку места. Во моторот биле пронајдени остатоци од птици, што укажува дека до оштетувањето дошло при полетувањето. Во инцидентот, 61-годишниот Љубиша Каровиќ од Врњачка Бања при кршењето на…
Борбени авиони на НАТО утрово соборија беспилотно летало кое влезе во воздушниот простор на Латвија, во источниот регион Балви. Информацијата ја потврдија Латвиските национални вооружени сили (НБС). Според првичните сознанија од НБС, кои ги пренесе порталот Делфи, дронот влегол во летонска територија како последица на руско електронско војување. По детекцијата, веднаш беа активирани борбени авиони од мисијата на НАТО за патролирање на воздушниот простор на Балтикот, кои го соборија леталото. Поради потенцијална опасност, летонските власти утринава издадоа предупредувања за регионите Балви, Резекне, Преиљи, Аугшдаугава и Алуксне, кои беа укинати околу 4:50 часот. Воените власти информираат дека истрагата за инцидентот е…
Грчките власти воведуваат привремена забрана за движење на пешаци и возила во одредени шумски подрачја на Халкидики поради зголемениот ризик од пожари. Оваа одлука следува по големиот пожар што избувна во Сивири, а мерките стапуваат на сила од петок, 14 август. Ограничувањата ќе важат во делови од Касандра и Ситонија секојдневно во периодот од 8:00 до 20:00 часот. Во општината Аристотелис, каде што ризикот е оценет како многу висок, мерката ќе биде во сила непрекинато до сабота до 8:00 часот. Забраната ги опфаќа шумските зони на Касандра и Ситонија, како и подрачјата меѓу Комица и Уранополис и во близина на…
