Author: Author 04

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ експресно одговори на обвинувањата од СДСМ, нарекувајќи ги нивните соопштенија „безобразен обид за профитирање од сопствениот пустош“. Од партијата нагласуваат дека системското уништување на енергетиката има име и презиме, а тоа е токму СДС. Според ВМРО-ДПМНЕ, загубите во АД ЕСМ се директен резултат на „мрачното владеење“ во периодот од 2017 до 2024 година, кое не може да се санира преку ноќ. „Не постои магично стапче за санирање на девастацијата во РЕК Битола за само година и половина. СДС свесно ги урниса РЕК Битола и РЕК Осломеј преку сомнителни тендери за ископ на јаглен и ангажирање приватни фирми за…

Повеќе

На Меѓународен Аеродром Скопје минатата недела е откриен и обид за криумчарење на 1.463 парчиња пирсинг од титаниум и опрема за тетовирање – 32 парчиња ножици и 70 парчиња игли за тетовирање, кои подлежат на посебни дозволи за увоз од надлежна институција, извести Царинската управа. Сторителот на прекршокот е државјанин на Шпанија, кој патувал со лет Стокхолм – Скопје, со крајна дестинација Кипар. Непријавената стока е запленета, а против сторителот е поведена прекршочна постапка, соопшти Царинската управа.

Повеќе

Најмалку три лица загинаа, а 12 се тешко повредени во утринскиот напад со руски дрон врз автобус во центарот на украинскиот град Никопол. Трагедијата се случила во моментите кога граѓаните оделе на работа, пренесуваат украинските власти. Украинскиот министер за внатрешни работи, Игор Клименко, потврди дека цел на нападот бил цивилен јавен превоз. „Ова е директен удар врз цивили. Никопол, кој се наоѓа на самата линија на фронтот крај реката Дњепар, со денови е под жесток оган“, соопштија локалните власти. Ова е втор масовен напад врз овој град во само неколку дена, откако неодамна при гранатирање на пазар загинаа пет лица,…

Повеќе

Општина Центар започна со реконструкција на вториот дел од улицата „Ленинова“ во должина од над 600 метри, на потегот од бул. „Партизански одреди“ до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во моментов се реализираат првата и втората фаза од реконструкцијата, на делот од бул. „Партизански одреди“ до ул. „Наум Наумовски Борче“. На овој потег воведен е привремен режим на сообраќај во период од 30 дена, при што едната половина од коловозот е затворена, додека сообраќајот се одвива по другата половина од улицата. Реконструкцијата на улица „Ленинова“ ќе се одвива во повеќе фази. За време на асфалтирањето, одредени делови од улицата…

Повеќе

Техеран достави до меѓународната јавност предлог од 10 точки за ставање крај на крвавиот конфликт со САД и Израел. Клучниот дел од планот предвидува Иран да ја прекине де факто блокадата на стратешката Ормуска Теснина, но за возврат бара воведување на солена такса од околу два милиони долари по брод. Како што пренесува „Њујорк тајмс“, овие средства би се користеле исклучиво за обнова на иранската инфраструктура уништена во нападите. Што содржи иранскиот ултиматум за мир? За возврат, Иран нуди протокол за безбедно преминување на танкерите и прекин на сите регионални непријателства. Досега нема официјален одговор од Вашингтон на оваа понуда.

Повеќе

Цените на нафтата утрово забележаа нов остар скок додека светот со страв го очекува истекувањето на ултиматумот што американскиот претседател Доналд Трамп му го постави на Иран. Тензиите во Ормуската Теснина, која е практично непроодна, предизвикаа паника на берзите и сериозна загриженост за глобалната економија. Суровата нафта „Брент“ утрово се тргуваше за 111,11 долари за барел, додека американската нафта (WTI) за испорака во мај достигна неверојатни 115 долари, што е за 70 отсто повеќе од почетокот на конфликтот пред пет недели. „Трамп го постави повторното отворање на стратешкиот воден пат како централно барање, поставувајќи му на Техеран рок што истекува…

Повеќе

Денешниот 7 април носи силна енергија на самодоверба и јасност. Додека Сонцето доминира, Месечината помага плановите конечно да почнат да се реализираат. Прочитајте што велат ѕвездите за вашиот знак: Овен Сонцето е во вашиот знак и ви дава неверојатна моќ. Денеска зрачите со самодоверба и луѓето едноставно не можат да ве игнорираат. Идеален ден е за носење клучни одлуки – верувајте му на вашиот инстинкт, во право сте. Бик Не брзајте, работите сами си доаѓаат на свое место. Иако можеби нема спектакуларни пресврти, чувствувате внатрешен мир бидејќи знаете дека сте на вистинскиот пат. Малите чекори денеска ќе значат голема стабилност…

Повеќе

Ноќеска околу 01:10 часот на ул. „Јадранска Магистрала“ во Скопје, полициски службеници од ПО Мирковци го лишија од слобода А.И.(22) од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“ по чл.278 од КЗ. При преглед на товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, пронајдени се голема количина производи без документација. По документирање на случајот, против А.И. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Повеќе

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во дебатната емисија „Топ тема“ предупреди на сериозниот ценовен шок и растот на трошоците за живот, обвинувајќи ја Владата дека доцни со навремени и ефикасни мерки за справување со економската криза. „Пет земји членки на Европската Унија сакаат да предложат данок на екстрадобивка за енергетските компании. А кај нас, кога зборуваме за основните прехранбени производи, сме шампиони, бидејќи имаме енормно покачување на цените. Имаме зголемување на лебот од 34 на 47,5 денари, зејтинот од 77,5 на 110 денари, јајцата од 220 на 290 денари, лимонот од 99 на 155 денари, а зелката од 19 на…

Повеќе

Дали Зоран Заев земал мито од 4 милиони евра од Дака за промена на ДУП-от во Тетово?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Во аудио снимката во која прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака разговара со посредникот на Заев, Зоран Милески Кичеец, Дака му вели на Кичеец дека ако се спроведе работата, тој ќе им даде 2 милиони, а друг ќе им даде уште 2 милиони евра. Во снимката која е достапна на социјалните мрежи се слуша дека Заев ќе заработи 4 милиони евра доколку се изгради бетонската џунгла во Тетово, која требала да биде со околу 2.000 станбени единици со проценета вредност од…

Повеќе