- Американците излегоа на гласачките места: Над 250 милиони граѓани со право на глас на меѓуизборите
- Утре без вода и без струја ќе бидат следниве корисници
- Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, најавени и три нови производни капацитети
- „Црвен вторник“ во Париз: Студентите најавија масовни протести и блокади
- Рама за протестите во Тирана: „Не сакаат разговор, бараат само да си заминам“
- Фон дер Лајен: Затворањето на Ормускиот Теснец ја чинеше Европа 127 милијарди евра
- Украина: Руски ракетен удар погоди училиште, најмалку 31 загинати и десетици исчезнати
- Алармантно во соседна Бугарија: Лажни закани за бомби насочени кон авиони и институции
Author: Author 04
Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст, по долго и сериозно боледување. Веста за нејзината смрт претходно се појави на нејзиниот Фејсбук профил, со опис: „Ведрана отиде во област без сигнал“. По што на Dnevnik.hr му беше потврдено дека починала. Ведрана се бореше со холангиокарцином, а често пишуваше за својата болест на својот блог. Зборовите ѝ се замрзнаа во вените. Откако ја дозна дијагнозата, Ведрана Рудан донесе тешка одлука бидејќи, како што рече, не сакаше да има тешка смрт или „да умре на рати“. Таа и нејзиниот сопруг акумулирале заштеди во текот на годините, бидејќи постапката за еутаназија чини 17.000 евра.…
За човек да ја види политичката матрица на талогот на СДС, не е потребно многу време, толку се површни, што потребни се неколку дена. Начинот им е следен. Прво создаваат сомнеж, потоа шират паника и дезинформации, и кога на крај со факти ќе стигнат демантите од надлежните институции, од талогот на СДС кој со умисла го прават тоа, нема ниту извинување, ниту одговорност, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Таквото однесување на талогот на СДС, не е однесување на одговорна опозиција, туку обид со умисла, преку создавање недоверба на граѓаните во институциите, да се добиваат евтини политички поени. Во изминатиот…
Повторно се изведуваат градежни работи на објектот на улицата „Ќемал Сејфула“, кој минатата година беше јавно пријавен како дивоградба на државно земјиште, се наведуваа во соопштението на ДУИ. „Во мај 2025 година, поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, излезе на терен и јавно објави дека објектот се гради без проект и без одобрение за градба, на само еден метар од постојната станбена зграда, непосредно пред прозорците и балконите на станарите. По јавната пријава, Обвинителството отвори истражна постапка против инвеститорот. Според тогашното соопштение на Обвинителството, станува збор за шесткатен станбено-деловен објект, започнат без одобрение за градба и на државно земјиште.…
Викендот на романскиот брег беше обележан со трагедии и драматични интервенции на спасувачите. Двајца браќа, на возраст од 17 и 19 години, се удавија на плажата во одморалиштето Олимпија откако влегоа во разбрането море и покрај истикнатото црвено знаме. Влад (17) и Јонук (19), потекнуваат од Васлуј и престојувале на крајбрежјето каде што работеле за да му помогнат на своето семејство, кое се наоѓало во тешка финансиска состојба. На нивниот слободен ден, заедно со нивната постара сестра, отишле на плажа. И покрај црвеното знаме и предупредувањата, браќата влегоа во водата, а сестрата од брегот била сведок на трагедијата. Нивната мајка…
Заканата што ја претставуваат зголемените температури поради климатските промени за здравјето на постарите лица е значително потценета, според резултатите од американска студија објавена денес. Истражувањето е објавено во списанието „The Lancet Planetary Health“ за време на исклучително жешко лето и рекордно екстремни температури. Американскиот тим, предводен од истражувачи од Универзитетот Стенфорд, се обиде да процени колку често глобалното затоплување предизвикано од човекот ќе ги покачи температурите до нивоа што постарите лица повеќе не можат да ги толерираат. Претходните студии користиле индикатор познат како температура на влажна сијалица на млади и здрави возрасни лица, без да го земат предвид поголемиот ризик…
Цените на нафтата пораснаа во вторник, откако изгледите за постигнување договор за прекин на војната на Блискиот Исток се намалија по објавата на Иран дека ќе усвои поофанзивен став и одлуката на САД да ја отфрлат можноста за продолжување на договорот за прекин на огнот, што ги зголеми загриженостите околу снабдувањето со енергија. Висок ирански функционер изјави за Ројтерс во понеделник дека Техеран одлучил да ја префрли својата политика од одбранбена во „целосна офанзива“ поради застојот во напорите за постигнување траен договор за прекин на војната со САД. Во меѓувреме, Вашингтон ја отфрли можноста за продолжување на привремениот договор за…
Поголемиот дел од српскиот град Нови Пазар остана без водоснабдување поради настанат голем дефект на главниот водовод во близина на филтер-централата. Екипите на ЈКП „Водовод и канализација“ се излезени на терен и работат на отстранување на дефектот, соопштија од компанијата. Според нивните првични проценки, се очекува дефектот да биде саниран до пладне, по што водоснабдувањето постепено ќе се нормализира.
Украина преку ноќта изврши масовен напад со беспилотни летала врз Москва и нејзината околина, при што според извештаите од руските канали на Телеграм и изјавите на жителите, оштетен е магацинот на најголемата онлајн продавница во Русија „Вајлдберис“. Ова претставува продолжување на украинските напади врз оваа компанија, пишува „Киев Индепендент“. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави дека воздушната одбрана соборила најмалку 197 украински беспилотни летала над поширокиот московски регион, додека според неофицијални информации во областа биле лансирани вкупно повеќе од 600 дронови. Регионалниот гувернер Андреј Воробјов изјави дека беспилотни летала погодиле магацин на компанијата „Вајлдберис“ и други објекти во близина на…
Денешниот ден носи различна динамика за секој хороскопски знак, со фокус на деловните приоритети, организацијата и личните односи. Астролошките предвидувања укажуваат на важни моменти во комуникацијата, финансиското планирање и одржувањето на балансот меѓу обврските и одморот:
Македонија и официјално го потврди своето враќање на Изборот за песна на Евровизија 2027, кој ќе се одржи во бугарскиот крајбрежен град Бургас. Според најавите на градоначалникот на Бургас, Димитар Николов, на претстојниот евровизиски натпревар се очекува рекордна конкуренција со претставници од повеќе од 40 држави. „Повеќе од 40 држави, рекорден број земји, ќе учествуваат следната година“, истакна градоначалникот Николов. Заклучно со 16 август 2026 година, според официјалните податоци на организаторите, своето учество на сцената во Бургас веќе го потврдија првите 20 земји. Меѓу нив се Австрија, Албанија, Бугарија како домаќин, Велика Британија, Германија, Грција, Данска, Израел, Италија, Канада, Латвија,…
