Author: Author 04

Инфлацијата во Македонија не стивнува, а најновите податоци на Државниот завод за статистика за март 2026 година покажуваат нов пораст на трошоците на животот. Во споредба со истиот месец минатата година, трошоците се зголемени за високи 4.9 %, додека цените на мало бележат скок од 3.4 %. Само во текот на изминатиот месец, инфлацијата пораснала за дополнителни 0.7 %, што потврдува дека бранот поскапувања продолжува да го јаде стандардот на граѓаните. „Најголем удар во март е забележан кај Транспортот, каде трошоците пораснале за дури 3.4 %, како и кај групата Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици со пораст од 3.2 %.…

Повеќе

Македонското образование се соочува со сериозни промени во бројноста на учениците. Најновите податоци за почетокот на учебната 2025/2026 година откриваат загрижувачки тренд во основните училишта, каде бројот на ученици се намалил за дури 3,6 % во споредба со минатата година. Во моментов, во 927-те основни училишта ширум државата учат вкупно 174.040 ученици, од кои само 17.921 се првачиња. За разлика од основното, во средното образование е забележан мал „плус“. Бројот на средношколци изнесува 67.540, што е зголемување за 0,6 %. Во прва година средно се запишале 18.554 ученици, што е за нијанса повеќе од вкупниот број на годинашните првачиња.

Повеќе

Излегувањето во кафеана и користењето на угостителските услуги станува сè поскапо за македонските граѓани. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, во првите три месеци од 2026 година цените во овој сектор бележат пораст од 3.0 % во споредба со истиот период минатата година. Само во март годинава, ценовникот во угостителството е повисок за 2.4 % во однос на март 2025-та, што потврдува дека трендот на поскапување продолжува и во оваа деловна година. „Анализата по групи покажува дека најголем притисок врз паричниците има кај храната, каде само за еден месец е забележан раст од 0.2 %, додека кај пијалаците…

Повеќе

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска на седница на Советот одговарајќи на советничко прашање посочи дека во изминатите неколку години наплатата на даноците била на многу ниско ниво, што довело до сериозни финансиски предизвици и последици. Тој информираше дека во текот на минатата година биле наплатени околу една милијарда денари по основ на даноци, при што дури 70 проценти од средствата се собрани во месеците по преземањето на новата градска администрација. Според него, тоа е показател дека фискалната дисциплина е значително подобрена. Градоначалникот нагласи дека за постигнување на овие резултати биле преземени мерки согласно законот, вклучително и блокади на…

Повеќе

Вчера во 13:00 часот во СВР Скопје 42-годишен маж пријави дека околу 08:20 часот на своето работно место како контролор на ЈСП за наплати и билети, во два наврати бил физички нападнат од О.А.(61) и од две други лица. Според пријавеното, тој го затекнал О.А. без билет, кој веднаш почнал да му се заканува, го извлекол од автобусот и физички го нападнал. Како што е пријавено, тој успеал да влезе во друг автобус, но на друга постојка повторно бил нападнат од О.А., кој овојпат бил со уште две лица. Се работи на расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 15:25 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Куманово, товарно возило „фолксваген транспортер“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ.Д.(34) од Куманово, удрило во 14-годишно девојче од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општа болница Куманово. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.

Повеќе

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, денеска упати остри критики до колешките од опозицијата за нивното однесување на седницата на Комисијата за еднакви можности. Според неа, наместо суштинска дебата за заштита на жените од насилство, јавноста видела обид за евтин политички перформанс. Пешевска обвини дека опозициските пратенички се појавуваат само кога има камери, а често отсуствуваат кога се носат клучни одлуки. „Наместо придонес, добивме блокада. Наместо решенија, добивме театар. Барањата што се пласираа на седницата не беа во функција на подобрување на стратегијата, туку во функција на личен ПР“, изјави Пешевска на прес-конференција во Собранието. Таа потенцираше дека темата за заштита…

Повеќе

Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, денеска упати остри критики до Владата на Христијан Мицкоски, обвинувајќи ја за неспособност и доцнење со мерките против поскапувањата. Според Тренчевска, додека цените на лебот, месото и млечните производи растат пред празниците, Владата нуди само апсурдни изговори. Тренчевска посочи на контрадикторност во изјавите на власта – од една страна се тврди дека сме „трета економија во Европа“, а од друга се вели дека буџетот губи по еден милион евра дневно. „Ако губиме милион дневно, зошто Мицкоски ги повикува граѓаните од соседните земји да точат гориво кај нас? Граѓани на Македонија, вие го спонзорирате точењето гориво…

Повеќе

На 06.04.2026 во 16:30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.А.(53) од Скопје, затоа што околу 14:30 часот со секира ги кршел прозорците од домот, а потоа со нож му се заканувал на неговиот 21-годишен син. Откако пристигнале полициските службеници, тој со нож замавнувал кон нив и им упатувал закани. На 07.04.2026 околу 00:30 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена пријави дека во домот во скопско била физички нападната од нејзиниот сопруг А.С.(35). На 06.04.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје, 23-годишна жена пријави дека на 05.04.2026 во домот…

Повеќе

По топлиот бран, Македонија се подготвува за период на променливо и значително посвежо време. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде предупредување за силен северен ветер кој ќе го зафати регионот веќе од утре. Особено критично ќе биде долж Повардарието и во источните делови на земјата, каде брзината на ветерот ќе надминува 60 km/h. „Од четврток утринските температури наместа ќе се спуштаат под нула степени“, соопштуваат од УХМР. Промената ќе биде најизразена во четврток наутро, кога граѓаните треба да очекуваат први мразеви по подолг период.

Повеќе