Author: Author 04

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Д.С.(27) од село Владевци, општина Василево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.04.2026 во село Владевци, при преземање на службени дејствија, полициски службеници од СВР Струмица забележале патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал Д.С., а со оглед на тоа што претходно била издадена судска наредба за претрес на неговиот дом, полициските службеници му пристапиле и во моментот на лишување од слобода тој фрлил три пакувања со марихуана, кои…

Повеќе

ОВЕН: Време е за конечна промена Денешниот ден ви нуди идеална шанса конечно да ја пресечете работата што долго време ја одложувате. Ѕвездите ви носат свежи идеи и нов агол за решавање на старите главоболки. Со Месечината во Јарец, подгответе се за сериозни работни задачи – фокусот денеска е исклучиво на вашите кариерни цели. БИК: Доаѓа посакуваната слобода Уран во вашиот знак е во одличен сојуз со Марс, што значи дека е време за голема одлука. Овој чекор не само што ќе ви донесе стабилност, туку и долгоочекувано чувство на слобода. Во наредните денови, заборавете на минатото и фокусирајте се…

Повеќе

Во рамки на официјалната посета на висока владина делегација на Соединетите Американски Држави, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска потпиша Меморандум за разбирање со САД за унапредување на безбедноста на снабдувањето со природен гас.Потпишувањето се реализира во Вашингтон, како дел од стратешкиот дијалог со САД,клучна платформа за продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји. Дијалогот ги опфаќа најважните области за развој – енергетика, економија, безбедност и технологија.Божиновска меморандумот го потпиша со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау. Заеднички став е дека постои јасен потенцијал за интензивирање на соработката, со фокус на проекти кои ќе донесат конкретни резултати…

Повеќе

Љубителите на природата кои планираа денешниот ден да го поминат на Водно, ќе мора да ги променат плановите. Од ЈСП Скопје известуваат дека Жичницата денеска (08.04.2026) е надвор од функција поради засилениот северен ветер кој дува во скопската котлина. Од претпријатието појаснуваат дека јачината на ветерот во моментов ги надминува сите дозволени безбедносни граници за непречено функционирање на објектот. „Безбедноста на патниците е на прво место. Жичницата нема да работи сè додека временските услови не се стабилизираат“, соопштуваат од ЈСП. Службите се на терен и ја следат состојбата, а штом ветерот стивне, превозот на патници кон Милениумскиот крст ќе продолжи.

Повеќе

Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), беше на спортскиот аеродром кај Штип, каде што се сретна со Раде Ивановски, сопственик на компанијата „Римин Еар“, пензиониран пилот на комерцијални летови и инструктор, при што разговараше за можности за основна обука на „ер трактори“. Ангелов истовремено се сретна со тројца можни кандидати за пилоти на „ер трактори“, коишто имаат над 300 авио-часови во спортско летање. Притоа, тој имаше извидувачки лет со еден од кандидатите за пилот на „ер трактор“, над штипскиот регион. Во овој моментов ДЗС има пет пилоти на „ер трактор“, еден авион е сервисиран и е…

Повеќе

СДС, Венко Филипче и Заев молчат и избегнуваат да одговорат за промената на ДУП во Тетово, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Земал ли Заев 4 милиони евра од Дака за промена на ДУП во Тетово за изградба на станбени единици во вредност од 200 милиони евра? Заев менувал детални урбанистички планови само за да удоволат на проруски бизнисмени како Дака. Дака бил спремен да му даде на Заев 4 милиони евра за парцелата во ШИК Јелак кој тој ја купува по багателна цена, да прерасне во бетонска џунгла од 2 илјади станбени единици. Овие 2 илјади станбени единици на Дака ќе му…

Повеќе

Царински службеници на граничен премин Богородица спречија обид за шверц на 12,5 тони овошје и зелечнук во вкупна вредност од 1,4 милиони денари, соопшти Царинската Управа.Имено при контрола на стока во транзитна постапка, пронајдени се 750 кг, над три тони авокадо, 2,5 тони лута пиперка, 600 кг брокула, 2,3 тони јагоди, 3,3 тони киви и 40 кг печурки кои не биле пријавени со царинската декларација. Непријавената стока која осомничениот се обидел да ја криумчари е запленета, а против него од страна на Одделението за истраги е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“.

Повеќе

Вчера во 13:40 и во 19.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.М.(48) и неговите синови Ј.М.(26) и Б.М.(27), сите од Скопје. Тие се сомничат дека околу 12:40 часот во близина на гробиштата Бутел ги нападнале Е.Д.(51) и М.Д.(54), вработени во АД „Бутел“, при што употребиле оружје – гасен пиштол и ладно оружје (боксирач и нож). Притоа, Е.Д. и М.Д. се здобиле со телесни повреди, констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“. Имено, според пријавеното, вработените ги забележале лицата во близина на едно гробно место и бидејќи од претходно им биле познати како извршители на кривични дела „тешки…

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до припадниците на ромската заедница по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април.„Нека ви е и нека ни е честит 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите. Искрено посакувам да го одбележите овој ден во добро здравје, радост и среќа. Вие, Ромите, историски и културно сте неразделен дел од македонската држава и општество. Слободата, гордоста и заедништвото се особени вредности на ромскиот идентитет и заслужуваат должна почит. Нашата заедничка македонска држава, формално-правно е лидер во гарантирањето на малцинските права, во регионални и европски рамки. Но, реалниот ромски живот е далеку од правните гаранции. Осми април…

Повеќе

Драматичната најава на американскиот претседател Доналд Трамп за двонеделен прекин на огнот со Иран веднаш ги „собори“ цените на суровата нафта на светските берзи. По неколкунеделна неизвесност и страв од глобален колапс, пазарите конечно здивнаа. Цената на нафтата од типот Брент забележа пад од 16 проценти и сега се тргува за околу 92 долари за барел. Уште подрастичен е падот кај американската лесна нафта (WTI), која поевтини за дури 19 проценти, спуштајќи се исто така на нивото од 92 долари. Сепак, експертите предупредуваат дека иако ова е позитивен сигнал, цените се сè уште значително повисоки од оние во февруари, кога…

Повеќе